Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Старите градби се далеку подобри од тоа што денес се гради. Во новите згради, да не можеш на раат да направиш муабет. Комшиите мислиш дека во соба ти седат. Ѕидовите од хартија.
Не реков дека старите станови се неквалитетни, туку дека тие што се продаваат се или северни, или се на 4ти 5ти спрат во згради без лифт, или се за комплетно реновирање а се продаваат по цена како за нови (пренапумпани). Работам со градежништво , јасен ми е квалитетот на градењево и инвесториве што сакаат, туку нема никаква комисија што ќе подпиши некое одобрение дека е дозволено да се продава зградата по станови, дека е во ред изолацијата , е затоа е тоа така.
Да речиме во Германија мерат коефициенти на звучна и топлотна изолација, сето тоа е заради заштеда на електрична енергија.
Мерат цврстина на бетонот статичари , но на самиот објект не како овде на хартија , сето тоа ради безбедност на луѓето од земјотрес или од силен ветар.
Е бидејќи такви комисии кај нас не постојат, е затоа и се такви градбите.
 
многу е тешко сега за станови, тие што се продаваат воопшто не чинат, или се во стари градби и се на 4ти без лифт, или во нови градби изгреадени со кнауф и лим , 0 изолација и никакви распореди а вооедно и прескапи
За жал во право си, цените се многу скокнати а изборот е тесен. Голем дел од становите се продадени и пред да се фрлат темели. Изгледа во Охрид се купува на големо се и сешто.

Зградите од Трим кај Билјанини се со слаб квалитет, но барем ги даваа ефтино. Сега бараат 1250 еу во градба што мислам дека е сулудо...

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
Што се дешава со оној Гоце што беше кандидат за градоначалник?
Му изгорела куќата, искажува голема благодарност на пожарникарите и става линк во кој пишува дека пожарникарите биле попречени од сопственикот да го гаснат пожарот, втф?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
За жал во право си, цените се многу скокнати а изборот е тесен. Голем дел од становите се продадени и пред да се фрлат темели. Изгледа во Охрид се купува на големо се и сешто.

Зградите од Трим кај Билјанини се со слаб квалитет, но барем ги даваа ефтино. Сега бараат 1250 еу во градба што мислам дека е сулудо...

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
1250 e во градба?
Луд требит да си за да купиш во блатоно по 1250, па уште и од тримљум.
На таа локација пред 5-6 години се продаваа по 650 евра квадрат изградени.
Не знам шо да ти кажам за Охрид и за Скопје, во центар до 2000 евра квадрат продаваат. Абе будали се луѓево, јас за 2000 евра квадрат во Виена ќе си купам, толку е таму, абе куќи со дворни земјишта по 500 м2 во околината на Франкфурт има за по 200 000 е, каде ќе ја изнајмуваш и по 1500 евра месечно ќе ти идат, а не овде за 75 квадрати станче , без паркинг , без гаража, неквалитетно над 100 000 стигнаа цениве, не е нормално.
 
Колку шо јас сум запознаен за тој Гоце Вегета тој татко му е,чичко ли му е во та куќата имало муниција и оружје поприлично.

Се слуша на видеото како куршуми пукаат

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
1250 e во градба?
Луд требит да си за да купиш во блатоно по 1250, па уште и од тримљум.
На таа локација пред 5-6 години се продаваа по 650 евра квадрат изградени.
Не знам шо да ти кажам за Охрид и за Скопје, во центар до 2000 евра квадрат продаваат. Абе будали се луѓево, јас за 2000 евра квадрат во Виена ќе си купам, толку е таму, абе куќи со дворни земјишта по 500 м2 во околината на Франкфурт има за по 200 000 е, каде ќе ја изнајмуваш и по 1500 евра месечно ќе ти идат, а не овде за 75 квадрати станче , без паркинг , без гаража, неквалитетно над 100 000 стигнаа цениве, не е нормално.
Да. За зградата до Тамаро АСНОМ каде веќе има темели бараат 1250 а за зградата што не е уште почната да се гради позади комуналец бараат 1000, но брзо ќе скокне и таа цена чим започне да се гради.

Иначе да, кај тамаро зградата ко се градеше ги продаваа за 600-650. Сега очекував околу 850 да ги продаваат но кога ми ја кажаа цената се шокнав.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
Се слуша на видеото како куршуми пукаат

Sent from my iPhone using Tapatalk
Нем сум видел видео сум научил исто не од сопственикот туку од полицијата била спречена зш пожарникарите можеле да настрадаат. Иначе татко му мислам доста близок човек на времето до ВМРО и Борис и Љубчо т.е. Ако не сум грешка нивно обезбедување.
 
кај пишува за Вегета ,видео клип?
 
За добитничката Л.Н. од Охрид на џек пот од 11 000 000 денари не се пофаливте?
Само нешто лошо ако има кажувате! :D
 
Дека била со сопругот, затоа охриѓани не знаат :icon_mrgr:
Ако беше со швалерот цел град ќе зборуваше дури и како биле облечени, што и рекле на вработената и сл. :pos:

Локалната фризерка, продавачка и цел пазар ќе и го знаеја цело семејно стебло до 3 колено, двете тројки по математика во петто одделение и во која соба лежела на хируршкото одделение после операцијата на крајници во 1997.
 
Тотално неповрзнано со муабетите на темава едно прашање до охриѓани шо ушче живет охрид. Ко бевме деца ги користевме зборојте текус и тепило? Останати ми се во сеќавање и ми текна ноќва....
Се користет ушче тие зборој?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom