У вакви времиња мило ми е што постојат енкриптирани месенџери од типот на Телеграм. Светот се движи кон комплетен тоталитаризам.
Сега мислам дека веќе е јасно колкава е моќта на Фејзбук и Инстаграм кога може у секое време да го наштелуваат алгоритмот да покажува на корисниците информации кои што на таа компанија и одговараат. Не за џабе тогаш го викнаа сопственикот да зборува пред конгрес, нели?
Интересно е што комуњариве у Македонија, како и либералите, моментално се борат за комплетно цензурирање на медиумскиот простор, т.е комплетно елиминирање на медиуми кои што имаат руско влијание, или пак медиуми кои што ја покажуваат реалната слика во Украина. Дури и некои се дрзнуваат тоа да го правдаат поради тоа што на тој начин ,,ќе цензурирале фејк њус" (нивни зборови). Сфатете дека фејк њуз има од двете страни, јас дури на Фејзбук видов промовирани постови со видеа од игра која што е воен симулатор, претставувајќи ги снимките како реални од фронтови во Украина.
Иначе, оваа ситуација со Украина многу ме потсетува на ситуацијата со БЛМ и ЛГБТ во Америка. Ставање аватари со вакви или такви знамиња, компаниите се со цел да си го максимизираат профитот у овој период штампаат каталози со продукти на кои што е украинското знаме, а секој кој што мисли со своја глава добива незаслужен епитет од типот на хомофоб, расист или во овој случај фашист.
И за крај, ако ви е толку жал за украинскиот народ, можеби немаше да го подржувате фашистот Зеленски и олигарсите кои што позираат со калашникови, а немаат ни еден ден на фронт отидено додека обичниот народот принудно го праќаат да војуваат против далеку посилна и поспремна војска. Мислам дека не сте свесни со која претпазливост Русија влегува во Украина, верувајте ми дека да беше некоја друга држава и друг народ до сега се ќе беа збришани.
Како што кажа мојата мила колешка неколку постови одозгора, право време е да се читне Орвел.