Типичен пост пишан од Руски прпагандист (како и сите твои останати). Мислам дека веќе те цитираа за да има споредби во иднина со тоа што си пишал, па да не испадне после да треба да си ги јадеш зборовите, пошто многу глупости изнатреска...
- Киев не бил целта
- немале план да напаѓаат големи градови, туку да ги опколат и да пресечат коридори
- не знаеле министрите дека ќе има војна (или знаеле, но лажеле - и ни ја вреѓаат интелигенцијата)
- НАТО и Украина ќе го нападнеле Крим и Донбас (wtf???)
- Укранците се нацисти и имаат нуклеарно оружје
- Русите ги очекувале сите санкции, па уште и они се тие што и' свртеле грб на Европа (

)
- растел рејтингот на Путин
Од мобилен пишувам, па не можам на долго и на широко да се објаснувам, ама нека стои цитираново за во иднина.
Кога не ти чини вистината и фактите, џабе лепиш етикети "пропагандист", пак нема да се сменат фактите, тие се, ќе остане вистината. Џабе си ме цитирал, моите постови ќе си бидат тука. А и не само тоа, се што сум напишал нема потреба да се чека во иднина, се од тоа е веќе видливо и познат факт.
1. Освен ако ти имаш способност да читаш мисли на Путин и остало раководство, незнам како можеш да тврдиш различно дека Киев не е целта (засега)!? Кои се фактите да видиме:
Концентрирана ли е војската на Русија кон Киев? Не е, баш напротив, распослана е на фронт од 1800км ваздушна линија, 2700км копнена. Ако бил целта Киев, 190.000 војска немаше да се распореди на толкава линија, туку ќе тргнеше на Киев.
Потребно ли е воопшто толкава војска за Киев? Не е, со далекометно оружје, за неколку часа може да го срамни со земја.
Што корист од Киев, ако целата војска на Украина е во борбена способност!? Никаква, прво демилитаризација, па после полесно е се, па дури и Киев да се освои.
Треба ли некој да потпише договор или капитулација? Што ќар ако ги испоубијат официјалните претставници па и Зеленски? Ништо.
Некогаш некој кажал ли дека сака да го освои Киев или дека сака да ја окупира Украина? Не. Напротив, постојано повторуваат дека не се тоа целите. Пак ќе кажам, колку повеќе одбива договор, толку повеќе ќе губи територии, од самиот Зеленски, т.е. нато зависи. Си кажаа русите, не кријат.
Ако пак се сомневаш во способноста и дали можат да го освојат Киев доколку сакаат, ќе те потсетам дека од кога е Путин на власт немаат неуспешна мировна операција, почнувајќи од Чеченија, преку Нагорно Карабах, Грузија, Крим, Сирија, Казахстан и др, како и сега во Украина. Значи, одлично знаат што прават кога ќе влезат во операција.
Дека можат да го освојат Киев доколку им било или биде намера, најчист доказ е воената симулација на Полска во 2020, каде резултатите на самата полска армија се дека Русија за 4 дена ќе стигне пред Варшава, 5от ќе ја опколи/освои. Потоа потврдени се наодите и од американски воен институт.
2. Дека немале план да нападнат големи градови (засега) незнам кој доказ го имаш контра? Или ти онака знаеш дека сакале ама не успеале. Чисто твоја интуиција. Настрана фактот што навистина се опколени и блокирани градовите, тоа е факт, ти баш од осет знаеш дека друг им бил планот. Значи, фактите се следни: големи градови се опколени, коридорите се пресечени. Ништо повеќе ништо помалку. Не ти треба во иднина да гледаш, тоа што сум го пишал е моменталната реалност на терен. А дека постои можност да почнат да влагаат и таму, постои, како што кажав зависно од повеќе фактори.
3. Ако ги немаш видено официјалните украински документи за напад на Донбас и Крим, како и нато лап топот со конкретни воени мапи и спремните ордени "за враќање на Крим", неможам да ти помогнам јас, мораш сам да излезеш од информативниот меур.
4.Украинците не се нацисти и немаат нуклеарно оружје. Но, во украина постојат нацисти тоа е факт. Пред мировнава мисија на Русија, безброј западни медиуми пишуваа за тој проблем. И не, не е проблемот 3-4 батаљона као Азов, Аидар, Десен Сектор и такви, туку политичкото промовирање на наци структури во институциите особено во воени, полициски и политички како и глорифицирањето на нацизмот индоктринирањето на младите преку образованието со наци идеологија. Сето ова се потврдени факти, ништо не измисли ни Русија ни јас.
Нуклеарно оружје немаат, но имаат капацитети за создавање. Тоа е факт. Со помош на нато или сад, многу е блиску таа реалност. Поголем доказ од самиот Зеленски ти треба ли? Пред некој месец у Минхен самиот најави дека ќе го суспендирале договорот за денуклеаризација на Украина и ќе започнеле со развој на нуклеарно оружје. Тоа е факт, нема што да чекаш во иднина да го провериш, веќе се десило.
А мојот коментар беше дека таа комбинација, на наци идеологија и нуклеарка се страшен потенцијален проблем во иднина. Никаде не реков дека во моментов. За среќа и благодарение на мировната мисија на Русија, никогаш нема да дочекаме да дознаеме или осетиме какви последици би имало тоа.
5. Не им се ни први ни последни санкции. Нив за Крим колку санкции им удрија, па сигурно не се слепци да не претпостават дека за мировна операција од ваков обем ќе им бидат ставени уште повеќе. Или пак ти со твоето 6то сетило осети дека се изненадиле, не очекувале. Не се резили. Апсолутно знаејќи ги последиците тргнаа во мировничката мисија.
6. Повели сподели контра-аргумент за рејтингот на Путин и поддршката за операцијата. Или пак се ослонуеш на твоите гравчиња за гледање? Или на талог у туречко каве утискаш желби па глеаш за геополитички теми што ќе ти излезе?
И јас сум чакнат што губам време чисти факти познати на сите да треба да ти ги откуцавам тука, ама па ти што ставови градиш врз основа на тарот си почакнат.