Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    733
Член од
16 април 2014
Мислења
7.305
Поени од реакции
11.632
Се плашам дека оваа војна ќе го дотепа ионака слабото чувство за политичка реалност на македонскиот народ. Еве на примерот со јазиците, имаме скоро идентична ситуација. Едниот народ, поброен, со подолга историја на државност, му го негира правото на помалиот, со пократка историја на државност, својот јазик да го смета за засебен.

И наеднаш имаш украинскиот е дијалект на рускиот, Зеленски Педер, напред Путин, а вториот случај имаш Каракачанов педер, напред Вардар. А иронијата да биде поголема, македонскиот и бугарскиот се многу послични од украинскиот и рускиот. Ситуацијата симетрична, решението спротивно. Зошто, затоа што така навиваме во моментов.

Класична македонска шизофренија и неспособност да ги согледаш својот политички интерес во одредена ситуација.
Ако мислиш малце со своја глава, поучен од минатото: Нашите пријатели ЕУ и УСА ке ги протолкуваат овие ситуации различно. Ама знаеш како? Дека македонскиот е дијалект од бугарскиот, а украинскиот нема врска со рускиот, пошто така му одговара на Еу. Не си ваљда толку наивен да мислиш дека ист исход ке имаат и двата спора?
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.100

Украинскиот и Рускиот јазик, се како Хрватскиот и Словенскиот јазик.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.898
Поени од реакции
23.299
Царе, од секогаш имало и ќе има газди. Тоа што им се љутиш на Јенките, не значи дека наредните ќе бидат подобри. Исто како кога ги предупредуваше шарените дека не е проблем претходната фамилија да се смени и казнат, туку тие што ќе ги наследат, уште полошо ќе биде.
Posledno kolku sto proveriv, krvta seuste mi e crvena, ni traga od plavo nema. Taka da tolku od mojata aristrokratska krv.
Inaku pretpostavuvam deka neubavo si me sfatil.
Nadvor od umot e sega za sega duri i da se pomisli deka nekoj moze da ja smeni SAD od vrvot i da ja zameni, pa prema toa bezpredmetno e da diskutirame dali nivnata zamena ke bidi polosa.
Zboruvam za nekoj vid na kontrola, bipolarnost ili tripolarnost koj ke mu stavi kraj na ajde nekontroliranoto izzivuvanje na SAD vrz ostatokot na svetot preku pozicija na sila bez da snosat ili pocustvucaat posledici za toa.
Znaci ne zamena na eden so drug tuku kontrola na edni so drugi.
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Ако мислиш малце со своја глава, поучен од минатото: Нашите пријатели ЕУ и УСА ке ги протолкуваат овие ситуации различно. Ама знаеш како? Дека македонскиот е дијалект од бугарскиот, а украинскиот нема врска со рускиот, пошто така му одговара на Еу. Не си ваљда толку наивен да мислиш дека ист исход ке имаат и двата спора?
И еве го, легендарното калимерство. Наместо да ја искористиме ситуацијата каде што Украина е главна тема, и да потенцираме дека сме во потполно иста ситуација спрема Бугарите, ние уште неебени офкаме. А во меѓувреме тврдиме дека украинскиот е дијалект на рускиот. И се чувствуваме навредени дека евроамбасадорот денес ни кажа дека не се споредувале ситуациите.

Прво сами тврдиме дека не е исто, после сме навредени. Ужасно глуп народ живее овде, не знае да собере 2 и 2.
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Украинскиот и Рускиот јазик, се како Хрватскиот и Словенскиот јазик.
Јас се извинувам, прочитав како хрватскиот и српскиот па те навредив, ама го избришав постот. :nesumjas:
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
И еве го, легендарното калимерство. Наместо да ја искористиме ситуацијата каде што Украина е главна тема, и да потенцираме дека сме во потполно иста ситуација спрема Бугарите, ние уште неебени офкаме. А во меѓувреме тврдиме дека украинскиот е дијалект на рускиот. И се чувствуваме навредени дека евроамбасадорот денес ни кажа дека не се споредувале ситуациите.

Прво сами тврдиме дека не е исто, после сме навредени. Ужасно глуп народ живее овде, не знае да собере 2 и 2.
Ние никако не можеме да ќариме од оваа ситуација... Ние никако не можеме да ќариме од ниедна ситуација. Ние ќе тераме како што ќе кажат Албанците кои ја водат државата.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168

Односите помеѓу Русија и Украина се буквално исти како Бугарија и Македонија. Мислам дека шизофренијата настанува затоа што за некои луѓе е тешко за признавање тоа.
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Ние никако не можеме да ќариме од оваа ситуација... Ние никако не можеме да ќариме од ниедна ситуација. Ние ќе тераме како што ќе кажат Албанците кои ја водат државата.
Нели ти беше против ширење дефетизам? Имаме политички пенал тука, треба да дадеме гол. Во ЕУ нема баш многу разбирање за политиката на Бугарија спрема Македонија, сега треба да се притисне. Ама не, ќе си ќутиме оти Албанците бла бла бла...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Нели ти беше против ширење дефетизам? Имаме политички пенал тука, треба да дадеме гол. Во ЕУ нема баш многу разбирање за политиката на Бугарија спрема Македонија, сега треба да се притисне. Ама не, ќе си ќутиме оти Албанците бла бла бла...
Дали ти мислиш дека тоа што ние ќе кажеме тука ќе влијае на нешто жити леб ?
Ние да имавме паметни политичари кои ги гледаа националните интереси, а не полтрони, дали мислиш дека ќе бевме на ова дереџе ?
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Односите помеѓу Русија и Украина се буквално исти како Бугарија и Македонија. Мислам дека шизофренијата настанува затоа што за некои луѓе е тешко за признавање тоа.
Нормално, како би можел царот Путин спрема некого да биде неправеден како што се Бугарите неправедни спрема нас.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
Мнозинството од луѓето се бесконечно глупи (овде не мислам на членот кој го цитирам) па апсолутно секакви пропагандни глупости поминуваат.
....ауууу а ти врло паметна ? цц ццц, остала си увек иста
Ти имаш прошетано до Украина?
....да, два пати!
Ајдееее, Бијонс ја окупира и оваа тема како Путин Украина. :pipi:
...и' се може, таа е староседелец на форумов, ти си новодојденец, тукушто си стапнал на кајгана територија и сакаш доминација, па уште навредуваш, јас не сум Путин, па да те чешлам! :cautious:
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Дали ти мислиш дека тоа што ние ќе кажеме тука ќе влијае на нешто жити леб ?
Ние да имавме паметни политичари кои ги гледаа националните интереси дали мислиш дека ќе бевме на ова дереџе ?
Па самиот народ не си ги познава политичките интереси. Не можеш потоа да очекуваш некој политичар да го спроведе тоа. Еве кога би постоел артикулиран став во македонското општество дека ние сме жртви како Украинците, тоа би создало одреден притисок врз политичарите. Вчера или завчера Бугарскиот премиер го гаѓаа со снежни топки проруски сили во Бугарија, уште еден пенал за нас.

Ама не, Путин тепа нацисти во Украина, западот е зло, ние сме вечно оштетени.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom