Јас стварно не разбирам како можеа Украинциве да се толку глупи и да подржуваат влада која ќе ги турне во војна со светска сила како Русија, единствено ако навистина толку мизерно се живеело таму па знаеле дека ќе има бегалски бранови и оваа војна им е карта за влез во Западна Европа и подобар живот
Глупи се затоа што е поделен народот.
Источниот е Про Руски додека Западнот дел е Про Западен со интегрирани силни радикални ационалистички структури кои влечат корени од Нацизмот.
2 пати имаше преврат во Украина. Кога го осакатија тој Јанукович со отровите и Мајдан ко пукаа со снајпери по демонстрантите.
Во сите случаи САД имаат вмешано прсти.
САД е тој подбуцнувач кои сака по секоја цена да се приближи до Русија. Сите продефилираа таму Нуланд, МекКејн, Бајден. САД 2 пати се обидоа и инсталираа нивни пиони за да и штетат на Русија.
Компаративно земи ја нашава Македонија.
Имаше Влада со доминантно владеење и подршка на народот која почна да им оди на нерви на САД и останатите ЕУ марионети.
Од петни жили се направи револуција се истурија грдни пари да излезат афери на површина. Разно разни невладини за да се инсталира про-западна власт.
Видовте што ни донесе тоа. Промена на име и интеграција во НАТО. Целта на САД е исполнета.
ЕУ нити ќе помирисаме нити ќе видиме. САД ги наградија корумпираните политичари како Заев за сработеното а народот продолжи да тоне во сиромаштија и корупција.
Исти срања се случуваат и во Украина. Поделено општество, насилства, убиства во Одеса, Донестк, Лугањск. Само што таму е поекстремно.
Овде кај нас нема друг надоврешен фактор кој би влијаел на општествово. Русија нема интерес кај нас а комшииве се Западњачки и гледаат само да ни наштетат олицетворувајќи некој умрени идеали од пред 100години. Потези кои треба ептен да се поклопат коцките за да се уништиме како што Украина се ништи сега.