Помош при избор на велосипед и останата опрема (цени, совети, споредби...)

Дали се наоѓа нов „женски велосипед“ до кај 200 евра? (ми треба за поклон, половните ми излегуваат од математика).
Би се возел колку за пазарење и слично, 20-50 км месечно.
Гледав во Агротехна имаат Max, ама не сум сигурен дали вреди воопшто да се купи и за таа цена?
Гледав и на оваа страна, ама не ги следам компаниите, и немам појма како се со квалитет.
Додај уште некои 50 евра и види од српскиве:
 
Мене Меридава, али им оставам на поупатените да ти кажат кој. Можеби има и нешто подобро за тие пари. ;)
 
Мерида бидејки амортизерот е една класа подобар и се заклучува додека кај Kross постојано е активен и е од најевтините што ги има во сите почетни модели.
 
Ве молам за совет за купување на квалитетен велосипед до 20к, за почетник, да не е сити бајк?
 
Ве молам за совет за купување на квалитетен велосипед до 20к, за почетник, да не е сити бајк?
Квалитетен точак под 500 евра не барај. Правам муабет за нешто што личи на точак. Квалитетот на истиот е дискутабилен во таа ценовен ранг. Посебно на компонентите.
 
Па да затоа што од она што го видов за слична цена кај останатите конкуренти сите беа со послаба опрема од овој модел.Ако успееш барем уште 5% дополнителни да им спуштиш воопшто не се двоуми околу купувањето.
 
Здраво дечки ми треба совет за нов велосипед ко за почетник
Она што знам е дека сакам 29”тркало, L-ram, MTB. План ми е да го возам на кеј, низ град и чат-пат водно. Гледам два велосипеда како опција: http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&product_id=883

И слободно ако сметате дека некој друг поефтин ке ми заврши работа предложете
 
Сега го гледам и овој може да е опција:
искрено не знам дали ќе ми прави разлика со М1000pro
 
Сега го гледам и овој може да е опција:
искрено не знам дали ќе ми прави разлика со М1000pro
За на кеј ќе ти заврши работа и најевтиниот ама за качување на Водно исклучиво TRINX M 1000 Pro ради соодветниот пренос за качување од детското па до врв.Со поевтините 2 од таму до врв ќе буткаш.Муабетот ми е за угорници од околу 18% нагиб како што има Водно на последни угорници ќе ти треба преден запчаник со 22 заба а заден од 32 минимум а со 36 е песна.
 
Фала на брзиот одговор, ке одам на лице место да ги видам… вака на нет само муабет, ама кога ке те зачеша за купивање прво форум па на купување
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom