Рамна Земја?

Член од
4 август 2018
Мислења
1.549
Поени од реакции
3.332
Зурла пред малку му го гледав интервјуто на пландемиолог и се однесува на овој факт-Ако земјата е округла тогаш Русија и Америка ги делат по негово кажување само 4 километри и не им требаат никакви нуклеарки и балистистички проектили,може да се пошибаат и со обични минофрлачи и останата артиљерија доколку навистина сакаат да си ги пробаат силите...Што мислиш ти,на мене ми држи вода и има логика?
 

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.156
Поени од реакции
9.843
Ако земјата е округла
Тогаш да, така прикажуваат и на карта демек толку се блиску па дури и на некои карти имаш две Америки и две Русии. Нема никаква смисла дури и кога земјата би била водена топка поготово за авионски рути. Имав едно видео од Bitchute за тоа дека картите т.е мапите на светот немаат никаква смисла освен на Меркатор а јас мислев дека попрво на Гал Питерс е по точна но сега не сум сигурен. Да го најдам видеото ќе ти го постирам.
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

И ова
Автоматски споено мислење:

Русија и Америка ги делат по негово кажување само 4 километри
Реално Русија и Америка ги делат илјадници наутички милји. Картите не се реални и се крие многу земја.
Автоматски споено мислење:

и не им требаат никакви нуклеарки и балистистички проектили,може да се пошибаат и со обични минофрлачи и останата артиљерија доколку навистина сакаат да си ги пробаат силите...Што мислиш ти,на мене ми држи вода и има логика?
Никогаш нема да се случи директно да си ги пробаат силите Русите и Америте. Тоа е една измислена ладна војна меѓу нив само заради контрола на народите. Мене повеќе ме интересира како сите земји членки на договорот за заштита на Антарктикот меѓу себе се сложиле? Што е тоа што се крие? Што толку строго се чува? Е тоа највеќе ги врзува Америте и Русите.
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
ги пуштам видеава од индискиве автори преку кои се едуцираш и информираш.
најбоље е твоето излагање дека се информираш од јутјуб и од сопствено искуство :)))))

индиецов на видеово со 41 лајк на јутјуб знае, астрофизичарите појма немаат.
како знаеш дека имаш мозок кога никогаш не си си го видел?
 

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.156
Поени од реакции
9.843
како знаеш дека имаш мозок кога никогаш не си си го видел?
Како знаеш дека "земјата ти се врти" кога ниту си видел ниту си осетил? Разликата од твоето прашање и од моето е тоа дека за твоето прашање има одговор а за моето немаш :pos:

П.С

Одговор:

Твоето прашање е ДОКАЖАНО за разлика од моето прашање кое никогаш не е практично докажано.
 
Последно уредено:

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.156
Поени од реакции
9.843
И во автомобил да седнеш и да лета со 150км/h без да менува брзина (да намалува или зголемува, да има забрзување) детето нема, ниту ти ниту јас да почувствуваме движење.
А ако е автомобилот исклучен и во место? Дали тогаш ќе почувствуваме "движење на земјата"? И зошто не?
 

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.156
Поени од реакции
9.843
Таквите како Alex Del Piero одат кај мене на игнор.
 

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.156
Поени од реакции
9.843
Како со помош на физика и геометрија да се измери "закривување на земјата" кое во реалноста го нема...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.251
А ако е автомобилот исклучен и во место? Дали тогаш ќе почувствуваме "движење на земјата"? И зошто не?
Не знам зошто не разбираш или ти е тешко да разбереш зошто кога си во систем што се движи со постојана брзина и НЕМА забрзување не може да почувствуваш дека се движиш.
Автомобилот е само пример за да полесно разбереш зошто не чувствуваш движење кога Земјата се движи низ вселената.
Со примерот само сакав да ти укажам зошто не се забележува движење ако си дел од систем кој што се движи а ти мируваш, а тој систем нема забрзување, нема сила која му дава забрзување.
Ова е механика од физиката, оние проклетите Њутнови закони кои не важат бидејќи нели, НАСА и останати се против Исус Христос и боговите кои ја создале Земјата како центар на универзумот. И не смееме да правиме слика ниту да истражуваме за тоа што е надвор - Or else ... :)

Шала настрана, види на нет за ова што ти зборувам за забрзувањето и движењето... не знам како подобро да ти кажам... се бркаме во круг и ништо со тоа.

P.S. Ако за тебе чувството, видот и допирот се врвот на разбирањето на светот - нека ти биде. Ако сметаш дека Земјата е плоча, даска, сонцето и се останато заради Земјата се тука - пак нека биде како што разбираш и мислиш дека стојат работите.
Ништо страшно.
 

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.156
Поени од реакции
9.843
Не знам зошто не разбираш или ти е тешко да разбереш зошто кога си во систем што се движи со постојана брзина и НЕМА забрзување не може да почувствуваш дека се движиш.
Затоа што се движи само во учебниците во реалноста практично никогаш се движи. Јас пак се чудам како ти тоа не го разбираш или можеби не сакаш да разбереш?
Автомобилот е само пример за да полесно разбереш зошто не чувствуваш движење кога Земјата се движи низ вселената.
Каде тоа освен во учебник негде во природата виде или почувствува движење на земјата? Дали и автомобилот што го зема како пример исто така се врти сосе атмосферата и целиот референтен систем додека се возиш во него?
Шала настрана, види на нет за ова што ти зборувам за забрзувањето и движењето... не знам како подобро да ти кажам... се бркаме во круг и ништо со тоа.
А ти види зошто кога си исправен и мируваш во место не чувствуваш никакво движење на земјата. Што значи да си дел од системот? Да се преправаш дека земјата се врти иако не го чувствуваш тоа?
Ако за тебе чувството, видот и допирот се врвот на разбирањето на светот - нека ти биде.
Ако за тебе вербата и убедувањето без физички доказ ти се врвот на разбирањето на светот...
Не мораш да ми реплицираш јасно ми е... Само размисли.
 
Член од
16 октомври 2021
Мислења
686
Поени од реакции
1.543
@Lester Freamon
Ме интересира чисто твоето мислење околу темава, како личност што е по науката. Нели мислиш дека е малку "серење на целиот тој труд и придонес“ на сите тие астрономи, астрофизичари и астронаути кои вложувале во триста математики, физики, курсеви, обуки, едуцирања и експерименти за одеднаш да се појави ваква тема која им покажува среден прст на целиот тој нивен труд? :D
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Која е логиката додека се смрзнуваш во зима сонцето да биде најблиску до земјата а кога е лето да биде нај оддалечено?
Шо правиме со Австралија, ЈАР, Чиле, Аргентина? Кога е сонцето најблиску до земјата, кај нив е лето. Кај нас е зима. Оти?
 

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.156
Поени од реакции
9.843
Шо правиме со Австралија, ЈАР, Чиле, Аргентина? Кога е сонцето најблиску до земјата, кај нив е лето. Кај нас е зима. Оти?
Затоа што сонцето се наоѓа на таа страна. Која е логиката сонцето да е најблиску до земјата во зима а најдалеку во лето? Сакаш да кажеш дека сонцето понекогаш е оддалечено 150 МИЛИОНИ КИЛОМЕТРИ а понекогаш е помалку? Нели зраците на сонцето според Хелиоцентризмот паѓаат паралелно на земјата. Но кога ќе излезеш надвор можеш да видиш дека сонцето е локално и дека зраците не паѓаат паралелно на земјата. Ако ги следиш зраците на сонцето до изворот ќе заклучиш дека сонцето не е оддалечено 150 МИЛИОНИ КИЛОМЕТРИ и дека е многу помало со локално зрачење. Која е логиката да има годишни времиња ако сонцето е оддалечено 150 милиони км а со голо око го гледаш изворот на зраците и дека под агол паѓаат сончевите зраци на земјата? Како е можно да има годишни времиња ако е сонцето оддалечено 150 МИЛИОНИ КИЛОМЕТРИ? ДАЛИ МОЖЕШ ДА ЈА ЗАМИСЛИШ ТАА ОДДАЛЕЧЕНОСТ? Screenshot_2022-04-05-21-17-16-51_cbf47468f7ecfbd8ebcc46bf9cc626da.jpg Screenshot_2022-04-05-21-27-56-57_cbf47468f7ecfbd8ebcc46bf9cc626da.jpg
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.251
Јас не ти реплицирам тебе, ти ме тагнуваш постојано иако јас веќе зборував за ова што ти го зборуваш и постојано некои глупости од видеа споделуваш... не си запознаен со основите на физиката и се ти е заговор. Мразиш наука и тоа е тоа, нема да се убедуваме околу тоа, глупо е. Нека ти биде како што чувствуваш или како се молиш светот да биде за тебе. Мир со тебе :)

