На оперативно ниво е тешко да се каже, но тактички изгледа нема некоја разлика помеѓу советската/варшавски пакт тактика на праќање маса тенкови напред, зад нив доаѓаат оклопњаци со укрцана пешадија а зад тоа се тркала логистика, евентуален отпор се дави со ракетна артилерија а над нив пресретачи оневозможуваат западни јуришни авиони да направат нешто.
Каде се тие славни "седум дена до Рајна"?

па како е ова можно?
Ние растевме со митот за советската/руската воена моќ, second only to US, не војници него војничишта кои јадат стакло и алуминиум ако нема дневна порција боршч, кибернетски организми ко Иван Драго и сеа шо е ова бе, Харков на сто метра од граница неможат да го заземат за 40 дена борба.
Па тоа требаше илјадници тенкови да се стоварат низ преминот Фулда во Западна Немачка преку долината на Мајна кон Франкфурт, пошто тоа е рамен терен таму, поддржувани од моторизирана пешадија зад нив, ракетна артилерија и Ми-24, заштитени од авијација, требаше илјадници Т-64, Т-72, Т-80 и БМП/БТР да ги сомелат НАТО силите и за седум дена да стигнат до Рајна, барем дури војната не добие атомски карактер. И сега ова.
Инаку има паралела со WW2 кога многу западни генерали ги советувале пољаците да се повлечат зад Висла и свесно да отстапат дел од територија со цел организирање на одбрана која меѓу друго ќе ги користи и предностите на рељефот и топографијата, али полска армија не се согласувала, нивни генерали изјавувале дека немачка чизма нема да гази по полска земја, а се знае од памтивек дека кој брани све, на крај не брани ништо.
Украјинското водство и тоа како има прифатено советите од запад по се изгледа во овие 8 години пост Крим. Тука е и зимската војна во која финците максимално го користеле рељефот и климата.
Но тоа се тие генијални војсководци кои напаѓаат во зима, максимално потценувајќи го противникот.
Т-80 заедно со М1 Абрамс ако не се лажам се едини MBT кои наместо дизел имаат млазен мотор кој е стравично жеден за керозин, Т-90 е дизелаш и мање више модернизиран Т-72.
Америте имаа страшна логистика за време на втора заливска 1991 кога огромна маса Абрамси се стоварија по тоа рамната пустелија.
Дали времето на тенкот полека но сигурно изминува?