Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    732

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
Тоа вака НАТО се на стаклени нозе, рачунај утре ако дојде до конфликт НАТО - Русија, пола НАТО членки ќе одбијат да учествуваат. Ете толку е (не) функционален сојузот.
Кој е точно НАТО? Америка, УК, Франција и Турција се единствени што можат да придонесат некаква контрибуција во било каков воен конфликт со Русија, се останато ќе биде прегазено за два дена. Ако Америка се повлече, и ЕУ почне да инвестира во ЕУ армија, тогаш постои опасност од внатрешно крахирање. ЕУ не е Америка, имаш држави во тој сојуз коишто немаат ништо заедничко едни со други. Башка без САД, некој ќе мора да го превземе приматот на централна Европска сила која ќе ја гарантира безбедноста и ќе го пополни вакумот оставен од САД. Едната е Франција, а другата би била Германија. САД никогаш нема да дозволи Германија да направи реарминг, едно што ќе им го расипат бизнисот, друго што ќе се отворат раните од пред 80 години.

Зошто мислиш дека ни одговара? Мислиш дека има во рок од една недела нема да бидеме поделени од Грција,Бугарија и Албанија/Косово?
Прво и основно, ЕУ не не сака нас, Македонија НИКОГАШ нема да биде членка на ЕУ, факт, крај на муабет, точка. Водејки се по тоа, постоењето на тој сојуз е против нашите интереси. Второ, во најдобар интерес на оваа држава е да не стапува во никакви сојузи и алијанси каде членува Република Бугарија.

Единствена опасност да изгубиме дел од територијата или некој нешто да окупира се Косоварите/Албанците. Грција и Бугарија реално нема што да прават тука, ниту тие не сакаат нас, ниту ние нив. Остануваат само соседите од Север, етничките Македонци се про Српски настроени, и најлесно ќе прифатат да живеат во иста држава со Србите, главно ради тоа што они не се закрвавија со нас при распадот на Југославија. Нормално, ако нема друга алтернатива и Македонија неможе да остане независна, Федерација со Србија е единствена опција што современиот Македонец ќе ја прифати без да има крв по улиците.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.384
Поени од реакции
7.017
Русија воено тактички потфрли многу , наместо да се престави како една агилна реформирана армија се претстави како советска армија која ќе заобиколи град и гранатира све што мрда за да види светот дека се силни. Грозни 2.0
Дај да ги видиме градовите во кои е гранатирано се што мрда. Претпоставувам дека треба да бидат налик градовите во Србија, Ирак, Сирија, Либија, Иран.
За тоа дека потфрлија тактички до некаде и се сложувам.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178

Еве ти вистиснки фашист. Поранешен шеф на Билд.

Превод:

9. Russian citizens are citizens of an aggressive power that we have rightly declared our enemy. Should we expel Russian citizens from the EU? Now? In case of war?

Е сега околу 7.5 милиони руско јазично население има во Германија. Му фали уште да предложи да ги реактивираат Аушвиц и Треблинка. Незнам што се воздржува.
И вакво лица ти се на медиуми кои треба да оформуваат јавно мислење во една Германија.
Остај го Рајхелт нема никаква улога, приватно мислење му е. А тие русофони кои ги нарекувап се Германци, иначе не би биле тука.
Автоматски споено мислење:

Не знам што те чуди. Западните медиуми во последниве денови беа полни со расизам. Воопшто не ги зимам во предвид кометрарите за Русија и русите. Толку расистички пораки се пратија, а замисли не видов ни еден протест, побуна, на просветлените французи, германци, австријци, холанѓани, белгијци. Еве Игорче (не му го памтам новиот јузер нејм) како дел од тој цивилизиран, западен свет, ни збор не видов да спомне.
Што те интересира друже? Мене мотивот ми е да нема многу жртви во Украина и да не им се руши државата. Не сум контра Русија ако тоа мислиш. Ама дека тие се агресорот и ја нападнаа Украина и убиваат Украинци и рушат нивни градови, тоа е факт.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.305
Поени од реакции
11.629
Демонстрациите во Русија се неуставни и незаконски.
Таму немаш право на друго мислење освен да го фалиш Путин и неговата политика.
За jamajka & sie се ово е во ред...

Ај некое видео од Каталонија прати ми. Сакам да видам демокартијата каква е во ЕУ и САД.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Америка ќе влези во војна за Тајван.

Тешко дека кинеската армија ќе може да се носи со тоа.

Мислам зошто би ризикувале воопшто, кога им требаат на американците, им требаат на русите.

Центар ќе бидат во светот. Еве гледав 2021 Кина е број еден по БДП, пред САД.
Искрено да ти кажам не ми е уште целосно јасна ситуацијата. Има доста нејасна ситуација. Прво не мислев дека Русија ќе влезе во Украина. Не за друго, туку мојот став е дека не е сеуште спремна.

