Јас искрено појма немам, а ти од кај знаеш дека се ова Руси? Па пола Украина збори Руски. Искрено што све не видов на видеава, ништо не верувам.Reddit - Dive into anything
www.reddit.com
Читајте го преводот,ова мора да е една од најапсурдните војни во историја.
Не ми е јасно зашто ги имаат пуштено да лутаат вака.
Не верувам дека Украина знае кои им се загубите на терен, а ниту пак Русите.Многу јасно дека има и точни информации, ама вчера имаа ифно некое за загинати каде соодносот беше на 1 украинец 10 руси одприлика. Нешто под 300 украинци, а 2800 руски војници. Тоа значи масакар ги направиле што воопшто не соодветствува со тоа што се случува на терен.
Веројатно да. Затоа и Зеленски моли за муниција.Вчера изгубија еден тон техника ради тој пристап, денес имаат повеќе среќа пошто ваљда им снемало џавелини. Не знам кој ги команда, али никаква придружба од ваздух немаат освен доле кај крим и антонов аеродромот.
Па изглегоа доста видеа како си праат муабет цивли со руски војници, не глеам зашто имаат потреба да глумат.Јас искрено појма немам, а ти од кај знаеш дека се ова Руси? Па пола Украина збори Руски. Искрено што све не видов на видеава, ништо не верувам.
Дечко 2 дена поминаа, никој за ништо уште не е зачуден. Украина е Армија со стотици тенкови, наоружувана и координирана од најсилната армина на свет. Да си имале Русите бајки во главата не би распоредиле 200К сила спремна за инвазија. За Грузија им беше потребно 5 дена да ја капитулураат, Украина е најмалку 10 пати поголема и помоќна. Така да не верувам дека очекувале нова 5 дневна војна. Ниту пак се надевале на расположението на народот, Украина не се наоѓа во централна Африка па да не го знаат точно нивото на Про-руско расположение."Воениот" дел од оваа војна е веројатно веќе завршен. Ама тоа не беше воопшто спорно уште од старт. Никој не очекуваше дека на ваква географија и диспаритет во воена моќ, Украина ќе успее да даде некој долг отпор. Дури, мислам дека и самите Руси се изненадени од отпорот што украинската војска го дава досега. Веројатно затоа и ги спроведуваат операциите со само дел од расположливите единици. Можеби и самите си поверуваа во сопствените скувани митови, дека мнозинството население во Украина е со про-руско расположение и ќе ги дочека како ослободители.
Претпоставувам очекуваа дека украинската војска и централна власт ќе се распадне и дека само ќе се прошетаат до Киев и брзо ќе постават ново, лојално раководство. Сега се заглавени со вистинска воена окупација и да бидат перцепирани од целата светска јавност како воен агресор.
Тенкот потаму на видеото е T-72B3M. Такви тенкови само Русија има, се познаваат по куполата.Јас искрено појма немам, а ти од кај знаеш дека се ова Руси? Па пола Украина збори Руски. Искрено што све не видов на видеава, ништо не верувам.
Војните се водат за исполнување на политичките цели (ако претходно не се успеало да се исполнат по мирен пат). Тоа е целта на војната - исполнување на политичката воља. Кој ја исполнил својата политичка воља - тој е победник, а не кој изгубил сразмерно помалку или повеќе војска.Ова се случува кога СССР ја нападна Финска. 5 пати повеќе жртви, 50-100 пати повеќе изгубени тенкови и 5-10 повеќе изгубени авиони.
Веројатно да. Затоа и Зеленски моли за муниција.
Јас следам телеграм група Milinfolive влезете имате апдејти малтене на 10 минути од нови видеа. Ова што покажуваат не е лажно со сигурност затоа што е од самиот терен во живо со аплоад на Телеграм. Прилично доста руска техника е отидена.
Требаше да си останат неутрални, иако не се согласувам со тоа да не немаш избор каде да се приклучиш но тоа е политиката, требаше другачије да изиграат со нивните карти кои им беа поделени а не да дое до ова.
Прочитав на CNN или на Skynews, не сум сигурен, дека Американците отвориле канал со Русите, за да не дојдат до незгодна ситуација. Генерално кога ќе видиш, ова е исцртување на граници. Ова што се случува во Украина е исто што се случувало во Егејска Македонија, кога Сталин ги силел, па ги оставил на цедило Македонците. Не си далеку од вистината. Јака и опасна Русија е бонус за Америка и за нејзината воена доминација над западниот свет. После ова рачунај највеќе тријат пари производителите на оружје во САД.Малку ми е неверојатно дека нема некаква координација преку back channels помеѓу некои од западниве земји и Русија. Преголеми сили се во прашање и ова е голема воена интервенција за да се дозволи ситуацијата да има непосакуван тек и неочекувана ескалација и последици. Не мислам дека седнале заедно да ги договараат санкциите, ама мислам дека имаат постигнато меѓусебно разбирање кои сектори, индустрии и компании не смее да се чепкаат.
Ако ја опустошат руската економија и предизвикаат социјални немири, руската политичка елита може да стане нервозна и агресивна. А кога политичката елита што ја контролира втората најмоќна армија во светот заедно со најголемиот нуклеарен и хемиско-биолошки арсенал станува нервозна и агресивна, не е баш добра работа. Мислам дека Русија, САД, Франција, Германија и евентуално УК имаат некое разбирање за рамката на оваа ситуација и што не смее да излезе од нејзе.