Premier League - 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?

  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Каква само партија изигра Тиаго Силва, аууу човече... Позитивно изненаден и од Ковачиќ.
 
Кепа :pos: :pos: :pos:

Менди имаше страшна партија, овој го понижува и го сменува за пенали. Обожавам кога вакво курназење ќе заврши вака. :D
Па добро, Кепа ги извади неколку пати на пенали и се покажа како добар избор за пенал серија, до некаде и разумна одлука.
 
Тоа што Менди имаше стандардно одлична партија не го мења фактот дека Кепа е класи подобар од него за пенали и се има докажано многу пати. Глупа одлука ќе беше да не го стави.

Сите три натпревари со Ливерпул сезонава одлични (y)
 
Глупа одлука ќе беше да не го стави.
Абе не зезај 120 минути му брани еден голман и става резервен НЕЗАГРЕАН голман да му брани пенали во финале. Интересна одлука нема што, башка што Менди е Ноер за Кепа.

Не го гледав мечот али по коментари сегде низ нетот е дека бил еден од подобрите мечеви без голови во последно време. Ливерпул е во сериозна игра за 4 титули, а реално имаат и квалитет и ширина на ростер за такво нешто.
 
Ван Гал го стави Крул на светско чинам на минута пред крај, и фати овој 2 пенала и поминаа понатака. Имаш голмани што фантастично бранат од активна игра, Де Геа на пример, а пенал не може да фатат, па макар и животот да им зависи од тоа. Солскаер го остави Де Геа да брани пенали во финале од ЛЕ, и го чинеше премногу, на ниту еден пенал не беше Де Геа ни приближно да го одбрани, а на крај, и неговиот го промаши.

Кепа ко Кепа, ке јаде хејт зашто е 80 милионски голман, специјалист за пенали, а не фати ниту еден од 11 пенали. Вака на завршен меч, лесно се суди. Историјата покажува дека неколку пати наназад, оваа измена функционирала за Челси.
 
Кепа ко Кепа, ке јаде хејт зашто е 80 милионски голман, специјалист за пенали, а не фати ниту еден од 11 пенали. Вака на завршен меч, лесно се суди. Историјата покажува дека неколку пати наназад, оваа измена функционирала за Челси
Мислам дека притисокот го сјеба Кепа.

Многу се очекуваше од него по само 1 добра сезона.

За пенали е добар, во Билбао и на моменти во Челзи беше сосем солиден како голман.
Мислам дека во помала екипа, не толку експониран пак ќе врати форма колку толку и би можел да биде малце над просек.
 
Ван Гал го стави Крул на светско чинам на минута пред крај, и фати овој 2 пенала и поминаа понатака. Имаш голмани што фантастично бранат од активна игра, Де Геа на пример, а пенал не може да фатат, па макар и животот да им зависи од тоа. Солскаер го остави Де Геа да брани пенали во финале од ЛЕ, и го чинеше премногу, на ниту еден пенал не беше Де Геа ни приближно да го одбрани, а на крај, и неговиот го промаши.

Кепа ко Кепа, ке јаде хејт зашто е 80 милионски голман, специјалист за пенали, а не фати ниту еден од 11 пенали. Вака на завршен меч, лесно се суди. Историјата покажува дека неколку пати наназад, оваа измена функционирала за Челси.
Ова со пеналите е релативна работа. Има право и Стефан погоре. Ама не се сложвам дека е глупо што Тухел го стави Кепа. Им го освои Супер Купот, после тоа мислам дека уште една утакмица беше одличен во пенал серија.

Конкретно за Јунајтед и јас би го оставил Де Геа да ги брани пеналите во ЛЕ. Ете, оваа сезона има 3 одбранети пенали во ПЛ. Од друга страна Хендерсон имаше шанса во ФА Купот со второлигаш, од 10 пенали топка не чепна.

Излишни се муабетите после пенал серија каде имаат улога доста фактори, испаѓа што би било кога би било.
 
Стефан има право гледано генерално. За играчи кои не се позиција број еден. Последен пример нели, Сака и Санчо на Европско. Но во случај на голман, сметам дека и не игра баш којзнае колкава улога незагреаноста и неинволвираноста во мечот. Игра, до одредена минимална мера.

Фудбалот е и коцка. Досега, конкретно ќе зборувам само за Челзи, коцката со пеналите и Кепа дебело се исплатеше. Кепа за Челзи доби три пенал серии. Три. Тоа е сериозна бројка. По логика на нештата и природата на двајцата голмани, Тухел реши да се потпре на досегашното искуство и на она кој е подобар пеналџија.

