Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    732
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.384
Поени од реакции
7.017
Ако е точна изјавата на Кличко дека Киев е опколен, значи овие од истокот многу брзо практично без отпор стигнале до Киев.
Многу нелогичности има во информацииве. Имаш видеа од уништени колони, имаш видеа како русиве низ населени места си поминуваат, никој не се замара од населението.Имаш руска армија која се понаша премеко, мислиш негде во Русија се наоѓаат на вежба. Имаш инфо од украинциве, мислиш ја збришале цела војска на Русија, а од друга страна имаш руска војска која мислиш дека се телепортира. Имаш инфо како на змијскиот остров се убиени украинциве, од друга страна ти се појавува видео каде русите тврдат дека се предале. Хаос од информации.
Го памтам итервјуто на хрватон, адмирал Лошо. Тогаш кажуваше дека Русија може за 48 саати да ја уништи воената инфраструктура на Украина. Нешто што го направија за помалку од 24 саати. Али од тогаш ко да убација во лер, нејверојатно сакајќи да му покажат на народот дека не сакаат нив да им наштетат. Обично се уништуваат телекомуникации, нафтени резервоари, се оставаат без струја, се уништува инфраструктура, мостови, патишта, се уништуваат објекти кои би го олесниле отпорот кај населението. Бар така делуваат западниве сили. Овде ништо од тоа не се деси. Друго нешто што кажа, а сега ми има логика, е дека во моментот кога Русија би ја нападнала Украина пола од украинската војска би се повлекла, не би војувала. Кога гледам сликине, освен заседите, нема поголеми борби. Колку што знам украинците имаат негде 250000 војници. Сигурно имаат во поголемите градови повеќе војска, ама пак некако ми делува баш ко адмиралов што претпоставуваше. Не би ме чудело да ја немаат таа бројка на војници. Многу брзо, уште првиот ден ги повикаа цивилите да земат оружје да се борат. Имаше инфо дека поделиле преку 20000 парчиња на цивили. Еве ги бараат и странски платеници. Доста нелогичности за толку краток период.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Беа спремни и имаа борбено искуство од 8 годишна војна вс. Иран, но проблемот беше што немаа професионална војска, ова беше прв конвенционален судир на профи армии вс. регрутна армија и резултатите беа тие што беа.
Денешнава опрема е премногу сложена за да се стави во раце на гуштери.
Русија одамна започна со професионализација на воените сили, не знам денес кој процент им е птофи а кој гуштераана.

Друго е што бројките често не даваат реално инфо за ситуација на терен, колку од тие 550 летала биле во борбена готовност спремни за борбен лет пример, знам дека бегаа во Иран кој ќари 150+ авиони на тој начин.
По тебе денешна Украина има подобра воена опрема од Ирак тоа време ? Нека биле 50% од тие 550 авиони спремни.
 
Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.634
Поени од реакции
3.795
Абе све е тоа во ред, ама да не е следната воена операција на Русија во Нагорно Карабах.
Прав си , не е.
Чекав до утре да го видам курсот на рубљата.
Затвораа на 85 за долар и сега е 112 за долар, ова веќе е во слободен пад и без надворешна поддршка нема да може да запре.
Мислим дека утре може да надмине 150 рубљи за долар. Путин ќе покаже како да ја осиромаши земјата за 50% за една недела.
рубла.jpg
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Една работа е мнгоу заебана во цела оваа ситуација. А тоа е што Русија влезе со all in, не во Украина, туку во светската геополитика. Ова е џа или бу ситуација. Ако не се спремни на пример да делуваат во Украина и ако извештаите за големи загуби на Руската војска се точни, тогаш дефинитивно имаат реален проблем Русите. Ако влегле неспремни во сево ова и ако се обрукаат, ова ќе биде точка на надежите на слободните земји и уште најмалку 20-30 години Америчко самоволие.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.350
Не, и тука ги приметив, само ова нема никаква врска со темата.
Потребата на Македонија од ЕУ и НАТО е од интерес. Како мала и ЗАВИСНА земја, што не може сама, за жал.
Ситуацијата во Украина е сосема различна и можат да си го дозволат тоа да се тотално неутрални во тој поглед.
...портокалева и шарена револуција е иста без разлика во каква земја се одвива мала или голема, во позадина се истите луѓе со истите пари што носат на власт шака слуги, а народот е немоќен, излажан и дотолчен.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
По тебе денешна Украина има подобра воена опрема од Ирак тоа време ? Нека биле 50% од тие 550 авиони спремни.
Далеку е денешна Украјина од бројките со кои располагаше Ирак 1991.
Не сум запознаен со структурата на украјинските сили, колку од нив се профи, колку не се, имаше нешто гласини за некакви паравоени структури, во секој случај украјинските конвенционални сили се скромни.
Дали е точно дека Шведска испратила 5000 АТ-4 виа Полска за Украина?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.678
Поени од реакции
42.257
Прав си , не е.
Чекав до утре да го видам курсот на рубљата.
Затвораа на 85 за долар и сега е 112 за долар, ова веќе е во слободен пад и без надворешна поддршка нема да може да запре.
Мислим дека утре може да надмине 150 рубљи за долар. Путин ќе покаже како да ја осиромаши земјата за 50% за една недела.
Прегледај го приврзокот 323282
Немој многу да се радуваш тоа што Русија тоне, можеби ќе ве земе со себе во пеколот. Лубрикантите пукаат од среќа ради овие санкции али не можеш да го притискаш до ѕид некој што е посилен од тебе.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Една работа е мнгоу заебана во цела оваа ситуација. А тоа е што Русија влезе со all in, не во Украина, туку во светската геополитика. Ова е џа или бу ситуација. Ако не се спремни на пример да делуваат во Украина и ако извештаите за големи загуби на Руската војска се точни, тогаш дефинитивно имаат реален проблем Русите. Ако влегле неспремни во сево ова и ако се обрукаат, ова ќе биде точка на надежите на слободните земји и уште најмалку 20-30 години Америчко самоволие.
Од друга страна Америка се посра секаде каде што влезе последниве години. Сирија дебакл, Афганистан долгогодишен дебакл, Белорусија и Венецуела неуспешна смена на власт.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Од друга страна Америка се посра секаде каде што влезе последниве години. Сирија дебакл, Афганистан долгогодишен дебакл, Белорусија и Венецуела неуспешна смена на власт.
Поентата е што они можат да си дозволат дебакл. И башка тие што им предизвикуваат дебакл на САД тоа го праат по премногу голема цена. Русија го градеше ова 14 години, ќе се врати назад во времето на Јелцин ако згреши. Нема премногу маневарски можности за грешка Русија.
 
Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.634
Поени од реакции
3.795
Немој многу да се радуваш тоа што Русија тоне, можеби ќе ве земе со себе во пеколот. Лубрикантите пукаат од среќа ради овие санкции али не можеш да го притискаш до ѕид некој што е посилен од тебе.
Елементарно Вотсон (Агата Кристи)..
Не се радувам.
Имам глава на раменете и правим анализи , не спиам на Кајгана со спам ,,патротски ,, постови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom