Малку понежен биди (ама само малку), да не се самоповреди
. Нели гледаш дека не знае каде тера, без компас е. 50% од теориите на заговор, се остварија, па кутриот не знае како да се справи во таков свет. Претходно живеел во илузија, дека постои владеење на правото и сега наеднаш гледа со правото си бришат дупе, па му се руши детската фантазија.
Туку, после Украина кои држави се на ред... Колкава е веројатноста (од 1 до 10) дека ќе има судир меѓу Русија и Турција
Многу интересна тема за размислување е тоа. Незнам каква улога имаше Турција во Казахстан и дали самата Турција има интерес во моментов да се судри со Русија. Ако има нешто евентуално, може да има само некакво си прокси, евентуално во Азербејџан, пошто некако се поткренаа Азериве од западната пропаганда, па почињаат да бомбардираат во Нагорно Карабах. На Русија моментално не им одговара непријателство со Турција, ама од друга страна Турција е притисната на пример да и го донира С400 системот на Украина, за да ги вклучат повторно во прогарамата за тој новиот авион.
Све на све не верувам дека ќе има судир со Турција, дури ни прокси. Ама јас па не мислев и дека Русија ќе влезе во Украина, па влезе. Така да очигледно не сум релевантен многу по тоа прашање
Ако ескалира ситуацијата и ако продолжи Русија некаде, мошне веројатно е Молдавија или Балканот, Босна, Косово... Ако гледаме историски, Русија голем пуш има направено за излез на топло море, па и тие неколку километри у Босна многу би и значеле
Интересно е како западот се понаша. Прво и основно јас мислам дека самата анти-руска пропаганда што ја фураат ќе ги прегори политички. И незнам кој уште верува дека Русија е изолирана. Можеби ќе беше така, да бевме 1994. А денеска, какво производство има Западот? Што произведуваат? Смешки со опашки. Уште не почнати санкциите, кај губат милијарди долари што го затвараат своите инвестиции на Рускиот пазар, кај се губат милиарди долари во производство и опрема, уште енергенсите им отидоа до таван. Сега башка ќе се заглават со зголемување на армиските буџети и ќе ги видам како ќе ги контролираат гетоата кога ќе им снема пари да ги го купуваат социјалниот мир. Западниот свет се повеќе ќе личи на САД 2020...
Се надевам само транзицијата ќе се случи полека и во наредните 20-30 години, бидејќи секој потрес може да биде кобен за нас тука.