По мене Русите направија и сеуште ја прават огромната грешка со тоа што не повикаа барем на парцијална мобилизација и поради тоа немаа и немаат доволно сили за да ги искористат пробивите до нивниот максимум. Еден куп професионални војници им загинаа зошто немаат доволно трупи да ги патролираат патиштата и територијата која им е веќе освоена, ниту пак да барем да ги одржуваат блокадите на поголемите градови. Не можеш со 200-250к трупи и некој 40-50 000 паравојска да пробаш да освоиш држава колку Франција. Посебно не можеш да го направиш тоа и кога одбиваш да ги организираш твоите подржувачи во регионите кои си ги освоил или пак јавно не им даваш какви било гаранции за нивната безбедност ако ти помогнат.
Ова ако продолжи со ваков интезитет ќе се претвори во повеќе месечна војна со спори локални напредувања да се скрши моралот на Украинската војска и населението преку создавање на проблеми со снабдување, али сум доста сигурен дека ќе се претвори во ситуација како во Сирија, каде што иако имаше незадоволство, групата радикали/фанатици ги држеа секогаш сите под добра контрола и немаше никакви предавања.
Од другата страна приказните дека Азов биле само една бригада и дека Аидар и другите паравоени бригади биле расформирани испадна дека е целосна измислица. Азов некако имаат присуство низ целата држава и на секој фронт. Сите територијални одбранбени единици им се скоро под контрола над Азов или им се команданти членови на расформираните групи. И најважно скоро сите градоначалници и регионални гувернери до сега што продефилираа испадна дека имаат каква таква врска со Азор/Прав Сектор или биле членови на расформираните единици.
Многу слична ситуација како кај нас, на централна власт има како некакви "просечни кадри" (СДС премиер) , а надоле на терен се е под контрола на радикалите ( ДУИ/УЧК).