Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    735
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Не знам како да ти кажам ама не ми треба eupedia за да се едуцирам. Последните 7 год. од животот ги посветив на популациона генетика и наследство како хоби. Eupedia е добра за некој кој допрва почнува да учи и за да ги разбере основите на популационата генетика. Што е yDna, што е mtDna, што е auDna итн. Нејсе, администратор сум на еден проект при FTDNA со повеќе од 200 членови и имам статистички увид за тоа како стојат работите.

Бидејќи не можам да те едуцирам овде, само ќе ти речам дека народот кој што се нарекува Македонци генетски стој најблизо до Бугарите, Албанците и Власите ако се земат како параметри auDna(целокупното генетско наследство) и yDna(директна машка линија).

Денес имаш генетски стебла видливи на интернет каде приватни корисници можат да ги прикачат своите BAM датотеки а со тоа да го најдат своето место на филогенетското стебло. Едно од таквите филогенетски стебла е и тоа на YFULL, приватна руска компанија.

На нивното филогенетско yDna стебло има и доста корисници со потекло од Македонија. Обично филогенетското стебло го покажува степенот на поврзаност помеѓу различни корисници со помош на TMRCA(time to most recent common ancestor) а кое што се одредува со оглед на тоа колку мутации во У хромозомот(yDna) одредени членови на филогенетското стебло делат.

Еве еден пример:

На оваа гранка од yDna филогенетското стебло има Македонец од Битола и Албанец од Скадар. TMRCA е 700 год. што значи двајцата имаат заеднички машки предок и тоа по директна машка линија(прадедо - дедо - татко) кој живеел некаде пред 700 год. плус минус 100 год. бидејќи нема постојана константа на појава на нови мутации на У хромозомот а како средна вредност се зема време од 80 - 140 год. во зависност од резолуцијата на тестот кој е купен.

Инаку нивната гранка е именувана како Ј-Y316627 според именувањето на една од мутациите(SNPs - single nuclear polymorphisms) кои што ги споделуваат помеѓу себе овие двајца. Истата таа гранка е потомок на едни постари гранки идентификувани како J-L283 и J-M241 а кои се пронајдени кај илирските племиња во Хрватска и во Италија во најновите архео-генетски истражувања:


Најголема застапеност на оваа гранка или хаплогрупа има кај Албанците а потоа следуваат Грците, Македонците, Романците и Бугарите.
Ако е се така како што си напишал тука и кое делува озбилно кога фрлаш поглед на постот,тогаш ме мачи една мисла и констатација-Македонецот природно(кое му е во крвта и генот)се буни против неправда и злото кое го гледа а вие имам впечаток дека соработувате со неправдата и злото како да сте бизнис партнери...
 
Последно уредено:
W

wicked_1

Гостин
Не можам, престручни сте за мене. Ама еве дури и смешно е како те зашлакаа на темата генетика во претходниот пост.
Име уште еден екстра стручен на таа тема, ама моментално брка нацисти зафатен е
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
569
Ако е се така како што си напишал тука и кое делува озбилно кога фрлаш поглед на постот,тогаш ме мачи една мисла и констатација-Македонецот природно(кое му е во крвта и генот)се буни против неправда и злото кое го гледа а вие имам впечаток дека соработувате со неправдата и злото како да сте бизнис партнери...
Сега забегуваме во областа на филозофијата бидејќи твојата правда и неправда и правдата и неправдата на Петко не се исти. Петко има свој поглед на светот ти имаш свој, инаку ако сите размислувавме исто ќе бевме роботи. Еден човек ќе се издигне и духовно и интелектуално само ако го симне својот егоистички поглед на светот и почне да гледа и од други призми, па дури и од таа на 'непријателот'.

Прво дефинирај ја твојата правда и неправда?
 
Член од
19 март 2022
Мислења
14
Поени од реакции
35
Објасни го статистчкиот метод што го употребуваш за заклучокот што наводно го добиваш.

И припази на изборот на збори. Глутница инсиниура навредлива конотација, а проценките на интелегенција ти имаат нескриена намена на директна навреда... Би било штета да те санкционираат модераторите а само што почна да дискутираш (добредојде патем).


