Глеј ме како сакаш, златен. Јас тебе те гледам ко северномакедонски бугарофил, што ти менува тоа?
Да, да, народот кој што 5 века под турско бил, со црешово топче самостојно се ослободил од бугарско-германскиот фашистички окупатор. Истиот народ на кој што денес му менуваат име, го прават малцинство у сопствена држава и од Бугарија му ги пишуваат книгите по историја бил големиот побуненик и иницијаторот на партизанските акции. Малку да погледнеше околу себе и да сфатеше дека попасивен народ од Македонците нема никаде во светов ниту пак ќе има, не постои друг народ што мирно седи дур му ја цепкаат државата дел по дел, немаше да пишуваш вакви глупости.
У врска со касарните, штекерите, итн, седни ги твоите постари машки роднини кои биле воени лица, поготово тие кои што биле офицери и повисоки чинови, колку од тие фасонки, прекидачи, штекери и чешми завршиле во подрумите на цивилите кои што работеле во касарните, а биле од македонска и албанска националност. Добар дел од тие фасонки, штекери и чешми им ги имаат најдено.
Пази, ЈНА го има оставено оружјето според договорот у македонските касарни, муниција, артилерија, се до број, работи кои што коштале милионски суми у тогашни марки, за да им ги крадат штекерите, фасонките и жиците.
Не е за замерување борбата на нашите македонски револуционери кои што се бореле заедно со партизаните, но факт е дека најголем придонес за ослободување на Македонија имале српските, хрватските и босанските партизани. Во 1945, при крајот на војната, кога патем имало најголем број на македонски борци, од 800.000 партизани и партизанки, 4 армии и 52 дивизии, македонците учествувале со 65.000 борци (7% комплетниот број на борци) и 7 дивизии во 3 корпуси. Хрватите и босанците дури имале сопствени СС дивизии и квази-независни државички у тој период, сега размисли колку од тие преостанатите 735.000 партизани биле срби. Дури и одредени македонски дивизии биле со двоцифрен број на борци на почетокот на народноослободителната војна, за на крај при завршувањето на војната сите магично да станат борци и комунисти. Тоа е историски факт. Слава им на сите партизани кои што се бореле против бугарскиот и германскиот фашистички окупатор уште од почетоците, како и на секој кој го жртвувал сопствениот живот за Македонија.
Збориш турлитава моабети, прво, македонците учествувале и од српска страна во балканските војни поради тиранијата и обидите за асимилација од страна на Бугарија. Имаш купишта македонци кои војувале заедно со четниците против бугарофилите од ВМРО и бугарите, со обид да се спречи бугарското влијание во Македонија. Колку само македонско-српски друштва во тој период постоеле во Србија, колку само македонци имаат учено во Белград, колку само про-македонски весници имало во Србија.
Дали ти си свесен дека во Македонија преовладувало бугарското влијание? Дали си ти свесен дека единствен избор на македонците кои што не сакале да бидат асимилирани од страна на бугарите како и тоа да има бугарско влијание во Македонија било да се борат заедно со четниците?
Дали си свесен дека најголемите геноциди врз македонското население се сторени од страна на бугарофилите и од страна на бугарите? Дека секој обид за востание во време на турското ропство било угушено или однапред осудено на пропаст поради учество на бугарофилите, дури и Крсте Петков Мисирков има пишувано за ова, дека целта на одредени востанија за кои што вистинските македонците сметале дека биле прерани, недоволно организирани и слично, а биле предводени од луѓе кои што себеси се сметале за македонски бугари, била тоа да се затвори македонското прашање и македонскиот народ комплетно да се асимилира и пасивизира.
Истите тие бугарофили од ВМРО, за било каква анти-бугарска пропаганда на овие простори, дали во вид на српски школи (пошто бугарските очигледно не им сметале) или пак делење анти-бугарски пропаганден материјал на македонското население, убивале цели македонски фамилии и учители.
Дечко, зборуваш за екстремни типови на луѓе. Имаш и бугари и срби кои што ќе речат дека македонците се отуѓени бугари и срби, но и нормални луѓе од двата народи кои што сфаќаат и знаат дека македонците се посебен народ.
Бугарите далеку повеќе биле покрвожедни со поголема експанзионистичка политика спрема Македонија во историјата у споредба со Србија.
Прочитај го првиот пост каде што те цитирав, убаво реков дека прво треба самите себеси да се средиме, да видиме кои се интересите на нашата држава, дури и те подржувам за тоа дека Македонија во историјата немала никогаш вистински пријател (секогаш во прв план биле интересите на нивните држави) во државите комшии, но слободно ќе кажам, ако денес постои држава која што е пријателско настроена и е пријател на Македонија, тоа е Србија, а не Бугарија, ЕУ, НАТО, САД или некоја друга.