Драги другари ,
Би сакал да кажам збор два во врска со моменталнава ситуација во светот.
Дали фразата што ја употреби претседателот на Русија ‘’лажен свет’’(кореспондира на западниот свет) е точна и доколку не е , што не е точно .
И после 77 години од таканаречената голема ослободителна победа над нацизмот според која се кројат моменталните граници во светот и сфери на влијание , светот влегува во уште една битка против истиот тој нацизам/фашизам или како год да е .
Европа и САД и останатиот дел од светот кои што се под контрола на ‘’her majesty’’ повторно го величи тој грозоморен чин и начин на уредување на една држава и го подржува се појако и појако.Ке се запрашате како ? Се забранува се руско , се национализира се руско што постои како капитал на запад , на руските студенти им се кинат стипендии , им се одзема имот и ред други работи . Да , така е , ве потсеќа на нешто што правеше Хитлер врз евреите пред втората светска војна , да апсолутно сте во право . Истиот ракопис.
Би се запрашал од каде доаѓа потребата за после години и години злото да се роди повторно како феникс од пепел . Меѓутоа, би бил наивен кога би поверувал дека тоа некогаш умрело и дека не постоело . Наиме , да започнеме овака. Тезата за лажниот свет држи вода од повеќе причини .
Да започнеме со нешто од нашето блиско минато . Нашите луѓе во Егејот беа бомбардирани од страна на истиве овие. Во текот на 90’тите години , они беа забекнати од грозоморните чинови што се случуваа на териториите на балканот не знаеле што значи терминот ‘’етничко чистење ‘’ или ‘’геноцид’’ . Дека они се тие цивизилизациски цветчиња , дека не ги истребиле индијанците во Северна Америка и си ја поделиле територијата како сакаат за да си основаат лажна империја.Дека не правеле геноциди по Индија,Пакистан,Африка и пола свет .
Е, сега кога нема каде веќе да роварат низ светот за нивни финансиски добивки (да уживаат во добар стандард на грб на остатокот од светот) решија да го вратат нацизмот повторно. Им се гледа финансискиот крах и војна од големи размери им е потребна како леб . Тажно е што повторно ке има најмногу словени што ќе загинат , како во прва и втора светска војна . Замерувам до политичкиот врв на Русија што не е сеуште концизен и да им објасни на демокративе што рварат низ светов , дека ако не се повлечат од идејата што сакаат да ја имплементираат , дека нема да постои фјорд во Норвешка а ни бункер во Нов Зеланд што ке може да го издржи хаосот што ке се случи . Некој заборава дека нуклеарно наоружување постои баш против овие овакви гнасни политики што некој сака да ги наметне како норма на светско ниво.