Еве и нешто да прочиташ за сопствена едукација од аспект на дискутирање на јавни форуми (и било каде):
.
Глутница е идеален збор за тоа како се однесувате овде. Ја прелистав темата наназад, и вака оди отприлика: Ќе напише некој нешто што барем личи дека е на страната на Украина, и следуваат неколку постови од страна на членовите на глутницата, во кои едните (од тебе на пример) се поцивилизирани, но сепак деградирачки спрема тој што постирал, а постовите од членовите на глутницата кои се подолу во хијерхијата на глутницата се на ниво глуп еден, од кај изникна.
Еве ако не ми веруваш, прелистај назад.

Дискусиите ви се на ниво на вицот, си биле Американец, Германец и Русин, и не знам како точно, ама Русинот сите ги заебал.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.200
Поени од реакции
22.815
Зеленски ги забрани сите опозициски партии во Украина.


 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.703
Поени од реакции
42.288
Зеленски ги забрани сите опозициски партии во Украина.


Ова ми делува дека нема да биде ништо од преговорите. Штом забранува опозиција, денацификацијата ќе го стигне и Киев. Освен ако не го тргне армијата од власт. Али тоа е малце веројатно, бар за сега.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Сега забегуваме во областа на филозофијата бидејќи твојата правда и неправда и правдата и неправдата на Петко не се исти. Петко има свој поглед на светот ти имаш свој, инаку ако сите размислувавме исто ќе бевме роботи. Еден човек ќе се издигне и духовно и интелектуално само ако го симне својот егоистички поглед на светот и почне да гледа и од други призми, па дури и од таа на 'непријателот'.

Прво дефинирај ја твојата правда и неправда?
На мене не ми требаат никакви истражувања,хапло групи и останати научни алатки за да проценам со голо око кој народ/нација му е најблизок на македонскиот а тоа е српскиот и тука немам никаква дилема...
 
Член од
19 март 2022
Мислења
14
Поени од реакции
35
На мене не ми требаат никакви истражувања,хапло групи и останати научни алатки за да проценам со голо око кој народ/нација му е најблизок на македонскиот а тоа е српскиот и тука немам никаква дилема...
Многу објективно. Вероватно до овој заклучок си дошол по методот познат како, што је баби мило, то јој се снило.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.703
Поени од реакции
42.288
Многу објективно. Вероватно до овој заклучок си дошол по методот познат како, што је баби мило, то јој се снило.
девојче, ние сите тука сме експерти по геополитика. Вие понекад се палите што не се разбирате од тие работи и оправате криви дрини за мак доналдс, за стандарот и други небулози кои немаат врска со темата.
 
Член од
19 март 2022
Мислења
14
Поени од реакции
35
девојче, ние сите тука сме експерти по геополитика. Вие понекад се палите што не се разбирате од тие работи и оправате криви дрини за мак доналдс, за стандарот и други небулози кои немаат врска со темата.
По што заклучи дека сум девојче, многу ме интересира? И ако си ти експерт по геополитика, нека ја забранат дисциплината веднаш.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.703
Поени од реакции
42.288
По што заклучи дека сум девојче, многу ме интересира? И ако си ти експерт по геополитика, нека ја забранат дисциплината веднаш.
значи ти си оној ботот битолски претпоставувам
 
Член од
19 март 2022
Мислења
14
Поени од реакции
35
значи ти си оној ботот битолски претпоставувам
Прво сум девојче, потоа бот битолски. Среди си ги мислите, концентрирај се, и врати се да дискутираш како нормален човек, ако тоа не е претешко за тебе.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
569
На мене не ми требаат никакви истражувања,хапло групи и останати научни алатки за да проценам со голо око кој народ/нација му е најблизок на македонскиот а тоа е српскиот и тука немам никаква дилема...
Твое мислење, твое право.

Мое мислење е, македонскиот народ е кроток, праведен како што рече и по малку наивен. Му недостасува крволочноста на разни Аркани, Младичи, Шешељи итн. Македонскиот народ не би направил геноцид како тој во Сребреница.

Па дури и кога се работи за добрите особини на Србите, мислам дека ја немаме нивната природна дарба и генетика за спорт.

Македонскиот народ е повеќе настроен кон уметност, музика, македонецот сака да му се насладува на животот а не да се натпреварува.

Не, мое мислење е дека ние не сме толку блиски со Србите како што тоа сакаш да го претставиш.
 
Член од
19 март 2022
Мислења
14
Поени од реакции
35
На темата, Лавров точно кажува каде е проблемот со евентуалните мировни преговори, најголем проблем за тоа се Американците.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom