Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување

твоја проценка? ќе обезбедиме пласман??...
 
твоја проценка? ќе обезбедиме пласман??...
Ако ме прашуваш за младинците (2002) тие веќе немаат шанса за пласман на европско, играат мислам само за престиж, во секој случај добра шанса да му се одмаздат на јужниве соседи.
Додека кадетите (2004) доколку го освојат шампионатов обезбедуваат пласман и за нив и за следните генерации кадети и младинци, мислам дека имаат добри шанси.
 
Крајно време е едни кадети да успеат да се пласираат во А дивизија. Дали ќе успеат не знам, лично очекував дека 2002 конечно ќе успеат и тоа не домашен терен но се распаднаа во финалето. 2004та мислам дека се на малку пониско ниво од 2002, но многу рано е да се каже, а и реално на ваков шампионат, некогаш поуиграните и позрелите победуваат а не поталентираните.
 
2004та мислам дека се на малку пониско ниво од 2002
Јас пак се мислам дека 2004та ќе се подобри од 2002ра, има добро технички потковани играчи, Петкоски крилото, и Галевски веќе беа во 2002ра едни од најдобрите играчи, а сега ќе играат за 2004.
Од Алкалоид Узунчев левиот бек доста позитивно ме изненади, цврст, крупен и пробивен ала Мојсо играч со доста висок скок и силен шут, за средниот бек говорев, веројатно најталентиран играч во оваа генерација, имаат исто така добар пикер кој игра еднакво добро во два правци, и добро лево крило.
Иако не ги имам сите кадетски тимови изгледано, има интересни играчи и во Пролет, Вардар и Бутел, кај кадетите кој ги води Манасков има добар голман, среден бек, десен бек и едно високо и доста корпулентно дете за неговите години кој играше воглавно во одбрана.
Славчо Шулевски од Охрид исто така мислам дека е 2004та генерација.
Ќе видиме сега на првиот повик кој играчи ќе се најдат на список, сигурно има и други дечки кој не ги познаваме.
 
Која генерација е Дарко Пасковски од Голден Арт? добар впечаток ми остави...
 
Добри групи имаат и едните и другите. Кадетите мислам дека најголема пречка би им била Русија. Но со оглед на околностиве и фактот дека ќе се игра во Рига, можно е и да не одат таму па да се сведе се против Швајцарија.
Јуниорите би можеле да билдаат гол-разлика во таа група и да стигнат до полуфинале (а другата група е бајаги потешка по имињата барем).
 
Со оглед на исклучувањето на Русија и Белорусија во ракометот, во кадетската Б дивизија мислам дека шансата ќе ја бараме против Швајцарија. Таа група сега би изгледала како Швајцарија/Белгија/Луксембург, додека во нашата група се МАКЕДОНИЈА/Летонија/Турција/Косово. Шансите со ова ни се зголемија за потоа да играме на кадетски/јуниорски шампионати.
 
Зошто Велковски го нема?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom