Фан Клуб: Интер

инзаги можеби мислеше дека се игра за бодови, а не за елиминација.
Ти на Пул играј му со 3ца напаѓачи, играч мање и без средина. Ја еба со Лаутаро само, мораше да го остави.
 
Не може да се замери ништо на Инзаги. Дечките искочија со јајца до земја на енфилд и гo плеснаа со 10 играчи еден од топ 3 тимовите во европа моментално. Не можам ни на алексис да му замерам, да поминеше таа топка искачаше у шанса лаутаро.
 
Не знам како можете воопшто да пишувате критики за Инзаги барем вечерва.
Санчез ја заеба и тоа е тоа. Кога требаше Интер да добие мотивација а Ливерпул паника, се деси црвениот картон и го смени текот.
Сигурно до сам крај ќе се тресеа Ливерпул да бевме комплетни.
 
Инзаги уште на црвениот му стана јасно дека и 0 2 да брка до крај ќе има продолженија и ќе не надтрчаат. Не сакаше да ги малтретира најважните у тимот за него, дамфрис, лаутаро и брозо(макар да овој може и повреден да е), има скудето за зимање шо само они можат да го испуштат.
Тоа е што е, искуство повеќе. Лаутаро нека дава голови мора да се извади добра пара од него летово.
 
Може само да жалиме што Барела ја правеше циганската у Мадрид и го извиси тимот. Друга песна ќе се пееше со него место Видал.
 
Ти на Пул играј му со 3ца напаѓачи, играч мање и без средина. Ја еба со Лаутаро само, мораше да го остави.
цела работа ја еба црвениот картон ама како и да е, после тоа скроз се откажаа од намерата за втор гол. на крај небитно е дали 0-1, или си примил уште два гола кога си елиминиран.
на крај се покажа клучна првата утакмица каде бевме далеку подобри.
 
Не можам ни на алексис да му замерам, да поминеше таа топка искачаше у шанса лаутаро.

Ја би му замерил. Имаше веќе жолт и топката беше 80 метри од голот на Интер. Сосема непотребно. Да немаше жолт па ајде.
 
Нема што да го хејтаме Инзаги. Се гледа дека сме понеквалитетни. Во нападот сме како без играчи. Што требаше да прави Инзаги?
Па макар 5 мин да се отвореше како што викате овде, ќе изедначеше Луверпул.
Еве и во најдобар случај да го брцневме за 2-0. Да не се надевавте дека ќе издржеме 30 мин со играч помалку, со изморени стартери и со инвалидните резерви?
Тоа е тоа, утакмицата заврши после црвениот.
 
Последно уредено:
Го разбирам потегот на Инзаги, кај со играч помалце бевме па уште додaтно да се отвара нема смисла, ќе примеа 3 гола за 3 минути.
Си чекаше глупост да се деси некоја за 0:2.

Видал за утакмицава 10/10 има....
 
според мислењата не ни требаше да ги играме двете утакмици против ливерпул : ))))
Абе не е само да тргнеш на ура. Како да нападнеш за победа, кога веќе никој немаше сила, играч мање и 2 измени искористени поради повреда. Тоа е капацитетот. И Џеко и Каиседо и сите напаѓачи можеше да ги стави комотно, залудно ќе беше. Не можеа да освојат топка.
 
Ни Санчез не е крив за црвениот, не можеше да застане, претера Лахоз тука и компензираше за стартот над Тијаго кој е директен црвен картон.

Убаво ги извади Инзаги, Кореа влезе пошто е добар дриблер 1 на 1 али јебига немаше шанси ништо со 10 играчи.

Што убави две утакмици изиграа би ги казнил за срамовите против Џенова и Сасуоло.
Ајде сега у лига со сите сили.
 
Она што ме плаши сеа се повредите на Де Фрај, Броз и Џеко. Не верувам дека Кореа би добил шанса пред Џеко ако овој бил спремен за игра.
 
Да не се надевавте дека ќе издржевме 30 мин со играч помалку, со изморени стартери и со инвалидните резерви?

Додади на тоа дека Де Фрај се повреди на полувреме и 45 минути мораше со Дамброзио.
Каква сака форма нека е Де Фрај, пак е подобра опција од Дамброзио на бековска позиција.
 
Нема што премногу да им се замери , пола од вас ги елиминиравте уште пред да почне двобојот . Доста солидно и конкурентно се покажаа против еден од најдобрите тимови во светот. Има структура и концепт тимов само што треба права инвестиција за да се земат играчи кој можат да направат разлика во вакви ситуации и поготово клупа.

Мора да се издвои Видал напреваров и неговата пожртвуваност , ретко кој фудбалер ја има таа ментална карактеристика.

Сега фокус на Скудето , следи најбитниот дел во сезоната и со две победи по ред мислам дека имаат ветар у грб, башка и играта им се среди колку толку . Само броз да не се повреди и континуитет во формата на средина/напад да лапнат титула.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom