Лично не ме интересира ниту едната ниту другата страна, но мислам дека медиумите прават преголема фама со целиот настан.
Така ги палат и украинците, и жал ми е оти навистина ги почитувам како народ. Имам неколку колеги од таму со кои соработуваме, со еден и до пред 2 месеци, и им го разбирам многу добро моментот дека не се чувствуваат како Руси, нешто што ме потсеќа на нас кога други пробуваат да ни наметнат етикети.
Проблемот е што имаат погрешни аспирации од поглед на воена безбедност, од аспект на економија требаше да се насочуваат кон ЕУ, а од воена безбедност требаше да се изјаснат дека ќе бидат воено неутрални (и на хартија да потпишат дека никогаш нема да стапат во ниту еден воен сојуз, нешто како Финска), тоа му го имам зборувано и нив кога сме разговарале за вакви теми. Имаат голема предност споредено со Македонија (поголема територија, повеќе народ, повеќе природни ресурси), но за жал се отепани економски максимално (читај грешни политики).