Добро прашање.
Ова се вистински прашања.
Факт е дека западот Украина не ја смета за своја или братска држава. Оти да ја сметаше за своја блиска држава ќе и помогнеше, а немаше да ја остави на милост и немилост на путин...
Но, освен на зборови кои ништо не важат, Украина не беше дел од западот ни на папир.
Од друга страна балтикот барем на папир е. Дали западот има почит, пријателство према овие држави и дали ќе се држи до договорите и принципите кои сам си ги напишал е друго прашање.
Ќе дојде и тој момент на вистина...
Ама ако ја пушти низ вода Литванија, што правиме потоа со Полска, Австрија, Чешка, Источна Германија... Дали и нив ќе ги остават на немилост на непријателот...
Дали западот е спремен пола европа да ја остави без топла вода и греење среде зима? Оти на твитер големите инфлуенсери од западот нормално од големо растојаноие викаат да се забрани рускиот плин... ЛЕсно е да го забраниш кога имаш топла вода дома која не ти зависи од плинот... Ама што тој запад направи, да не мора источна европа да е зависна од плинот...
Момент на вистината.Или западот ќе го одреши кесето и ќе ги третира државите од источна европа како свои пријатели или готово е со сите сојузи западни на таа почва... Изгледа русите играат на таа карта, да го тестираат западот..
Самото тоа што ја пуштија Украина низ вода отвара големи прашања за лојалноста на западот... Дали навистина е лојален кон своите пријатели... Зеленски по 10 пати денот ги моли за помош, овие сликички со украински знамиња редат наместо да дадат конкретна помош...
Ова е трета светска војна, нема тука дебата. Ја почна Русија... Ама не е тоа битно, Русија треба да биде поразена, само на западот тоа уште не му е јасно изгледа...