Да беа санкционирани претходните интервенции на САД, вклучително и вмешаноста во Украина, до ова денеска немаше ни да дојде.
Иначе Има резолуции, не е дека нема, само слично како и Русија и Кина и Америка има право на Вето. Па така и сегашните санкции не се од ОН туку се индивидуални, под притисок на САД.
Агресиите на САД 99/01/03 беа со учество на десетици земји, вклучувајќи ја и РМ која праќаше војници во Ирак и Афган настрана контрактори.
Прашање е какво влијание би имале санкции врз САД имајќи предвид моќта на САД, петродоларот и земањето moral highground преку пропагандата на мас-медиумите, но за жал, САД се можеби едина земја на свет заедно со Сауди Арабија над кои никогаш никој нема да воведе санкции. Зошто е тоа така е долга и широка, особено случајот со инцестуозната творевина на полуоствровот е интересен.
Значи САД се криви за тоа што Русија изврши инвазија? Или да го негираат постоењето на украјинската нација? Е тоа не сум знаел.
Украјина е 500+ години под руска управа или влијание, преживеаа милион срања за тоа време вклучително и Холодомор, некако се потценува интересот на Украјинците да престанат да бидат руска марионета како до 2014.
Кост/Бенефит, што добиваат а што губат со тоа, после 500+ години редно е да повлечат линија и да видат на што се.