Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    681

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.448
Поени од реакции
47.274
Чекај, чекај… назад е нивната ;)
Јас го очекувам Зеленски виртуелно да се појави и на отворањето на Milano fashion week каде ќе презентира креација на D&G во маслинеста боја со безвременска елеганција во комбинација со маичка на која ќе пишува freedom со светкави мунивца, и каиш инспириран од реденик на куршуми!
Баш како што си го замислуваат умоболните борци за човекови права и демократија ;)

Втора фаза, очекувам и песна, ако не и цел албум да му продуцираат енглезите!

Па денешниве concert goers, на крај ќе добијат комплет пакет, заедно со мерчендајз за нивниот херој.
До овде негде е стасано...

FB_IMG_1647954619038.jpg
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Значи треба да оставиме и понатаму велесилите да окупираат и да бомбардираат како им дојде оти тоа е нормално веќе.
Да, како за едните така и за другите, принципи, еднаквост. Ја сум да ги санкционираме и канселираме и САД па карбон такса они да си плаќаат таму на самите себе.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.962
Поени од реакции
17.788
Значи сакаш да се даде зелено светло за окупацијава, оти претходно немало санкционирање и канселирање при други вакви окупации и конфликти во минатото?

Значи треба да оставиме и понатаму велесилите да окупираат и да бомбардираат како им дојде оти тоа е нормално веќе.

Вака украинците си поставуваа прашања дали да ни помагаат 2001ва кога изби војната кај нас? По твојата логика грешка било што ни помагаа украина, турција итн., требало да стојат на страна и да зборат за палестина и израел.

Резонирањето ти е тотална утка.
Lol turcija ni pomagala
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.110
Поени од реакции
6.760
Значи сакаш да се даде зелено светло за окупацијава, оти претходно немало санкционирање и канселирање при други вакви окупации и конфликти во минатото?

Значи треба да оставиме и понатаму велесилите да окупираат и да бомбардираат како им дојде оти тоа е нормално веќе.

Вака украинците си поставуваа прашања дали да ни помагаат 2001ва кога изби војната кај нас? По твојата логика грешка било што ни помагаа украина, турција итн., требало да стојат на страна и да зборат за палестина и израел.

Резонирањето ти е тотална утка.
абе бато читајте малце ако не сте живееле во тоа време, ПРОРУСКА УКРАИНА ни помагала да донесиме тешко оружје,а денешна украина нема врска со тоа време

а и баш турција ни помогна да добиеме конфедерација и северџанско име нема збор за тоа
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.677
Поени од реакции
5.303
Затаи некако офанзивата :D
Неколку дена е статус кво. Сега се чека да падне Мариупол па да се ослободи некој батаљон за накај Одеса ваљда. Изненадија украинците, цврсти испаднаа.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.442
Поени од реакции
40.303
Затаи некако офанзивата :D
Неколку дена е статус кво. Сега се чека да падне Мариупол па да се ослободи некој батаљон за накај Одеса ваљда. Изненадија украинците, цврсти испаднаа.
нон стоп има тепачки околу киев, се пукале денес цел ден околу Ирпин. Само никој не снима повеќе пошто си ги издаваат позициите.
 
Член од
24 јануари 2021
Мислења
767
Поени од реакции
468
абе бато читајте малце ако не сте живееле во тоа време, ПРОРУСКА УКРАИНА ни помагала да донесиме тешко оружје,а денешна украина нема врска со тоа време

а и баш турција ни помогна да добиеме конфедерација и северџанско име нема збор за тоа
Ne e bash tochno toa brat, pretsedatel togash e Kuchma, koj mozebi bil proruski ama sekogash si e Ukrainec i duri vo vojnava si e patriot i e protiv Rusite…. Taka da Ukraina ni pomogna togash, bez razlika kakva bila. Turcija od druga strana si vo pravo ne mi se veruva da ni pomagala….
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.743
Поени од реакции
21.773
Мариупол остана уште да се прочешла, деновиве ваљда официјално ќе соопштат дека е заземен.



Каков гад, откако ги одбија сите понуди на Русите за напуштање на градот, сега ќе лаже и ќе ги прави маченици тие што се сега или загинати или во заробеништво. Градот, цивилите па и 14.000 украинска војска можеа да бидат поштедени...

 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.110
Поени од реакции
6.760
Ne e bash tochno toa brat, pretsedatel togash e Kuchma, koj mozebi bil proruski ama sekogash si e Ukrainec i duri vo vojnava si e patriot i e protiv Rusite…. Taka da Ukraina ni pomogna togash, bez razlika kakva bila. Turcija od druga strana si vo pravo ne mi se veruva da ni pomagala….
интересот на САД во тоа време е да загосподарат преку албанците на балканот, а целосно не успеаа благодарение на тешкото вооружување од проруска украина, јуришни авиони и хеликоптери како и системи ГРАД...... ако беше прозападна ќе ни пуштеа пиштоли на вода

турција едино што волците ги обучуваше и имаше некоја идеја да ни даде застарени ловци Ф4 кои за ништо немаше работа да ни бркаат, како тогашни верни слуги на САД не понудија ништо
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.140
Поени од реакции
5.894
Друже ти можеш да повикуваш колку сакаш. Тоа што за тебе е “лага”, за нормален свет е: маскировка, војна в ефира и реал политик!
Тоа што буквално ги голтате изјавите и потезите е само доказ колку се русите успешни во нивното замајување!

