"Моти" тактичката поставеност на украјинските сили, во случајов со 100 и 130мм ПТА е сериозно успешна.
Стравични загуби во техника имаат агресорите и привремените окупатори.
Слики од уништени руски Т-64, Т-72, Т-80 и Т-90.
Не ставам фотки од спалени лешеви пошто тоа е крајно невкусно, но и покрај тоа има фото евиденција за буквално сета техника која е уништена од почетокот на инвазијата до денес.
Не само MBT и LST него и ОТ, ОА, СА, РА, ПВО, настрана софт скин камиони цистерни, тешкаши за логистика.
Кој можеше да претпостави вакво нешто, имајќи на ум 2014 и како Украјина беше фатена со спуштени гаќи при што ги загуби Крим и Донбас.
8 години се сосема доволно да се организира сериозна одбрамбена сила, припремена за локалните услови и рељеф. Но сепак не очекував вакви загуби кај русите, заедно со ужасно лошата координација на копнените сили со авијацијата. Имајќи предвид долгите колони тоа е разбирливо, пошто можноста за френдли фајр е висока.
Тука се и дроновите. Морам да признам дека се потсмевав кога прв пат слушнав за турски дронови кои ги набавувале украјинци, но ете на терен во реални борбени дејства се прикажуваат феноменално. Но Турција е друга тема,во секој случај прилично неугодно изненадување.