Америка ќе влези во војна за Тајван.
Тешко дека кинеската армија ќе може да се носи со тоа.
Мислам зошто би ризикувале воопшто, кога им требаат на американците, им требаат на русите.
Центар ќе бидат во светот. Еве гледав 2021 Кина е број еден по БДП, пред САД.
Искрено да ти кажам не ми е уште целосно јасна ситуацијата. Има доста нејасна ситуација. Прво не мислев дека Русија ќе влезе во Украина. Не за друго, туку мојот став е дека не е сеуште спремна.
Е сега викаат дека имало тука 2 моменти а првиот бил дека планирале напад на Крим и на Донбас, ова не е официјално соопштение на Русија, но иде од високи кругови. И второто е нуклеарната програма на Киев, која ја потврдија и официјално како една од причините. И демек затоа ја донеле одлуката сега. Сепак јас си мислам дека одлуката е донесена сега, затоа што се спремале 8 години за ова, овие две работи и да се вистина, немаат врска со причината, туку така се погодило во моментот.
Е сега втора работа е што влегоа all in и се заканија дека нема да размислуваат да употребат нуклеарки. Реално гледано Украина во НАТО е сериозна безбедносна закана на Руската одбранбена доктрина. Русија никако не може да си дозволи Украина и Казахстан во НАТО... поготово Украина во никој случај. Имаше еден пост тука од Off net за тоа што значи Украина за безбедноста на Русија(случајно го познавам дечкото што го напиша и го имаше пред некој ден постирано на фб и сакав да го постирам тука уште пред да отиде на off net, ама си реков батали да не му праам проблеми на човекот). Така да, без разлика што операцијата е агресивна, има дефанзивен карактер.
Е сега како и зошто влегоа во Украина е прашање од тактички карактер. Гледам тука на форумов кај доста луѓе владее мислење дека Украина требало да падне цела до сега, што е нон сенс и тотално непознавање на модерна војна. И тоа е дефакто западна пропаганда за да се деградира Руската операција која судејќи по развојот на настаните иде побрзо од било кое познато напредување во историјата, вклучително и Американските интервенции.
Ете и Владе рече, ќе потвртам и јас, Русија исто така има начин да удри со ракетна и стандардна артилерија и да ги направи градовите пепел, (како што всушност САД правеше) пред да влезе во Украина и пешадијата само на готово да го потврди теренот. Но не направија така, зошто и како незнам, но дефинитивно е доста похуман начин од оние кои сме навикнати да ги гледаме.
Интеракцијата со локалното мирно население им е претежно мирна иако во неколку случаи гледавме дека се бунат против нив и ги бркаат. А тоа ми говори дека имало причина што вака влегле по цена да имаат поголеми загуби. Да речеш дека политичко-воена машинерија која речиси од пепел ја издигна Русија и ја врати во игра на големо, направила почетничка грешка е нонсенс. Згора на тоа со искуство во неколку војни.
Што се случува на север, зошто се тие конвоите и што значат, појма немаме. Повежето уништени конвои што ги видовме на видеа, немаа човечки жртви, тоа значи дека се напуштени. Дезертерство да имаше масовно, досега ќе се познаеше и немаше да има толкав напредок на терен. Опремата што се користи вака барем во јавност што гледаме е доста стара, јас имам видено на 2 пати како влечат со друг камион град систем. Ептен стара опрема се користи. Зошто и како незнам. Можам само да претпотавам. Напади нема сериозни во големите градови, само влегуваат извидници и спотери и набргу излегуваат и нели се бомбардира. Најверојатно тоа им е тактиката, за да се избегнат непотребни цивилни жртви. Северот нема никакво движење, но од друга страна и целосно е блокирана одбраната и целата акција е на Југ и на Исток. А колку што знам главнината на Украинската армија е стационирата таму, во еден голем џеб.
САД кажува дека Украина е веќе на колена, му припремаат влада во егзил на Зеленски. Зеленски упорен во одбраната. Твитер фрчи и им дава лажна надеж на Украинците. Нацистите ги убиваат „предавниците“ и регрутираат деца. Све подсеќа на Берлин 1945.
Едно знам за сигурно, Руската инвазија на Украина оди перфектно по план.
Од друга страна Русите политички и економски најверојатно се обезбедиле со Кина, Индија, Пакиста, Иран, Бразил како нивни стратешки партнери. Одма после избивање на војната потпишаа стратешки енергетски договор со Кина за гасовод низ Монголија. Во Кина расположението е еуфорично проруски, што значи дека пропагандата силно работела на тоа веќе некое време. Кина прави првпат во својата историја воздушно десантни вежби.
Од ова све си мислам дека Кина гледа можност да удри на Тајван или пак во најмала рака заканата на Тајван да е некаква оптичка варка. Пошто не можеш да го подцениш западот. И покрај економската големина на Кина и покрај интервенцијата на Русија, сепак САД се сеуште тие што ги држат конците. И реков, ќе го тргнат овој кловн на власт и наместо да си гледаат приватни бизниси ќе дојдат некои сериозни чичковци да ја опраат работата и тогаш ќе се изгуби моментумот на Кина. САД и западна Европа, ќе почнат да смислуваат алтернативи на Кина, па и за Тајван, па за неколку години, а можеби и деценија, Кина нема да ја има истата улога што ја има денес. Па макар и да им ги заплени фабриките на западњаците.