Можете да бидете и збунети и фрустрирани, па дури и Хавана синдром да ви се јави. Типични нус појави се тоа…
Така да или батали интернет, или помири се со фактот дека не ги разбираш овие работи.

П.С.не дека и јас или било кој друг тука ги разбира убаво… за тоа би работеле во МНР на некоја саглам земја да беше така место да пишуваме по форуми…
Ама две документарки да имаш изгледано е повеќе од доволно за да не бидеш gullible ;)
Абе, не знам кој голта... до вчера сите бевте као "леле 50 километарски конвој оди кон Киев има да ги срамнат со земја", за денес да е "абе Киев никогаш не беше целта, тоа е само дистракција" откако Русите изјавија дека прва фаза била завршена... Даааа бееее....

Кога не ти чини вистината и фактите, џабе лепиш етикети "пропагандист", пак нема да се сменат фактите, тие се, ќе остане вистината. Џабе си ме цитирал, моите постови ќе си бидат тука. А и не само тоа, се што сум напишал нема потреба да се чека во иднина, се од тоа е веќе видливо и познат факт.

1. Освен ако ти имаш способност да читаш мисли на Путин и остало раководство, незнам како можеш да тврдиш различно дека Киев не е целта (засега)!? Кои се фактите да видиме:

Концентрирана ли е војската на Русија кон Киев? Не е, баш напротив, распослана е на фронт од 1800км ваздушна линија, 2700км копнена. Ако бил целта Киев, 190.000 војска немаше да се распореди на толкава линија, туку ќе тргнеше на Киев.

Потребно ли е воопшто толкава војска за Киев? Не е, со далекометно оружје, за неколку часа може да го срамни со земја.

Што корист од Киев, ако целата војска на Украина е во борбена способност!? Никаква, прво демилитаризација, па после полесно е се, па дури и Киев да се освои.

Треба ли некој да потпише договор или капитулација? Што ќар ако ги испоубијат официјалните претставници па и Зеленски? Ништо.

Некогаш некој кажал ли дека сака да го освои Киев или дека сака да ја окупира Украина? Не. Напротив, постојано повторуваат дека не се тоа целите. Пак ќе кажам, колку повеќе одбива договор, толку повеќе ќе губи територии, од самиот Зеленски, т.е. нато зависи. Си кажаа русите, не кријат.

Ако пак се сомневаш во способноста и дали можат да го освојат Киев доколку сакаат, ќе те потсетам дека од кога е Путин на власт немаат неуспешна мировна операција, почнувајќи од Чеченија, преку Нагорно Карабах, Грузија, Крим, Сирија, Казахстан и др, како и сега во Украина. Значи, одлично знаат што прават кога ќе влезат во операција.

Дека можат да го освојат Киев доколку им било или биде намера, најчист доказ е воената симулација на Полска во 2020, каде резултатите на самата полска армија се дека Русија за 4 дена ќе стигне пред Варшава, 5от ќе ја опколи/освои. Потоа потврдени се наодите и од американски воен институт.

2. Дека немале план да нападнат големи градови (засега) незнам кој доказ го имаш контра? Или ти онака знаеш дека сакале ама не успеале. Чисто твоја интуиција. Настрана фактот што навистина се опколени и блокирани градовите, тоа е факт, ти баш од осет знаеш дека друг им бил планот. Значи, фактите се следни: големи градови се опколени, коридорите се пресечени. Ништо повеќе ништо помалку. Не ти треба во иднина да гледаш, тоа што сум го пишал е моменталната реалност на терен. А дека постои можност да почнат да влагаат и таму, постои, како што кажав зависно од повеќе фактори.

3. Ако ги немаш видено официјалните украински документи за напад на Донбас и Крим, како и нато лап топот со конкретни воени мапи и спремните ордени "за враќање на Крим", неможам да ти помогнам јас, мораш сам да излезеш од информативниот меур.

4.Украинците не се нацисти и немаат нуклеарно оружје. Но, во украина постојат нацисти тоа е факт. Пред мировнава мисија на Русија, безброј западни медиуми пишуваа за тој проблем. И не, не е проблемот 3-4 батаљона као Азов, Аидар, Десен Сектор и такви, туку политичкото промовирање на наци структури во институциите особено во воени, полициски и политички како и глорифицирањето на нацизмот индоктринирањето на младите преку образованието со наци идеологија. Сето ова се потврдени факти, ништо не измисли ни Русија ни јас.

Нуклеарно оружје немаат, но имаат капацитети за создавање. Тоа е факт. Со помош на нато или сад, многу е блиску таа реалност. Поголем доказ од самиот Зеленски ти треба ли? Пред некој месец у Минхен самиот најави дека ќе го суспендирале договорот за денуклеаризација на Украина и ќе започнеле со развој на нуклеарно оружје. Тоа е факт, нема што да чекаш во иднина да го провериш, веќе се десило.

А мојот коментар беше дека таа комбинација, на наци идеологија и нуклеарка се страшен потенцијален проблем во иднина. Никаде не реков дека во моментов. За среќа и благодарение на мировната мисија на Русија, никогаш нема да дочекаме да дознаеме или осетиме какви последици би имало тоа.

5. Не им се ни први ни последни санкции. Нив за Крим колку санкции им удрија, па сигурно не се слепци да не претпостават дека за мировна операција од ваков обем ќе им бидат ставени уште повеќе. Или пак ти со твоето 6то сетило осети дека се изненадиле, не очекувале. Не се резили. Апсолутно знаејќи ги последиците тргнаа во мировничката мисија.

6. Повели сподели контра-аргумент за рејтингот на Путин и поддршката за операцијата. Или пак се ослонуеш на твоите гравчиња за гледање? Или на талог у туречко каве утискаш желби па глеаш за геополитички теми што ќе ти излезе?

И јас сум чакнат што губам време чисти факти познати на сите да треба да ти ги откуцавам тука, ама па ти што ставови градиш врз основа на тарот си почакнат.
Сега дури премина и во мировна мисија ова, а? :eek: Wow...

Ај набрзина неколку одговори:

1. Да, огромен дел од војската е насочена кон Киев. Не за џабе влегоа од Белорусија, а плус и бараат помош од Белоруската војска (која што сега за сега не им се приклучува). Да не беше битен Киев, ќе влезеа само источниот дел каде што сега кажуваат дека тоа им е целта.

2. Од она што го знам до сега, ни еден голем град (Киев, Харкив, Суми, Чернихив...) не е целосно опколен - освен Мариупол, плус Херсон и Мелитопол што Русија веќе ги завзема.

3. "Што би било кога би било" момент. Не го менува фактот дека Русија е агресорот.

4. Никој од нив не беше закана за Русија. Сè тоа беа внатрешни проблеми на Украина кои што требаше сама да си ги реши. А не Русија да им ја срамни пола држава со земја за да им го реши проблемот. Муабетов со нуклеарно оружје е апсурден до бесконечност... Најсериозно мислиш дека било кој, а особено Украина прва ќе испука нуклеарка кон Русија??? А од друга страна да имаа - Русија немаше да може да го прави ова што го прави сега.

5. Многу набрзо обичниот Русин ќе треба да се симне од коњ на клацкалка, па ќе видиме тогаш дали санкциите ништо не значат.

6. Колку што ти можеш да споделиш аргументи за растење на неговиот рејтинг... Сè што излегува од Русија за јавноста е фабрикувано до недоглед. На многу видеа што ги наоѓам на интернет луѓето се исплашени да кажат лош збор против него од страв дека ќе бидат уапсени. Всушност, они апсеа луѓе што држат празен лист на плоштад!!!

Еве едно квалитетно видео со мислењето на Русите околу целава ситуација, особено ислушајте го дечкото на 14:07. (btw целиот канал последниов месец е посветен само на мислењето на Русите околу војнава).
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.805
Поени од реакции
26.369
Абе, не знам кој голта... до вчера сите бевте као "леле 50 километарски конвој оди кон Киев има да ги срамнат со земја", за денес да е "абе Киев никогаш не беше целта, тоа е само дистракција" откако Русите изјавија дека прва фаза била завршена... Даааа бееее....
Ако некој го потеше за „50 километарски конвој оди кон Киев“ на темава, тоа беше ти и твоите другарчиња, на форумов и америчките медиуми (западните МСМ), за тоа колку се неспособни Русите и останале без бензин толкава колона. Кога зборам го потеше, буквално мислам јајцата цитрони на цела западна хемисфера им ги напраивте...
 
Последно уредено:
W

wicked_1

Гостин
Дали сакаш да кажеш дека од сега па натаму при секоја инвазија на САД (или било кого) ќе ги исклучиме од светските текови? Ова што си го пишал така ми личи. Но, колку и да е недоследно и двоаршински, сепак е некаков одговор на моите прашања.
Ти одговорив јас, ама некако го избегаваш тоа што те прашав.

Според тебе треба да се дозволи да се окупира рандом држава под изговор дека не е прв пат тоа да се случи? Украинците може да бидат убиени за тоа што не дале поддршка на тибет или палестина пред хх години?

Замисли те стаат судија негде и секој криминалец ти ја употребува твојата логика и ти вика "сите крадат не сум само јас".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom