- Член од
- 1 јули 2012
- Мислења
- 2.384
- Поени од реакции
- 7.017
Многу нелогичности има во информацииве. Имаш видеа од уништени колони, имаш видеа како русиве низ населени места си поминуваат, никој не се замара од населението.Имаш руска армија која се понаша премеко, мислиш негде во Русија се наоѓаат на вежба. Имаш инфо од украинциве, мислиш ја збришале цела војска на Русија, а од друга страна имаш руска војска која мислиш дека се телепортира. Имаш инфо како на змијскиот остров се убиени украинциве, од друга страна ти се појавува видео каде русите тврдат дека се предале. Хаос од информации.Ако е точна изјавата на Кличко дека Киев е опколен, значи овие од истокот многу брзо практично без отпор стигнале до Киев.
Го памтам итервјуто на хрватон, адмирал Лошо. Тогаш кажуваше дека Русија може за 48 саати да ја уништи воената инфраструктура на Украина. Нешто што го направија за помалку од 24 саати. Али од тогаш ко да убација во лер, нејверојатно сакајќи да му покажат на народот дека не сакаат нив да им наштетат. Обично се уништуваат телекомуникации, нафтени резервоари, се оставаат без струја, се уништува инфраструктура, мостови, патишта, се уништуваат објекти кои би го олесниле отпорот кај населението. Бар така делуваат западниве сили. Овде ништо од тоа не се деси. Друго нешто што кажа, а сега ми има логика, е дека во моментот кога Русија би ја нападнала Украина пола од украинската војска би се повлекла, не би војувала. Кога гледам сликине, освен заседите, нема поголеми борби. Колку што знам украинците имаат негде 250000 војници. Сигурно имаат во поголемите градови повеќе војска, ама пак некако ми делува баш ко адмиралов што претпоставуваше. Не би ме чудело да ја немаат таа бројка на војници. Многу брзо, уште првиот ден ги повикаа цивилите да земат оружје да се борат. Имаше инфо дека поделиле преку 20000 парчиња на цивили. Еве ги бараат и странски платеници. Доста нелогичности за толку краток период.