Мировната мисија полека влегува во втора фаза. На фронтот прегрупирање кон Донбас од двете страни. На веќе 8 години силно утврдување на тие 75к украински сили, се додаваат 15к од киевскиот регион од каде русите како и што најавија се повлекуваат. Дополнително пратени се и специјалните единици на армијата и службата за внатрешна безбедност. Се претпоставува дека преживеаните украински сили разбиени и потиснати од руската офанзива од север исток и југ околу нив се дојдени тука. Според украински извори, голема количина артилерија префрлале од западна Украина према Донбас во целиот овој период како дополнително засилување. Доколку е ова точно, голем успех за украинската одбрана и значаен пропуст на русите, не од аспект на исход туку повеќе жртви, време, пари, загуби итн. Вреди да се спомне и изјавата на британскиот министер Бен Волас кој најави нови пратки на воена помош за Украина, но овој пат во сериозно најтешко вооружување.
Советничката на Зеленски изјави дека Русија практично комплетно и целосно ја уништила украинската воена инфраструктура и индустрија, што всушност теоретски е точно, во пракса не. Сеуште имаат авиони, хеликоптери, дронови, некој тенк и артилерија, но најважно од се имаат голем број на стоечки воен персонал (и тоа без тер. одбрана цивили итн.). Сепак тие се развлечени на голем фронт и делуваат повеќе герилски и терористички отколку воено армиски. Затоа се чини дека овој збир од околу 100к+, кои во голем број 8 год се утврдуваат и спремаат за оваа битка, се најсериозниот, можеби последниот бедем на украинска одбрана.
Јасно е дека тука ќе се бие следната и можеби последна битка. Сите го знаат тоа. Сите го знаеја тоа. Иако се очекуваше и наликуваше дека русите ќе ги опколат овие во целосен котел, тоа не се случи (бар до сеа). Која тактика ќе биде применета мислам никој не знае, како што и досега неуспешно се "предвидуваа" руските потези. Ќе биде интересно да се види без ограничување заради цивилни жртви како ќе делува руската армија. Воено логички би било како америте во Ирак, да им удрат тепих бомбардирање и ни трева да не расте наредни 100 години. Или можеби термобарички и/или вакуум бомби. Борба груда у груда со далеку поброен противник 8 години утврдуван и спреман за битка во тоа место е самоубиство за русите. Како и да е, веројатно е дека во однос на тоа што следи на овој фронт, се досега ќе ни се чини како камај-камај да играле.
Мариопољ привршува, се стеснува обрачот околу нацистите, пробаа да спасат некои побитни фаци со хеликоптери, 2 им срушија и тоа со трофејни западни МАНПАДС, 15 мртви (нацисти од Азов а се шпекулира на можни и западни инструктори/агенти) 2 преживеани (1 Азов, 1 од разузнавачките служби). Со другите 3-4 хеликоптери успеале да извлечат 30 ранети.
Останатите фронтови без поместувања, спорадично стандардно "рафално" поздравче едни према други да не заспијат.
Во Франција разрешен некој од главните разузнавачи јер целосно промашиле за руската мировна операција и го пратиле Макрон кај Путин на неколку дена пред операцијата со погрешни анализи и овој испаднал кловн у Кремљ. Но тоа не е трагичното, туку фактот дека западните служби по одредени прашања/закани според нив (Кина, Русија, Иран..) работат унисоно како една служба, а по Брегзит, француските ДГСЕ и ДГСИ се центарот на разузнавачки joint task force на западот према Русија, што значи ако французите промашиле за 100% тогаш буквално и сите останати на запад ја имале истата анализа и заклучок. Сите испаднале кловнови.
А всушност, проблемот не бил во разузнавањето. Нивните анализи биле дека русите планираат мала помош за ДНР и ЛНР да ги потиснат малце и подвратат оние 75к украинска армија што им гранатираат цивили 8 години, што Бајден и јавно го кажа дека се очекува "minor incursion". И според сите досега познати параметри во теоријата и историјата на војување, таа бројка од 130-190к руска војска наменета за мировната мисија е премала за да се тргне во поход на кокошарник, а не па на нешто повеќе како цел Донбас, а па никој не се ни осмелил да помисли на офанзива на Украина од три страни. И со право, никој не е виновен јер ова е преседан, знаејќи дека напад мора оптимално 5:1 или минимално 3:1 да биде во број против одбраната. Русите влагаат во обратнопропорционален сооднос од 3:1 во бројност за Украина.
Некако тивко помина и самитот во Кина, официјално за соседите на Афганистан и воспоставување политички, економски, инвестициски, трговски идр врски, а неофицијално презентрирање на новата "меѓународна заедница" предводена од Кина и Русија. Таму беа министри за надворешни работи на Индија, Индонезија, Кина, Русија, Катар, Иран, Пакистан, Афганистан и сите други на "стан". САД имаа претставник некое службениче на одделна средба во скратен формат.
И секако мора да се спомене рубљата. Од денес стапува на сила указот на Путин за купување гас во рубљи. Беше претставена шема и механизам како би требало да се одвива тоа. За оние кои не сакаат да платат во рубљи, постои алтернатива - да платат во рубљи, т.е. да си отворат сметки во руска банка као Гаспромбанк, да си платат во евра/долари, банката ќе ги конвертира во рубљи по соодветниот курс според ЦБ на Русија и воала гас. Со тоа се одзима можноста на западот да им замрзнува средства под изговор на санкции јер ќе си бидат парите у руска банка примени, а Русија ефективно ги анулира санкциите јер би имале прилив и пристап до девизи кои им се замрзнати и под санкции, а истовремено јакенјќи ја рубљата поради зголемена побарувачка. А за оние кои ни така нејќат, вентилот према лево. Засега неколку земји најавија дека ќе мора да се прилагодат, најзначајна Австрија т.е. компанијата ОМВ.
Рубљата по само еден месец од санкциите ги избриша загубите од почетокот на мировната мисија, а се очекува да зајакнува до рејнџот околу 70-75 према доларот, особено ако се обистинат наводите за врзување на рубљата со златото.
Динамиката на настани и волуменот на епохални промени е огромен и тешко може се да се опфати во еден пост, засега доволно.