Вистината никогаш не е црно-бела (цел текст тука)
Хипокризија и хистерија. Пропаганда и сталинистички и нацистоидни методи на цензура од страна на Западот. Имаме зголемена тенденција ситуацијата да ја гледаме еднострано и еднодимензионално. Дали поддршката за една страна значи инстантно оттргнување и омаловажување на аргументите на другата страна? Дали навистина ситуацијата е црно-бела, доброто против злото? Никогаш не е
Не смееме со таква леснотија да осудуваме без претходно да земеме предвид огромен број околности: култура, религија, историја, геополитика... Методите на западната цензура личат на морбидните репресивни мерки што ги воспоставувале тоталитарните режими
Токму вакви методи Западот применува денес, насочени кон сѐ што е руско, со што поттикнува и ширење сериозна омраза спрема руската музика, литература, традиции, историја, па хистеријата резултираше со
бришење на Чајковски од балетските репертоари и на првиот човек во вселената од вселенските конференции (најсмешно е тоа што
Јуриј Гагарин всушност е прилично популарен во Украина).
На рускиот
продиџи на пијано,
Александар Малофеев, не му помогна дури ни тоа што јавно ја осуди руската политика, агресија и инвазијата на Украина. Неговите концерти со Симфонискиот оркестар oд Монтреал беа откажани ....
Руската оперска дива Ана Нетребко, и покрај тоа што јавно ја осуди Путиновата војна во Украина, беше принудена да откаже серија настапи низ Европа. ....Фејсбук и Инстаграм првпат во своето постоење дозволија говор на омраза и смртни закани кон Русија и Путин ако тоа е во контекст на инвазијата на Украина. Од црната листа беа тргнати профилите на фашистичкиот баталјон Азов, кој продолжи со ширење на фашистичките вредности и идеали......
Европската комисија ги забрани државните медиуми на Русија, РТ и Спутник. .....Русија е дополнително
исфрлена и од Евровизија. ....Русија е исфрлена од Светското првенство во фудбал и сите руски клубови се
исфрлени од европските купови. ...Русија е исфрлена и од Зимските параолимписки игри....Интернационалната федерација за
мачки Feline забрани мачките чии легла се во Русија да се појавуваат на меѓународните натпревари организирани од нив, како и увоз на мачки од Русија.
....Decanter Wine World Awards, еден од најголемите организатори за натпревари на светски вина, забрани влез на сите винарници и вина што се од Русија.
Цивилното општество и граѓаните на земјите од Западот не смеат да се навикнат на оваа груба и неоправдана цензура, која сѐ повеќе и повеќе наликува на дистопијата опишана од Орвел.
Ова не значи заземање на една страна, ..... не смееме да заборавиме дека слепата осуда без претходно проучување и разгледување на сите аспекти во една ваква сериозно комплицирана ситуација може да нѐ доведе само до слепа омраза, осуда и демонизирање исклучиво на едната страна. А токму тоа и се случува