Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.871
Поени од реакции
12.969
Web developer,defense sector. Плус од Америка. Некако не ми одат тие работи заедно. Плус јавно на форум да се тврди професијата, кхм.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.888
Поени од реакции
5.015
Ептен глуп муабет. Се знае кои земjи се уз Русите. Против нив во ООН гласа цел останат свет. Инаку ти бидеjќи добро ги одбираш страните затоа терориста од УЧК ти раководи со Собрание.
Кој следи политика, јасно му е како се гласа во ООН, нема потреба од посебно објаснување за таа „метода„, која и самиот Лавров ја посочи.

Јас ја имам одбрано страната согласно со мојата лична проценка, по некој или неколку основи, а причината за тоа што „република нашата земја„ ја водат „учки„, се обраќаш на погрешно место-до мене.

Обрати се до ве-ме-ре-то и до се-де-се-то, оти нивна е кривицата.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Не изгуби Русија, ќе победи воено. Ама дека не оди по план, не оди. Ни временски, не со загубите. Малце незгодно што по два дена по грешка почнаа да објават војна со спремени текстови.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.888
Поени од реакции
5.015
Демонстрациите во Русија се неуставни и незаконски.
Таму немаш право на друго мислење освен да го фалиш Путин и неговата политика.
За jamajka & sie се ово е во ред...

Не глуми лудило; јасно е кој ги организира овие „протести„.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.380
Поени од реакции
6.997
Да не се лажеме, имаат некои многу глупи пропусти русите. Како на пример, прееска баш видов, не знам точно која област беше, пуштиле еден или два камиони и едно волизо, ко на америте хамерите што им се, по некој шумски пат. Нормално ги начекале во заседа и ги земале најверојатно во заробеништво, пошто тела немаше. Многу вакви грешки имаат каде го јадат од заседи, зошто не се добро обезбедени.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Искрено да ти кажам не ми е уште целосно јасна ситуацијата. Има доста нејасна ситуација. Прво не мислев дека Русија ќе влезе во Украина. Не за друго, туку мојот став е дека не е сеуште спремна.

Е сега викаат дека имало тука 2 моменти а првиот бил дека планирале напад на Крим и на Донбас, ова не е официјално соопштение на Русија, но иде од високи кругови. И второто е нуклеарната програма на Киев, која ја потврдија и официјално како една од причините. И демек затоа ја донеле одлуката сега. Сепак јас си мислам дека одлуката е донесена сега, затоа што се спремале 8 години за ова, овие две работи и да се вистина, немаат врска со причината, туку така се погодило во моментот.


Е сега втора работа е што влегоа all in и се заканија дека нема да размислуваат да употребат нуклеарки. Реално гледано Украина во НАТО е сериозна безбедносна закана на Руската одбранбена доктрина. Русија никако не може да си дозволи Украина и Казахстан во НАТО... поготово Украина во никој случај. Имаше еден пост тука од Off net за тоа што значи Украина за безбедноста на НАТО (случајно го познавам дечкото што го напиша и го имаше пред некој ден постирано на фб и сакав да го постирам тука уште пред да отиде на off net, ама си реков батали да не му праам проблеми на човекот). Така да, без разлика што операцијата е агресивна, има дефанзивен карактер.

Е сега како и зошто влегоа во Украина е прашање од тактички карактер. Гледам тука на форумов кај доста луѓе владее мислење дека Украина требало да падне цела до сега, што е нон сенс и тотално непознавање на модерна војна. И тоа е дефакто западна пропаганда за да се деградира Руската операција која судејќи по развојот на настаните иде побрзо од било кое познато напредување во историјата, вклучително и Американските интервенции.

Ете и Владе рече, ќе потвртам и јас, Русија исто така има начин да удри со ракетна и стандардна артилерија и да ги направи градовите пепел, како што всушност САД правеше пред да влезе во Украина и пешадијата само на готово да го потврди теренот. Но не направија така, зошто и како незнам, но дефинитивно е доста похуман начин од оние кои сме навикнати да ги гледаме.

Интеракцијата со локалното мирно население им е претежно мирна иако во неколку случаи гледавме дека се бунат против нив и ги бркаат. А тоа ми говори дека имало причина што вака влегле по цена да имаат поголеми загуби. Да речеш дека политичко-воена машинерија која речиси од пепел ја издигна Русија и ја врати во игра на големо, направила почетничка грешка е нонсенс. Згора на тоа со искуство во неколку војни.

Што се случува на север, зошто се тие конвоите и што значат, појма немаме. Повежето уништени конвои што ги видовме на видеа, немаа човечки жртви, тоа значи дека се напуштени. Дезертерство да имаше масовно, досега ќе се познаеше и немаше да има толкав напредок на терен. Опремата што се користи вака барем во јавност што гледаме е доста стара, јас имам видено на 2 пати како влечат со друг камион град систем. Ептен стара опрема се користи. Зошто и како незнам. Можам само да претпотавам. Напади нема сериозни во големите градови, само влегуваат извидници и спотери и набргу излегуваат и нели се бомбардира. Најверојатно тоа им е тактиката, за да се избегнат непотребни цивилни жртви. Северот нема никакво движење, но од друга страна и целосно е блокирана одбраната и целата акција е на Југ и на Исток. А колку што знам главнината на Украинската армија е стационирата таму, во еден голем џеб.

САД кажува дека Украина е веќе на колена, му припремаат влада во егзил на Зеленски. Зеленски упорен во одбраната. Твитер фрчи и им дава лажна надеж на Украинците. Нацистите ги убиваат „предавниците“ и регрутираат деца. Све подсеќа на Берлин 1945.

Едно знам за сигурно, Руската инвазија на Украина оди перфектно по план.


Од друга страна Русите политички и економски најверојатно се обезбедиле со Кина, Индија, Пакиста, Иран, Бразил како нивни стратешки партнери. Одма после избивање на војната потпишаа стратешки енергетски договор со Кина за гасовод низ Монголија. Во Кина расположението е еуфорично проруски, што значи дека пропагандата силно работела на тоа веќе некое време. Кина прави првпат во својата историја воздушно десантни вежби.

Од ова све си мислам дека Кина гледа можност да удри на Тајван или пак во најмала рака заканата на Тајван да е некаква оптичка варка. Пошто не можеш да го подцениш западот. И покрај економската големина на Кина и покрај интервенцијата на Русија, сепак САД се сеуште тие што ги држат конците. И реков, ќе го тргнат овој кловн на власт и наместо да си гледаат приватни бизниси ќе дојдат некои сериозни чичковци да ја опраат работата и тогаш ќе се изгуби моментумот на Кина. САД и западна Европа, ќе почнат да смислуваат алтернативи на Кина, па и за Тајван, па за неколку години, а можеби и деценија, Кина нема да ја има истата улога што ја има денес. Па макар и да им ги заплени фабриките на западњаците.
Болтон некни рече дека Путин чекал САД да излезат од НАТО, нешто што Трамп сакал да го направи во 2018, но се откажал, но планирал во вториот мандат обавезно да го направи.

Со оглед дека Трамп изгуби, немаше повеќе што да чека Путин.

Сега е јасно дека дури и Горбачов да беше на чело на Русија ова ќе се случеше.

Во поглед на Кина, таа историски не е земја која имала агресивна надворешна и воена политика. Многу е помека во тој поглед и мислам дека и сега така ќе постапи, посебно што има уникатна позиција во светот.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.298
Поени од реакции
11.599
Абе лошо е во ова време ако не можеш да препознаеш фејк нјус. Порачај си на Амазон и утре ќе ти стригне: https://www.amazon.de/Arnold-6011-X1-2000-Metall-Kraftstoffkanister-schwarz/dp/B00T6HP7XI/ref=zg_bs_82546031_3/258-9042783-0986502?pd_rd_i=B08JR14GJ2&psc=1

Нема потреба да купам како што гледам сите бензински околу мене имаат бензин. Нема да гледаме слики како во Македонија. И брашно имаме ако те интересира.
А ушто полошо е што целот твое мислење и став се базира на фејк њус/пропаганда.
 