Е сега, дали смееше да извади од игра збеснат неверојатен голман? Тоа е дискутабилно. Лично мислам дека можеби, велам можеби, вчера можеше да направи отстапка. Не направи, никому ништо. Тенка е границата од Тухел мастермајнд со замената до Тухел го зафркна финалето.
Сакам да речам, не може да му се забележи на Тухел во тој поглед којзнае колку. Скоро па ич.

Уште еднаш, финалето беше решено од играчите на Челзи. Не смееш во маало да промашуваш онакви шанси, а не против Ливерпул во финале.
Дополнително, судењето беше исто така многу дискутабилно, но за тоа во следна прилика.
 
Абе не зезај 120 минути му брани еден голман и става резервен НЕЗАГРЕАН голман да му брани пенали во финале. Интересна одлука нема што, башка што Менди е Ноер за Кепа.

Не го гледав мечот али по коментари сегде низ нетот е дека бил еден од подобрите мечеви без голови во последно време. Ливерпул е во сериозна игра за 4 титули, а реално имаат и квалитет и ширина на ростер за такво нешто.
Пишав за пенали, и ми викаш Мњнди е Ноер за Кепа. А Менди е дупка за пенали. Ок.

Како што е пишано, без да одиме во претходните сезони, Челзи само сезонава имаше добиено три пенал серии по ред со Кепа меѓу кои и во Супер Куп каде го стави ксто по 120 минути. Феноменален е за пенали, ама ете не може секогаш да победиш. Пак, глупост ќе беше да не го стави и ако Челзи изгубеше со Менди на пенали, сите коментари ќе беа зошто не го ставил Кепа.
 
Општо земено е Ноер, не зборев конкретно за пенали. Кој играл било каков спорт знае што значи некој да влезе незагреан после долго време, исто ко у кошарка на 10 секунди до крај да ставиш некој да пуца слободни а тој не влегол цела утакмица, па макар истиот бил Реј Ален.

Дефинитивно ова со смената на голманите е коцка и јас да сум тренер никад не би го направил. Ова што го зборам со незагреан не мислам дека ликот доаѓа смрзнат да брани, него нема време да се прилагоди на моментот, да осети терен/игра и слично, него влага и директ пенали. Ок, добил Челзи некои пенал серии претходно ама реално гледано пенал серија ти е рулет увек, тука Реал може од Кадино да изгуби. Не дека не е битен квалитетот на голманите и играчите што изведуваат ама сепак можни се повеќе изненадувања него во регуларен дел.
 
Не знам зашто го праите инвалид Менди за пенали не ми е јасно, ете полош е од Кепа ама дај не го праете ко да е без раце и нозе кога се шутираат пенали, вчера пример Кепа делуваше на таков ако веќе судиме, нарочито Ван Дајк кога му шутна а бабанов беше позициониран на страната на која овој планираше да шутира, му ја дае меѓу рогови и му испрати еден поглед ради смешното позиционирање.

Небитно тоа, Менди вчера беше on fire буквално и бранеше со 1 тон самодоверба, не смееше како таков да биде тргнат од голот и убеден сум дека дел од оние пенали вчера со зуби ќе ги одбранеше, едноставно изигра страшна партија и нарочито ради тоа не смееше да биде тргнат од голот. Исто и на африканскиот куп мислам фати пенал у финалето кога исто се играше пенал серија, така да изменава колку што е логична за некој толку е и нелогична ако се земат овие работи у предвид.
 
Општо земено е Ноер, не зборев конкретно за пенали. Кој играл било каков спорт знае што значи некој да влезе незагреан после долго време, исто ко у кошарка на 10 секунди до крај да ставиш некој да пуца слободни а тој не влегол цела утакмица, па макар истиот бил Реј Ален.

Дефинитивно ова со смената на голманите е коцка и јас да сум тренер никад не би го направил. Ова што го зборам со незагреан не мислам дека ликот доаѓа смрзнат да брани, него нема време да се прилагоди на моментот, да осети терен/игра и слично, него влага и директ пенали. Ок, добил Челзи некои пенал серии претходно ама реално гледано пенал серија ти е рулет увек, тука Реал може од Кадино да изгуби. Не дека не е битен квалитетот на голманите и играчите што изведуваат ама сепак можни се повеќе изненадувања него во регуларен дел.
А ракометарите коа влагаат само за да пуцаат седмерци како ќе ги објасниш?

Врска нема, се загреал 15-20 минути пред да влезе, истегнат, размрдан, спремен да се фрла лево или десно. Јаката филозофија, не осетил терен. Осетил коа се загревал.
 
Друго е ракомет, башка тоа влагање само за да пуца седмерци е кога некој играч од најјакиве го одмараат а уствари е прв пеналџија за тимот, пример Хансен во Данска доста често го прави тоа.

Не ме јеби при одлична партија на Менди после 120 минути го вадиш и го ставаш Кепа кој генерално е каде каде послаб голман од него.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom