Јас немам време да ја следам тематикава (и темава) на микро план. Макро случувањата ги следам, иако се разбира не во реално време... Една работа што е многу очигледна, а некако ти промакнала, е дека не можеш да веруваш на никакви „анализи“. Никој не е објективен, посебно не западот (всушност западната наратива е покорисна, скоро секогаш реалноста е обратно од тоа што го кажуваат).
Сакам да кажам дека тек за одредено време ќе видиме што реално се случува. Ако се слуша западот, ова е тешка катастрофа за Русија - ама гледано според нивните филмови дека Украина би требало да биде згазена за неколку денови. Застанале кај Харков? Вистинското прашање е дали воопшто се обиделе да го заземат харков... Без артилериско срамнување со земја на упориштата на украинската војска? Не е можно тоа, дури ни со зерг тактика со неколку милиони војници. Не употребуваат артилерија колку што можат, затоа што одбегнуваат цивилни жртви.
Но ти ова секако го знаеш. Како си дошол до заклучокот, тоа не разбирам.
Јас ова го разбирам како:
- блицкриг до првичните цели
- изолација на главнината на украинската војска
- war of attrition, и споро ама релативно безбедно добивање на војната (безбедно од аспект на загуби на војници)
Дали сум во право ќе видиме.
За некој месец веројатно.
Дали си ти во право за потфрлањето... Исто. Ќе видиме за некој месец.
Сега има само пропаганда, многу пропаганда.
Секогаш кога ја читам темава ми изгледа надреално тоа што се пишува во неа, како во различни реалности да живееме. Оставам простор дека сум грешно информиран и за некоја недела ќе искочи друга слика од терен. Меѓутоа, статичноста на фронтот, веќе со недели и информациите што протекуваат, за деталите на преговорите, зборат друго. Ако Украина се обврза на некоја прокламативна воена неутралност, со гаранции за нејзината безбедност од практично секоја држава која значи нешто во светот, нема лимит за украинска милитаризација, интеграција во ЕУ нема да и биде попречуван и сл., Русија долгорочно добива уште една Полска на граница. Прозападна, наоружана држава, со население кое ги мрази. Геостратешки, би биле во полоша позиција од пред да почне војната, зошто тогаш опцијата за да ја вратат Украина во своја зона, беше жива и прилично реална. Со таков исход, нема да има дилема, одлуката за интервенција ќе биде запамтена како историска грешка.
А САД, стратешкиот непријател, би си ги остварил сите цели во Европа, без да мрдне со прст. Ваквиот развој на настаните, веројатно, бил wet dream на ликови ко Блинкен.
Во секој случај, ќе почекаме да го видиме исходот и на терен и на преговарачка маса.
САД добива дури и во ситуацијата кога Русија победува и си ги остварува целите. Тоа го заклучивме уште пред војната, и сеуште е точно. САД не губи ништо, и било кој развој на настаните во Украина завршува во нивна корист (помалку или повеќе)... Но малку (повеќе) се заебаа со одредени економски чекори. Унилатерално замрзнување на државни резерви на суверена држава?? Уфф како се заебаа тука... Им пратија порака на сите држави дека девизните резерви се амерички за зимање ако само посакаат. Е сега тоа води или кон поголема послушност од другите држави, или до... Дедоларизација и со тоа забрзување на крајот на американската петродолар империја.
Многу се заебаа со тој потег. Како што и тек ќе гледаме (сеир) следниве годинии, а ако се развлече и децении.