И вака што пишувам пишувам заради другите, ако некогаш ја читаат темава...
Кога ќе научиш математика ќе знаеш како е да си надвор од кожата, месото, коските и умот што те држат заглавен во прангите на „чувствувањето и петте сетила“ :)
Две ракии и сетилата заминале во неповрат - не се толку потпирај на тоа што чувствуваш, умот е tricky thing :)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
@Lester Freamon
Ме интересира чисто твоето мислење околу темава, како личност што е по науката. Нели мислиш дека е малку "серење на целиот тој труд и придонес“ на сите тие астрономи, астрофизичари и астронаути кои вложувале во триста математики, физики, курсеви, обуки, едуцирања и експерименти за одеднаш да се појави ваква тема која им покажува среден прст на целиот тој нивен труд? :D
Имав објаснувано поодамна на Зотета, немам ни време, а ни желба да пишувам повторно тука :D

@ZOTE и останатите стручњаци

Сум наслушнал дека госпо ти ја создаде земјата во 7 дена, ама ете не знаев дека ја направил плоча за полесно да лета.

Прво, гледам дека сте запнале за логото на Обединетите нации, за истата имав пишувано и предходно, али еве ќе изгубам неколку минути па да ви објаснам некои работи:

Логото на Обединетите нации ги претставува Азимуталните проекции. Азимуталните проекции ти се модели за пресликување на Земјиниот елипсоид врз рамнина. Во зависност од условите може рамнината да го сече или тангира елипсоидот, а според нормалата на проекциската рамнина се делат на прави, коси и попречни.
Линеарните размери во правец на меридијаните и паралелите ти се во функција само од географската ширина (истото важи и за размерите на површините и аглите), а тоа е она што тебе те буни зошто е Австралија толку голема. Изоколите ти се совпаѓаат со паралелата на ротацискиот елипсоид (или сфера зависи што се користи при проектирањето и пресметките). Единствено стандардната паралела ти има размер n=1, а се што е на север и југ од таа паралела добива деформации чија динамика зависи од други услови (проектирање врз тангентна, секантна рамнина), ова ти важи за нормалните азимутални проекции, кај косите и попречните имаш мала разлика со тоа што улогата на стандардната паралела ти ја има соодветниот алмукантарат.

За Македонија државната картографска проекција е одбрана во 1924 година во тогашна Југославија (Гаус Кригерова проекција), со апроксимација на земјата со Беселов елипсоид, дефинирање на географските должини во однос на Гринички меридијан, 3 степенски зони на пресликување со централен меридијан λ = 21 и примена на Баумгартеновиот начин за изразување на правоаголните координати во рамнина.
Деформациите се зголемуваат како се движиме кон источниот дел, а тоа произлегува поради што централниот меридијан (λ = 21) поминува низ западниот дел од Македонија, па деформациите на должините во најисточната точка се најголеми и изнесуваат 35.4цм/км, а просечно имаме по 8цм/км.

Да не те замарам со наука, бидејќи не верувам дека ќе ме разбереш, најпросто сакам да ти кажам дека која проекција и да ја погледнеш од твоја гледна точка, ќе гледаш „нелогичности“ во поглед на површини, агли, должини, а тоа се должи на типот на проекцијата, рамнината на пресликување и тн, односно за да пресликаш 3д тело во рамнина (во овие случаи елипсоид или сфера) мораш да имаш деформации, а тие деформации може да се одразат на должини, површина, агли и најчесто за нивно претставување ти се користи елипса на деформации (Тисоова индикатриса), затоа се прават големи анализи и за секоја држава се одбира посебна проекција и соодветен референтен елипсоид се со цел да имаме најмали можни деформации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom