Види вака, во светот на гео-политиката, каде што имаш повеќе моќни држави, тиа си се конкуренција една на друга и пробуват да го прошират своето влијание на секое можно поле. И сега вака, ќе се навратиме малце низ историјата. Повеќето Јужно Американски земји за време на студената војна, па можеби и порано/подоцна, ја присвојуваат комунистичката идеологија. Со текот на времето, Америка преку воени интервенции, преку санкции и преку мешање во политиката на Јужно Американските земји, таа на некој начин ги оштетува, под изговор дека носе демократија во овие земји и дека нивниот народ претходно бил под режим. Е сега, нели е океј овие земји да се чуствуват загрозено, па сосема нормално е да побараат помош од Русија да се постават ракетни системи таму, нели? Нуклеарка некоа можеби? Кажи ми, зошто Америка за време на студената војна не сакала да се постават нуклеарки во Куба, а сега истата таа Америка сака да го направи тоа на границата со Русија?
Секој си го гледа својот интерес, ти сега кажуваш дека Русија има желба за експанзија, па поради тоа НАТО се шири накај неа. Зарем малце и е цела таа територија на Русија? Буквално на никој начин не видовме дека Русија сака да се прошири кон Европа, туку и во нејзина полза е да соработува со Европа. Единствено нешто шо последните 20 години беше побарано од Русија е да не се милитаризира источна Европа, односно Полска, Украина, Скандинавските земји итн итн, тоа беше услов некој за да има мир и Русија безбедно да се чуствува од Америка, поради тоа што ако Америка(НАТО) се прошири до Русија и постави нуклеарни системи, Русите ќе бидат во ранлива позиција, а како светска сила не го сакаат тоа. Па баш поради тоа се води оваа војна, дека и покрај предупредувањата на Русија, НАТО сепак настојува да се прошири.