Доњецк и Луганск се територија во рамките на Украина, Русите си ги заслужуваат сите права во Доњецк и Луганск, да си учат на сопствен јазик, да ги имаат сите права на сите малцинства, но да се разбериме, се фатија за пушка да се отцепуваат од сопствената држава. Што требаше да му речат Украинците? Ок, слободни сте, терајте?
За да коментираш вакви теми, мораш да имаш познавања на историјата како и генезата на проблемот. Како и секој проблем у светов по WW2 и овде се започнува со вмешувањето на америте во внатрешните работи на држава. Првично во 2004 на задна врата, па во 2014 на предна, со инсталирањето на циашки квислинзи во Украина, започнува и наци антируската државна политика на Украина. Како што и сам рече, заслужуваат права, ама наместо тоа, официјалната државна власт на која припаѓаат им ги ускратува и забранува. За пушка не се фаќаат ко што викаш одма (освен изолирани случаи), туку се фаќаат за лист и пенкало и највисоката форма на директна демократија - референдум. Она што веројатно не го знаеш како и повеќето други е дека првично немало да им успее истиот, немале доволна поддршка јер населението не верувало дека Киев е толку лош и со геноцидни намери (околу 41% според анкети биле за осамостојување). Но, наци властите у Киев под команда на америте, го праат она што најдобро го знаат - почнуваат воено да маваат жестоко по цивили (меѓу другото, под предзнак на анти-терористичка операција). У Харков, Керсон, Мариопољ и Одеса брзо ги задушуваат протестите углавно со помош на нацистичките пара-формации. Но, во Донбас (ЛНР и ДНР), каде немаат такви бандеровци, самата армија ги потепува своите сограѓани и неможе да се сокрие под превезот на "локални бандити" дека прават злосторства. И тука се дешава преокрет у јавно мнение и се врти на 96% поддршка за независност. Така да, не за пушка, туку за тешка артилерија се фаќа украинската влада, што требаше да им речат овие, ок тепајте ваши сограѓани цивили, терајте?
Еве во 2001година ние не требаше да праќаме војска во Тетово, Танушевци, Арачиново,Липково?! Мислам ок, против сум тоа и строго го осудувам бомбардирањето на цивилни објекти и цивилни жртви, но сепак да бидиме реални мислам, која земја немаше да постапи исто ако одреден дел или малцинство сака да отцепи дел од територија?
Во 2001 заканата не беше од референдум, туку баш од вооружен конфликт и војна. И повторно, генезата на проблемот е 2 години претходно кога америте си бомбардираа у Србија, спротивно на сите меѓународни права и односи се формираше држава на терористи и 300.000 од тие беа префрлени (намерно не велам раселени или избегани) кај нас. Без таа инекција од 300к радикали (као укронацистите) поддржани, индоктринирани, обучени и вооружени од западот, никогаш немаше ни да дојде до конфликт, јер староседелните албанци и македонците немаа проблем на соживот пред тоа.
И пак докажуваш дека некои работи не ги знаеш доволно. Како можеш да прашаш која земја немаше да постапи исто!? Па ти знаеш ли колку вакви случаи имало и има у моментов и европа и светов? Шпанија да не ги бомбардира каталонците? Италија Сицилија, Сардинија? Франција Корзика? Германија Баварија? Сите наоѓаат заеднички јазик преку давање поголема автономија и права, истото што и Украина потпиша два договори дека ќе го направи, ама 8 години правеше се во обратна насока.
Еве и една друга мала паралела, зошто Русите не му дадоја на Чеченците независност?! Грозни го срамнија со земја, пепел го напраја. Во Донбас и Луганск споредбено со тие жртви во Грозни и Чеченија се 1:100.000, и не видов некој од тука што ги бранат жолчно постапкит
Чеченија е посебна приказна. Од 88 републики, 86 се договараат со федерална Русија, само Татарстан и Чеченија одбиваат. По кратки преговори и Татарстан добива тоа што сака, нешто поголема автономија. Останува само Чеченија. Таму има две струи, про руска и сепаратистичка. Еден советски генерал чеченец, забегува ептен и го држи многу радикално теренот преку исламските свештени лица, проруската опозиција како и цивили се негова мета. Дури и прогласува Џихад, а тоа валда знаеш што значи. Тек после тоа влага Русија тогаш осакатена на секое поле со хендикеп на чело -Јелцин и се дешава тоа што се дешава. Тоа е првата чеченска. Веќе за втората, Путин е на чело. И таа се завршува многу брзо многу ефикасно со многу помали загуби. Понатаму се испеглани односите и се си е ок после тоа.
Вината за човечките жртви е некогаш на страната на нивните лидери. Како на пример со Украина, иако и јас имам дилема колку е самиот народ крив што им инсталирале кловн. Исто како и ние како македонци колку сме криви што ни инсталираа наказа? Ама факт е дека големи бројки на народ и кај нас и кај нив по тоа шарените револуции сами си ја донесоа пресудата. Кај нас со самоубиство од заседа бришејќи се самите а поради нато и еу. Кај нив самоубиство од заседа буквално умирајќи поради и за НАТО и ЕУ.
Што е најтрагично, они пак подобро ќе пројдат од нас.
*Освен ако Путин не тргне да денацифицира и кај нас и околина