Не верувам дека и двете страни сакаат војнава да продолжи до летото,
Посакувам да си во право. Но, според информации кои ниту можам да ги потврдам или отфрлам (од руски лични извори), Русија при подготовката за операцијата створила резерви на основни прехранбени продукти, медицински препарати, нафта, јаглен, гас, злато, производни сировини, муниција, оружје итн за 5 години. Според нивните проценки, големите светски војни во просек траеле толку време. Нивните проценки биле најверојатен директен судир со нато во некоја фаза и период од операцијата, поради што во првичнава фаза во Украина се употребени многу мали ресурси, застарени оружја и техника, мал број војска итн.
Од друга страна, она што го гледаме од западот е токму тоа, нивно оружје, разузнавање од секој тип (ГЕОИНТ, ОСИНТ, ХУМИНТ итн), инструктори, команданти, стратези, пропаганда, финансии, платеници, мештаљки итн. Практично и украинската војска е 8 години обучувана и прилагодувана по нато стандарди, така да, конфликтот е апсолутно и на терен нато вс Русија, да немаме дилеми.
Очигледно е дека западот има намера само да долева бензин на огнот. Стратегијата е што повеќе може украинците со помош на нато да нанесат загуби на Русија, кои доколку се случат во поголем обем, нато би влегол и "официјално".
Мој заклучок е дека додека има украинци спремни да гинат за западот, а ги има потро милиони сосе територијална одбрана или дур русија не оствари колосални загуби па нато да им тргне у контра, постојат здрави основи да трае годинИ.
Отворени се сите опции, па дури и утре да се договорат, но како што стојат работите барем во блиска иднина сите ќе чекаат исходот од битката за Донбас.