Каде да купам Јуани во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мацото
  • Време на започнување Време на започнување

Мацото

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
383
Поени од реакции
165
Веб-сајт
maco.sitey.me
Сакам да се заштитам од инфлацијава барем делумно и мислам дека сум задоцнил малку. Златото и среброто не ми се опција поради големите спредови кај нас. Размислувам на среден рок и мислам дека конвертирање Денари во Јуани е добар хеџ против инфлацијава, но Јуаните ги нема никаде.

Барам одговор, а може и совет.;)
 
Јас имам јуани ако сака некој ама ми се електронски пари немам хартија. Ти пишав ПП.
 
Швајцарија е многу задолжена земја, а Биткоинот има премногу конкуренција. Не сакам да ризикувам.

Швајцарскиот франк е најстабилната валута, а биткоинот нема никаква конкуренција. Купи си едно и друго и свиркај си. Јас се што имам вишок чувам во франци и биткоин.
 
Швајцарија е многу задолжена земја, а Биткоинот има премногу конкуренција. Не сакам да ризикувам.
Кина ич не е задолжена :D
Ако имаш повеќе требало да ги пикнеш во недвижности, тие ти се добар хеџ против инфлацијата. Евентуално деновиве кога имаше турбуленциина берзата можеше да удриш еден пазар :)
 
Ja sive moi denari a i evra šo gi ijam a gi ijam uhuhu kataljon kataljarda će gi smenam proletva u ruski rublji ... :ROFLMAO: :icon_mrgr: :ROFLMAO:
Автоматски споено мислење:

Имаш ли подобар предлог?
Emi z'š baš kineski juani ?! Z'š pa da ne ruski rublji ?! ... :cool:
 
Јас би ти препорачал франци, затоа што е најстабилна валута. Не се ориентирај по тоа дали се многу задолжени или малку.
Иако мислам дека и рубљата е добра опција за инвестирање, но не знам каде би нашол рубљи.
 
Швајцарија е многу задолжена земја, а Биткоинот има премногу конкуренција. Не сакам да ризикувам.
40% е многу задолжена? Земја со најстабилна валута, владеење на правото и меѓу првите земји по економски индекс ти е ризична наспроти шитхол како Кина?

П.С Нема реално заштита од инфлација. Франаците се повеќе за чување на пари, доколку имаш вишок пари, недвижнини, злато или акции како инвестиција за на долг рок.
 
Од кај купувате франци? Немам сретнато до сега..
 
Швајцарија со откажување од правото на тајност на имателите на банкарските сметки, ја изгуби предноста пред другите држави, па во иднина не би имало причина за побарувачка на франци, а големите пари ќе немаат причина таму да се паркираат.

Швајцарскиот франк е најстабилната валута

Македонија има политика на фиксен курс со еврото, кај нас еврото би било најстабилно. Евра кога менуваш добиваш скоро ист износ како пред 2 години, но во период на инфлација, кога ќе смениш 1000 евра во денари, нема да купиш иста количина на производи како пред 2 години.

Сакам да се заштитам од инфлацијава барем делумно
Очекуваш дека ќе има поголема инфлација, тоа значи цените ќе растат. Злато ако сега купиш, бидејќи очекуваш инфлација, колкава ќе е цената на златото во 2025 кога ќе ти притреба да го продадеш...

Денари во Јуани е добар хеџ против инфлацијава, но Јуаните ги нема никаде.
Како заклучи дека е добра заштита, кога немаш од каде да купиш. Ако најдеш да купиш, во 2025 на кого ќе му ги продадеш и по кој курс очекуваш да биде?
Кој ти гарантира дека Кина намерно нема да ја намали вредноста на својата валута, како што претходно го направи...
Околу Битпазар - Мавровка, кажуваа имало менувачница која работела и со јуани, ама не знам дали е вистина и колкава количина би можел да купиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom