Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    758
Никој не им е крив што граничат со суперсила и решиле баш таму да градат држава. Да граничиш со суперсила а ти да се ослонуваш на некој 2000км дека ке ти го чува грбот е исто како да си пукаш во колено. Немора да сакаш некому или да се мислиш на кој правец ке ја носиш државата. Има многу поинакви начини како да се издигне квалитетот на живеење на една држава не ти е потребен никаков сојуз. Посебен пример ти се Швајцарија, Шведска, Финска ..
Финска и Шведска се во ЕУ. Швајцарија е дефакто колонија на ЕУ, плаќа членство, има усогласени регулативи во целост со ЕУ, а нема право на глас.
Војските на трите земји се длабоко интегрирани со западните иако на хартија не се дел од НАТО.

Путин вечерва имаше цел свет прилика да го слушне што мисли за нивната нација. Збор до збор што мисли Каракачанов или покоен Божидар Димитров. Можеш да замислиш која би била позицијата на Македонија да има некој таква сила како нив во Бугарија и да е Бугарија таква суперсила. Замисли која би била долгорочната иднина на Украинската нација кога истата не може ни во својата држава да осигура опстанок на својот јазик. Плус кога се обидоа да потпишат договор за слободна трговија со ЕУ тогаш ускокна Путин со контра понуда само да не го потпишат. Јанукович, прорускиот претседател беше спремен да потпише чисто комерцијане договор со, па овој тоа не му го дозволи, а не пак нешто повеќе.
 
Мислам дека нема да има војна, ова беше тоа. Западов ќе мавне некои санкции као демек и ќе прогласат победа, Русија ќе прогласи победа зошто санкциите се безначајни и ги добиле ДНР/ЛНР, само Украина ќе остане со прст во уста и со засекогаш загубен Донбас.
Не, дефинитивно сакаат да го решат еднаш засекогаш проблемот со Украина. Воопшто не се работи за Донбас, не ги интересира Русите нешто незначајно како тоа. Тие региони можеби би им користеле како алатка доколку Украина останеше релативно неутрална и доколку продолжеше по траекторијата од 2013 наваму.
Да, Украина развива оружја со долг досег, да можат лесно да произведат и нуклеарки доколку се оставени сами, но тие се само изговори, реалниот проблем е про-западната ориентираност на тие што владеат, а со тоа и заканата што една моќна и непријателски настроена Украина може да биди за Русија.
 
На рт во моментов оди спонтана прослава во живо од плоштадот во донбас. Огномет, руски знамиња, мајки плачат од среќа пред камери. Додека го пишував ова пуштија снимка од мало дете како го гледа пресот на путин и се моли ко да гледа пенали на светско првенство. Драма.

Несомнено господинот кнез бил меѓу тие кои фрлале петарди во центарот на Донецк, затоа и го нема на форумов моментално, слави со Украинците/граѓани на Донецката Народна Република.
 
Еееееее.....збор до збор реторика и аргументација за постапките. За среќа Каракачанов е никој и ништо и од држава што не може да мрдне 50 метри од својата граница. Украинците својот Каракачанов го имаат за претседател на најголемата нуклеарна сила.

И јас сум клошар усташки што го потенцирам лицемерието.
hah i ti najde da najdes za licemerie da zboris, koga vo drugi temi gi podrzuvas bugarskite stavovi.
 
hah i ti najde da najdes za licemerie da zboris, koga vo drugi temi gi podrzuvas bugarskite stavovi.
Поддржувам историски ставови, но не конкретното политичко делување кон нив. Уште помалку би поддржал било каква опција која што има за цел да води до уништување на Македонија или до грабање на нејзните територии. Дури со Путин и во голема мера би се сложил од историска перспектива дека боли за Русите постоење на Украинска нација и дека комунистите овозможија развиток, т.е доразвивање на една таква нација и дека и дадоа територии кои можеби не и припаѓаат природно. Арно ама таа е веќе реалност, народот таму си има веќе друга воља. Ова што Путин го прави е сакатеење на Украина со повикување на некакви историски неправди. Неправди кои патем самите си ги нанесоа, комунистите беа Руси во најголем дел и во СССР Русите го водеа колото под прекривка на некаква божемно братство и единство.
 
