- Член од
- 8 мај 2013
- Мислења
- 11.911
- Поени од реакции
- 36.989
Мислам дека првиот проблем што го имаме тука е тоа што не ги знаеме целите на Руската воена операција. Може да нагаѓаме само, ќе одат до Лвов, ќе одат до Днипро, сакаат само Донбас, бла бла, ама точно што сакаат да постигнат и како планираат да го постигнат нема како да знаеме. И тука е проблемот да процениме дали операцијата е успешна или не. И исто мислам дека некоја посигурна процена за успешноста на операцијата ќе се види после уште еден или два месеци.Изгледа дека веќе нема сценарио во кое и Русија ја добива војнава. Вистинскиот проблем за Русија, она за што Западот ја спремаше Украина со целата испорака на тони лесно вооружување, требаше да биде справувањето со герилскиот отпор од вооружени Украинци, откако регуларната украинска армија ќе беше разбиена. Никој не претпоставуваше дека Украина после месец дена воени дејствија, ќе ја стопира руската војска кај Харков, Суми и останатите градови во Источна Украина, кои се практично на границата со Русија. Ова е сериозно потфрлање на руската војска, како и да се сврти, каква приказна и да се продава.
Украина е голема територија, со голема армија, што 8 години војува граѓанска војна, ама Украина е и една од најкорумпираните, најсиромашни држави во Европа, со армија опремена со застарено советско вооружување. Да не се лажеме дека имало некаков паритет меѓу способностите на двете армии.
Ова е литмус тестот за модернизацијата на руската армија и за влијанието кое Русија ќе го има врз државите во нејзина близина, со нејзината hard power, зошто никој не очекува дека Русија ќе гради своја зона со економско, или културно влијание. Ако не можат да ја прегазат Украина, соседна држава, со поволна географија за нивната воена доктрина, што останува за конфликт со модерна нато армија, пример Полска. Да потсетам, до пред два месеци цело источно крило на нато беше преплашено дека Русија со нејзините BTG ќе се прошета до Германија, без да осети поголем отпор. Во сите war games кои ги правеа западни тинк-тенкови, Нато убедливо ја губеше војната во Источна Европа.
Ако се извади навивачката капа (не зборам за тебе конкретно), објективно гледано, this doesn't look good за Русија. Логистички проблеми на 150 километри од граница, големи документирани загуби на воена техника. Пак ќе кажам, во соседна земја, не на илјадници километри од нивна територија. Затоа и би ги тргнал од групата на САД. Американците ваква инвазија правеја на 5-6000 км од својата територија и за месец дена веќе ја имаа практично завршено војната. И Ирак тогаш имаше огромна војска, релативно добро опремена за земја од тој регион.
Војната за Русите ќе беше тешка за добивање и комплетно да ја разбиеја украинската војска и да инсталираа нивна власт во Киев во првите две недели. Вака, изгледа како во жива кал да се влезени.
Секогаш кога ја читам темава ми изгледа надреално тоа што се пишува во неа, како во различни реалности да живееме. Оставам простор дека сум грешно информиран и за некоја недела ќе искочи друга слика од терен. Меѓутоа, статичноста на фронтот, веќе со недели и информациите што протекуваат, за деталите на преговорите, зборат друго. Ако Украина се обврза на некоја прокламативна воена неутралност, со гаранции за нејзината безбедност од практично секоја држава која значи нешто во светот, нема лимит за украинска милитаризација, интеграција во ЕУ нема да и биде попречуван и сл., Русија долгорочно добива уште една Полска на граница. Прозападна, наоружана држава, со население кое ги мрази. Геостратешки, би биле во полоша позиција од пред да почне војната, зошто тогаш опцијата за да ја вратат Украина во своја зона, беше жива и прилично реална. Со таков исход, нема да има дилема, одлуката за интервенција ќе биде запамтена како историска грешка.
А САД, стратешкиот непријател, би си ги остварил сите цели во Европа, без да мрдне со прст. Ваквиот развој на настаните, веројатно, бил wet dream на ликови ко Блинкен.
Во секој случај, ќе почекаме да го видиме исходот и на терен и на преговарачка маса.
За економските последици од оваа војна на санкции, се пишуваат страшни небулози. Нема никаква пропорционалност во ефектите. Енергенсите се базичен инпут во прозводен процес, меѓутоа Западот има контрола врз секој bottleneck на висока технологија, меѓународни финансии, проток на капитал и пристап кон глобалниот синџир на набавки. Ако војнава продолжи со месеци, ризикот за некои земји во Европа е стагфлација, ама Русија ќе носи некоја двоцифрена рецесија на врат. Ако добро памтам, Иран имаше пад на гдп од 20% после санкциите од администрацијата на Трамп. Русија е неспоредливо поголема економија, ама и санкциите се уште подрастични, без преседан, до ниво на економска војна.
Ама еве од тоа што до сеа се случуваше да видиме кои се фактите на терен. Прво, за процената на блицкрикот ние ја добивме единствено приказната од американските офицери а тоа беше “ќе го освојат Киев за 72 часа” и слични муабети. Од тоа како се подготвуваа Русите повеќе од јасно е дека се спремаа за подолга војна со жртви. Значи тука зборам видеа од монтажни болници во Гомел, Курск и Белгород, крводарителски акции во армијата, мобилизирање на лекари и слични работи кои укажуваат дека се спремаат за голема војна со жртви и повредени. Им пуштаа и шпекулации дека имале залихи за само две недели, работа која очигледно испадна дека не е точна.
Во однос на тоа што се случуваше на терен, Мајкл Кофман ако го следиш на твитер имаше добар коментар. Вели, тоа како Русија се бори во Украина нема воопшто да биде истиот начин како ќе се бори против НАТО. Руската војска вежба и се прилагодува како да се бори со НАТО а ова во голем дел беше различно. На северот накај Киев, Русите влегоа со лесни оклопни возила и специјални единици а воопшто не со класичниот начин како што вежбаат со BTG па после направија пивот. Во северо-истокот се решија да ги заобиколат градовите и да продолжат накај Киев. Значи кога збориме за Суми, Чернихив, Низин, Лебедин и Харков треба да пазиме на фактот дека не се ни обидоа да ги нападнат и да влезат во нив, со исклучок на една единица од 50 луѓе со Тигр возила во Харков што за мене е енигма зошто тоа го направија. Дали тоа е правилно или не, дали тоа било целта, мене барем ми е уште нејасно. Единствен град кој осети вистинска руска урбана инвазија и обид за освојување е Мариупол.
Е сега, Русија на Југот се бори класично онака како што очекуваат западните аналитичари со BTG единици. И резултатите таму се евидентни, после две недели ја контролираа цела Херсонска област, 80% од Запорожје и Мариупол е целосно опколен. Тука збориме за скоро 60,000 км2, и ништо не оставија на случајноста. Немаше заобиколување на градови туку ги заземаа Бердијанск, Токмак, Мелитопол, Енергодар и Херсон за да ги затворат од западната страна. На тоа кога ќе го додадеш и заземањето на Волноваха, од денешна перспектива изгледа дека го осигураа теренот да може да раат да го работат Мариупол кој најверојатно е најголемиот утврден град во Украина со стационирана најспремна војска. Со паѓањето на Мариупол ќе имаат чист патен коридор од Ростов па се до Херсон а со тоа добра основа за Миколаив и Одеса.
Фактот е дека со 200 илјади војска не може да се очекува прегазување на Украина на секој фронт. Едноставно нема доволно број на војници за да го направат тоа. Посебно не против 400 илјади армија која има воено искуство. Затоа најверојатно приоритизирале. Дали ги имаат остварено целите, мене ми изгледа дека нешто оствариле а нешто не. Дали стратегијата на Северот и Североистокот беше паметна и тоа е дискутабилно. Али според мене, не би се согласил дека Русија крахира во Украина.
За економските санкции главниот удар е на Русија со вакви мерки што никогаш ги немало во историјата. Ама работата е што Русија се спремала за овие работи барем за контрола на хаосот дома. Mir payment system еквивалент на Виза и Мастеркард пуштен во 2017, СПФС еквивалент на SWIFT пуштен во 2014 истите се користат од азиски и швајцарски банки, во 2019 имаа вежба со гасење на Русија од глобалниот интернет. Значи дека дечките се спремале за најлошото сценарио. Ако ги пресекоа на глобалниот пазар, овие креираа механизми да не може да им направат дисрупција дома, и домашниот пазар им функционира непречено и без проблеми, што е најклучниот елемент тука, посебно ако има финансиски инјекции од Азија.
Последиците на прекинување на гасот мислам дека ќе бидат стравотни за голем дел од европските земји. Ако индустријата ти е 80% зависна од руски гас и тој го снема, не знам во кое сценарио тоа поминува лесно. И тука не ги ни земам индиректните последици на други индустрии кои не зависат од руски гас ама зависат од индустрии што зависат од руски гас.
Генералниот впечаток ми е дека Путин е еден чекор пред нив и дејствува активно а Западот дејствува реактивно, и тоа ме плаши како ќе се развиваат работите. Види само додека Русите се спремале со години со сите тие механизми а Европјаниве имаат ниво на резерви од гас 26%, додека ЕУ цела 2021 ги притиска да ги качат резервите на 80%. Пази, од декември се гледа дека ќе има војна, САД предупредува за imminent war, и овие не најдоа за сходно да ги качат резервите на гас. Аматерите не се помачиле ни да се спремат за срањево со клучните работи како енергенси, а се занимаваат со боење згради во жолто-плаво да изразат подршка.