Е сега викаат дека имало тука 2 моменти а првиот бил дека планирале напад на Крим и на Донбас, ова не е официјално соопштение на Русија, но иде од високи кругови. И второто е нуклеарната програма на Киев, која ја потврдија и официјално како една од причините. И демек затоа ја донеле одлуката сега. Сепак јас си мислам дека одлуката е донесена сега, затоа што се спремале 8 години за ова, овие две работи и да се вистина, немаат врска со причината, туку така се погодило во моментот.


Е сега втора работа е што влегоа all in и се заканија дека нема да размислуваат да употребат нуклеарки. Реално гледано Украина во НАТО е сериозна безбедносна закана на Руската одбранбена доктрина. Русија никако не може да си дозволи Украина и Казахстан во НАТО... поготово Украина во никој случај. Имаше еден пост тука од Off net за тоа што значи Украина за безбедноста на Русија(случајно го познавам дечкото што го напиша и го имаше пред некој ден постирано на фб и сакав да го постирам тука уште пред да отиде на off net, ама си реков батали да не му праам проблеми на човекот). Така да, без разлика што операцијата е агресивна, има дефанзивен карактер.

Е сега како и зошто влегоа во Украина е прашање од тактички карактер. Гледам тука на форумов кај доста луѓе владее мислење дека Украина требало да падне цела до сега, што е нон сенс и тотално непознавање на модерна војна. И тоа е дефакто западна пропаганда за да се деградира Руската операција која судејќи по развојот на настаните иде побрзо од било кое познато напредување во историјата, вклучително и Американските интервенции.

Ете и Владе рече, ќе потвртам и јас, Русија исто така има начин да удри со ракетна и стандардна артилерија и да ги направи градовите пепел, (како што всушност САД правеше) пред да влезе во Украина и пешадијата само на готово да го потврди теренот. Но не направија така, зошто и како незнам, но дефинитивно е доста похуман начин од оние кои сме навикнати да ги гледаме.

Интеракцијата со локалното мирно население им е претежно мирна иако во неколку случаи гледавме дека се бунат против нив и ги бркаат. А тоа ми говори дека имало причина што вака влегле по цена да имаат поголеми загуби. Да речеш дека политичко-воена машинерија која речиси од пепел ја издигна Русија и ја врати во игра на големо, направила почетничка грешка е нонсенс. Згора на тоа со искуство во неколку војни.

Што се случува на север, зошто се тие конвоите и што значат, појма немаме. Повежето уништени конвои што ги видовме на видеа, немаа човечки жртви, тоа значи дека се напуштени. Дезертерство да имаше масовно, досега ќе се познаеше и немаше да има толкав напредок на терен. Опремата што се користи вака барем во јавност што гледаме е доста стара, јас имам видено на 2 пати како влечат со друг камион град систем. Ептен стара опрема се користи. Зошто и како незнам. Можам само да претпотавам. Напади нема сериозни во големите градови, само влегуваат извидници и спотери и набргу излегуваат и нели се бомбардира. Најверојатно тоа им е тактиката, за да се избегнат непотребни цивилни жртви. Северот нема никакво движење, но од друга страна и целосно е блокирана одбраната и целата акција е на Југ и на Исток. А колку што знам главнината на Украинската армија е стационирата таму, во еден голем џеб.

САД кажува дека Украина е веќе на колена, му припремаат влада во егзил на Зеленски. Зеленски упорен во одбраната. Твитер фрчи и им дава лажна надеж на Украинците. Нацистите ги убиваат „предавниците“ и регрутираат деца. Све подсеќа на Берлин 1945.

Едно знам за сигурно, Руската инвазија на Украина оди перфектно по план.


Од друга страна Русите политички и економски најверојатно се обезбедиле со Кина, Индија, Пакиста, Иран, Бразил како нивни стратешки партнери. Одма после избивање на војната потпишаа стратешки енергетски договор со Кина за гасовод низ Монголија. Во Кина расположението е еуфорично проруски, што значи дека пропагандата силно работела на тоа веќе некое време. Кина прави првпат во својата историја воздушно десантни вежби.

Од ова све си мислам дека Кина гледа можност да удри на Тајван или пак во најмала рака заканата на Тајван да е некаква оптичка варка. Пошто не можеш да го подцениш западот. И покрај економската големина на Кина и покрај интервенцијата на Русија, сепак САД се сеуште тие што ги држат конците. И реков, ќе го тргнат овој кловн на власт и наместо да си гледаат приватни бизниси ќе дојдат некои сериозни чичковци да ја опраат работата и тогаш ќе се изгуби моментумот на Кина. САД и западна Европа, ќе почнат да смислуваат алтернативи на Кина, па и за Тајван, па за неколку години, а можеби и деценија, Кина нема да ја има истата улога што ја има денес. Па макар и да им ги заплени фабриките на западњаците.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.725
Поени од реакции
33.970
Демонстрациите во Русија се неуставни и незаконски.
Таму немаш право на друго мислење освен да го фалиш Путин и неговата политика.
За jamajka & sie се ово е во ред...