Нанголема тенковска колона што сум ја видел, 50+ тенкови, наводно Грајворон, на мапава ми изгледа 5-10 км од граница.
 
Razbiram srbi da gi pocituvaat i da se soglasuvaat so ruskite geopoliticki i istoriski gledanja na svetot, no ne i makedonci, toa nikako nema da go sfatam.

Sent from my SM-A217F using Tapatalk

Сфати ја низ призма на огорченоста кон западот кој ни го наместил Артан Груби да ни е премиер . Само ради тоа е, ништо друго.
 
Многу е важно дали ќе ги признае административните региони како независни, а потоа неизбено и руски републики, или признавањето се однесува на моменталната фактичка состојба. Преку 60 000 украински војници се стационирани на територија на административните региони, колку сака нека е надомоќна руската армија, тоа е голема цифра која ќе и предизвика сериозни штети. Ако ги признае само до линијата на фронтот, ондак тоа е пораз за путин. Ништо нема да добие, премала и стратешки небитна територија е тоа, која ионака беше под негова контрола.
 
Razbiram srbi da gi pocituvaat i da se soglasuvaat so ruskite geopoliticki i istoriski gledanja na svetot, no ne i makedonci, toa nikako nema da go sfatam.

Sent from my SM-A217F using Tapatalk
Nz zaso mesate raboti. Pomegju rusija i ukraina, smetam deka rusija e agresorot.
Vo golemata slika, zapadot e toj so e agresor, a ukraina e samo oruzjeto.
 
Многу е важно дали ќе ги признае административните региони како независни, а потоа неизбено и руски републики, или признавањето се однесува на моменталната фактичка состојба. Преку 60 000 украински војници се стационирани на територија на административните региони, колку сака нека е надомоќна руската армија, тоа е голема цифра која ќе и предизвика сериозни штети. Ако ги признае само до линијата на фронтот, ондак тоа е пораз за путин. Ништо нема да добие, премала и стратешки небитна територија е тоа, која ионака беше под негова контрола.

Како не може да добие кога има дозвола да прати артилерија во овие републики и тие 60.000 да ги разбие од рововите? Со ова Русија има легитимно право да оперира на Украинска територија. Руски тенкови уште утре ќе гледаме таму.
 
Многу е важно дали ќе ги признае административните региони како независни, а потоа неизбено и руски републики, или признавањето се однесува на моменталната фактичка состојба. Преку 60 000 украински војници се стационирани на територија на административните региони, колку сака нека е надомоќна руската армија, тоа е голема цифра која ќе и предизвика сериозни штети. Ако ги признае само до линијата на фронтот, ондак тоа е пораз за путин. Ништо нема да добие, премала и стратешки небитна територија е тоа, која ионака беше под негова контрола.
Мислам дека затоа е и целиот театар со гранатирањата, со евакуации и слично. Се дава повод руска војска претставена како бунтовничката војска на ДНР и ЛНР да ги одбие Украинците што е можно подалеку.

Некаде на темава пишав. Украинците под контрола имаат неколку од најголемите предградина на Доњецк, дури и водата им е под украинска контрола. Нит аеродром, нит вода, па ни цела урбана област не им е. Дури и поместување на линијата за едно 50-60 километри би била голем успех, не мора ни да ги зема други места. Само да ги направи ДНР и ЛНР способни за постоење.
 
Nastrana koj e za Rusite ili Amerikancite, mene drugo me interesira.
Ako na Erdogan hipoteticki mu tekni da go zatvori Bosforot za ruski brodovi, togas Erdogan ke bidi dobriot ili losiot vo slucajot :cautious: .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom