Да бе, во центарот на Јинчуан да ловиш риба и да продаваш ориз е поубаво од да си во Менхетен. Ете некој ќе се убаци поубаво да ловиш риба него ли да бидеш клозетар, и така ќе дојдиме на крајот на муабетот дека во Јинчуан е подобро, ама ни прават филмој дека на запад е поубаво за живот и дека тоа клозетарите на запад не треба да бидат тоа што се, зошто ако се преселиш во Јинчуан ќе те стават директор веднаш.
Искрено боље да ловам риба и да продавам ориз, отколку да гледам како некој моча, сере и спие на сред улица, ѓубре по улиците, место каде секој ден има по минимум 2-3 убиства и преку 200 пријавени кражби и провалии и ниско ниво на раја која работи во околината.
Тоа е Менхетен за обичните луѓе.. (или долниот дел)
Е сеа за горниот дел, ако збориш дека ти се свиѓаат Penthouse и недвижнините од по минимум 10 милиони долари нешто што го гледаш по Инстаграм и Холивуд, и јас ги сакам тие ама па не е нешто уникатно, ги има и во Кинеските метрополи во држава која ја хејташ.
(Ако волиш да живееш во Менхетен како на филмовите, може да си ги приуштиш под кирија ако заработуваш > =250 000$ од стабилна работа (ИТ, инженерство, економија, брокерство и сл.)
Ако немаш стабилна работа, најверојатно ќе работиш од јутра до сутра, ќе завршиш во Queens, Brooklyn и ќе губиш секој ден во превоз 3 саати надевајќи се дека ќе дојде американскиот сон и кај тебе...
Сума сумарум, нешто што научив во животот е дека животот е секаде ист.
Оној што е едуциран, работноспособен и има добри вештини, ќе живее секаде убаво па дури и во некоја вукојебина во Америка или во Македонија..
Оној што не го бива ќе ринта и ќе биде манипулиран дека некој ќе му даде да живее поубаво ако се приклучи во некаков си сојуз.