Никаде не тече мед и млеко, никаде не е рај, ниту на запад, ниту на исток. Секаде има секакви, во секоја популација имаш секаков профил на луѓе, комуњари, либерали, конзервативци, интернационалисти, националисти, фашисти, исламисти, религиозни, атеисти, криминалци, алкоси, наркоси, коцкари, ку*ви, пе*ери, лезбијки, транџи, манџи, шарени, марени, зелени, црвени, портокалови...
Западот бил развратен полн со неморал и непочитување на традионалноста, конзервативноста и пропаст на семејните вредности, а па во една Русија што имаш почитување на семејните вредности и традиционализмот шо да кажам, се отепаа Русите од праење на деца, затоа демографската слика последниве неколку децении им е дну-дна ноќна мора. Врти-сучи сегде е слично, едино разликата е тоа што западот има многу повеќе пари од истоков од Европа во кој и ние припаѓаме. Што се однесува до слобода, демократија, правда, човекови права... хах абе знаеш во Русија имало диктатура, режим, Путиновата полиција апсела демонстранти, а од друга страна го имаш еден Берлин, Париз, Лондон, Њујорк каде полицијата исто така млати и апси демонстранти, арно ама таму во западните земји, таму во ЕУ/НАТО/УСА имало демократија, а во Русија, Кина и др. држави било диктатура. Па еве и ние сме кобајаги нели демократска нели НАТО/ЕУ земја, па сега да одам да излезам надвор да протестирам и мене ќе ме уапсат под образложение дека нарушувам јавен ред и мир, блокирам/попречувам нормален проток на сообраќај и.т.н. Западот цело време тера пропаганда против Русија, Кина и др. земји дека апселе демонстранти, апселе политички противници, биле диктатури, а не си ги гледаат сопствените усрани дворишта, затоа викам никаде не е сјајно !