Член од
1 мај 2021
Мислења
188
Поени од реакции
760
Богами со аваторот што си го ставил и ти не си далеку од таму... Или па у сну сан со Драго Плечко.
Не сум поборник на јудеомасонски прикаски, аватарот ми е у чест на моите мијачки предци :D
 
Член од
31 јануари 2022
Мислења
377
Поени од реакции
995
На почетокот делуваше како Русите да имаат пуштено резервисти, а и очигледно беше дека одат доста лабаво. Допрва ќе стигнат „професионалците“ и се ќе се реши во најбрз временски период.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.888
Поени од реакции
5.015
Што е со лабораторииве за биолошко оружје што ги спомнуваат?
Такви лаборатории спомена и М. Велиновска, кога Русите упаднаа во Казахстан и (вели...) собраа документација за тие објекти.
Постоењето на лаборатории за развивање вируси во државите кои се непосредни соседи со РФ, е „јавна тајна„ со години по ред.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Да не се лажеме, имаат некои многу глупи пропусти русите. Како на пример, прееска баш видов, не знам точно која област беше, пуштиле еден или два камиони и едно волизо, ко на америте хамерите што им се, по некој шумски пат. Нормално ги начекале во заседа и ги земале најверојатно во заробеништво, пошто тела немаше. Многу вакви грешки имаат каде го јадат од заседи, зошто не се добро обезбедени.
Тоа го спомнав неколку пати, видов 30тина видеа од уништени Руски конвои. Ретко кај некои видов тела (во Керсон имаше тела и очигледни траги од борба) Кај повеќето ни тела, ни крв, ни оштетен асфалт. Ако на пример немало луѓе во конвоите, зошто и како биле уништени и зошто при толкав обим на уништување нема лешеви... Или требаше она „Русите си носат крематориум со себе“, да послужи за тоа. Јас пак ќе кажам. Да имаше сериозни пропусти немаше да напредуваат толку. Украина има 3К тенкови и логистика на најголемата воена машинерија во свет.

Еве побарај војна некоја во светот последните 30 години, ајде 60 нека бидат, проучи ги и кажи ми во која војна некоја Армија освоила толкаво пространство. Па после дојди и ќе збориме.
 
Последно уредено:
Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.630
Поени од реакции
3.784
A long time ago in a ........
Uppps , wrong direction ... so - A short time ago...and now they no longer exist...





Хвала брате Путине...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Болтон некни рече дека Путин чекал САД да излезат од НАТО, нешто што Трамп сакал да го направи во 2018, но се откажал, но планирал во вториот мандат обавезно да го направи.

Со оглед дека Трамп изгуби, немаше повеќе што да чека Путин.

Сега е јасно дека дури и Горбачов да беше на чело на Русија ова ќе се случеше.

Во поглед на Кина, таа историски не е земја која имала агресивна надворешна и воена политика. Многу е помека во тој поглед и мислам дека и сега така ќе постапи, посебно што има уникатна позиција во светот.
Кина во својата суштина е земја империјалистички корени, слично како САД и Русија, неможеме да се замајуваме сега тука. Помека не е бидејќи е помудра, туку бидејќи е пострплива во суштина. Но доколку увиди опасност, тогаш нема да се двоуми да делува.

Доколку војската на САД стварно стои позади Тајван и доколку интервенција во Тајван би значела војна со САД, можеби нема да се одлучи, но во секој случај не се сомневам да и даде целосна подршка на Русија во оваа војна. Можеби и додека фокусот е со Русија, растењето на Кина да се стави во втор план на западот. Може си тука во право.
Автоматски споено мислење:

@Fenix955 Ете пошто тврдиш дека се разбираш од оружје и војни, имаш интернет, можеш ли да просрчаш да најдеш воена интервенција што е подобро и побрзо изведена.

Мислам наместо да се кезиш ко бугарите на постовиве што не ти се свиѓаат.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Кина во својата суштина е земја империјалистички корени, слично како САД и Русија, неможеме да се замајуваме сега тука. Помека не е бидејќи е помудра, туку бидејќи е пострплива во суштина. Но доколку увиди опасност, тогаш нема да се двоуми да делува.

Доколку војската на САД стварно стои позади Тајван и доколку интервенција во Тајван би значела војна со САД, можеби нема да се одлучи, но во секој случај не се сомневам да и даде целосна подршка на Русија во оваа војна. Можеби и додека фокусот е со Русија, растењето на Кина да се стави во втор план на западот. Може си тука во право.
Автоматски споено мислење:

@Fenix955 Ете пошто тврдиш дека се разбираш од оружје и војни, имаш интернет, можеш ли да просрчаш да најдеш воена интервенција што е подобро и побрзо изведена.

Мислам наместо да се кезиш ко бугарите на постовиве што не ти се свиѓаат.
Ислушај го видеово прво. Доста информации ќе чуеш и научиш, барем јас научив доста верувам и ти.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom