Normalno deka Rusija mozhe da prezivee duri i celosno izolirana. Eden iran ete go uspeva da razviva oruzje i da prai problemi naokulu. Megjutoa ja zboram za ekonomija, i u toa pole rusija kje bide daleku popogodena od gasot nego evropjanite. Ne deka nema da mozhe da proizvede tenkovi, tuku kvalitetot na zivot na zitelite kje se namali drasticno.
Мислам дека не ме разбираш што сакам да ти кажам. Еве замисли си ја САД, нивните граѓани трошат повеќе него ли што произведуваат, веќе со години. Задолжени се до глездери. Башка сега со ковидов ептен. И пак наоѓаат пари за увоз на луксуз... Како? Еве замисли го сега Руското општество лишено од сите луксузи на западот, какво ќе е. Колку ќе му треба на еден просечен човек да биде среќен, најаден, напиен, прошетан, кога храната ја има во изобилство и е евтина, енергенсите исто така. Како што кажа кано, доволно е само да ја искључат рубљата од меѓународна трговија или пак еве како што сега се обидуваат да изнудат трговија на енергенси за Рубљи за да ја стабилизираат. Во кој сегмент внатре во Русија би им фалеле странски пари за било што? Странски пари се потребни за увоз, а на Русија и е забранет увизот од запад. Може да увезува од Кина и од Индија, што пак може да го прави со нивните валути, ако извезува со нивните валути, или евентуално со злато.
Како се намалува квалитет на живот на граѓаните? На пример ако се зголемат цените на енергенсите, храната и така натаму. Тоа е прво што удира на стандардот. Второ ако се затворат фабриките, што се деси во Русија, но Путин најави, национализација на имотите на тие што си отишле. А тоа би значело работните места остануваат.
Од друга страна да го видиме западот, Енергенсите поскапеа храната не само што поскапува автоматски со бензините, туку е се заканува и дека ќе ја снема. А тоа автоматски значи покачување на цените. Значи збориме без да се запре гасот, веќе обичниот народ на западот чувствува последици.
А кога ќе се запре гасот, како тоа ќе му смени нешто на обичниот Русин, што државата нема да добива девизи за гасот што го продава? Прво решение е нов договор со Кина, во исто количество што го зема ЕУ, втор договор Индија. На крај ќе испадне дека ќе продаваат повеќе него што продаваат сега.
Стварно не можам да видам како е Русија заебана повеќе од Европа. Пред еден месец да зборевме, може ќе паднев на некој од аргументите, но гледајќи што во моментов се дешава на запад... Стварно не разбирам зошто се цените на енергенсите толку високи. Самата шпекулација го уништува стандардот на западот.
Можеби ајде, квалитет на живот, ако на пример западни брендови ги рачунаш во квалитет на живот... нема да имаат ајфони, најк, адидас.. Мада во времето на ембрагото врз Србија, кое BTW беше многу посериозно, пошто имаа ембарго на све и свашта вклучително и на нафта. Македонија беше главен трговски партнер на Србија. Народот шверцаше нафта организирано. Се разбира све тоа беше исплатливо. А политичарите шверцаа и со шлепери. Не само нафта, све и свашта се шверцаше. Па така дали ти мислиш дека Кина ќе има проблем да прави реекспорт на добра во Русија? И дали фабриките кои прават ембарго на Русија ќе имаат проблем за тоа?
Постојат многу причини што од сегашен аспект, не ми личи дека санкциите ќе и наштетат на Русија.