Eдно време требаше Јужен Ток да поминува низ Бугарија, после чинам некои демонстрации „спонтано“ имаше и владата ви падна... Потоа новата влада една од првите работи што направи е да се откаже од учество во гасоводот. За таква демократија зборуваш?

Патем онаму во видеата нема ни блиску до „илјадници“ демонстранти, а ако ги апселе имало зошто ги апсат. Најпосле ќе имаат шанса на следните избори да ја сменат владата во Русија, ако навистина мнозинството се против бранење на државата... Тешко таа работа, сеуште добро се сеќаваат луѓето на периодот кога таквите како Јелцин беа на власт.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Игорче што се дешава, зошто ги изнакупиле сите? Патем, да не купи и ти или?

Абе лошо е во ова време ако не можеш да препознаеш фејк нјус. Порачај си на Амазон и утре ќе ти стригне: https://www.amazon.de/Arnold-6011-X1-2000-Metall-Kraftstoffkanister-schwarz/dp/B00T6HP7XI/ref=zg_bs_82546031_3/258-9042783-0986502?pd_rd_i=B08JR14GJ2&psc=1

Нема потреба да купам како што гледам сите бензински околу мене имаат бензин. Нема да гледаме слики како во Македонија. И брашно имаме ако те интересира.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Не го тангира Игорче тоа, 10 евра плус минус за гориво не му играат улога. А и он лично ретко користи сопствен превоз.
Немој сега да бидеш парти крашер.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
А ти си воен генерал вака, што е агилна реформирана армија што ќе гаѓа пичкински од воздух да гранатира да не гледа ни цивили ни ништо , ко Америка во Сирија или Афганистан. Абе испран ви е мозокот скроз.
Работата ми е поврзана со defense sector/ одбранбена индистрија, не сум генерал ама имам солидно знаење за одредени системи.

Во ваков тип на војна не се покажаа како онаа моќна руска армија, имиџ кој е граден со векови.

Тој пичкински начин со precission guided ammunution е 1000 пати подобар од TOS-A1 во сите аспекти освен проектирање страв.

Авијацијата им е моментално неискористена. Тоа укажува на неколку фактори:

1. Немаат воспоставено воздушна доминација
2. Немаат капацитет да извршат комплексни операции во простор во кој немаат контрола.

Излегуваат видеа каде цели resupply колони им се уништетни од дрон или пак јавелин.

Прост пример:
Колона се движи без воздужна поддршка, украинциве уништуваат конвој и бегаат. Да имало одреден дрон/су25 за close air support би правеле пепел Русите.
Дрон за воздушно изведување пред колоната скенира од 1-2 км висина, су-25 кој е на стенд бај добива инфо од дронот се упатува кон координатите од дронов да неутрализира заседа , додека конвојот е веќе спремен за фронтална борба и во таква формација.


Су-34 знаеш што требаше да прават по цела длабочина на Украина да ја ораат да не смее да мрдне Украински конвој. Ние гледаме како стингери бутаат Ми 35.

Имам мн да пишувам за ова.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.712
Поени од реакции
12.713
Во однос на тоа ЕУ да батали НАТО и да си формира своја воена гранка што по потреба би играла со Русија...

"Европа" никогаш нема да си дозволи да се сврти кон Русија. Тоа се длабоко вкоренети паранои кон се што е Словенско, како тие луѓе се ништо подобри од варвари. Ако во САД се зборува како има расизам кон се освен белец, во "Европа" така се доживеани славјанските народи. Не зборувам само за Русија, можите да си видите според тоа како е третиран Балканот и Источна Европа.

Чисто како факт, едњн од тоа "миротворците" пратени во 2001, Французин, човекот изненаден дека ние сме имале инфраструктура. Мислел дека живееме во бунгалови и импровизирани колиби.


Во однос на војнава/конфликтот ќе испадне обратно сценарио од САД/Ирак. Овие никогаш не најдоа WMD, а овие, од ден на ден се повеќе гомненца наоѓаат.

Ми делува како мислењето полека да се врти, не про-Русија, али сигурно не #PrayForUkraine
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Русија воено тактички потфрли многу , наместо да се престави како една агилна реформирана армија се претстави како советска армија која ќе заобиколи град и гранатира све што мрда за да види светот дека се силни. Грозни 2.0
Може да покажеш пример за некоја војна кај што американците за 10 дена освоилие 140.000 километреи квардатни ?

Колку да споредиме како потфрлиле
 

Kajgana Shop

На врв Bottom