Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Пушта казанчето за парно. Треба да се смени а тоа вклучува многу работа, 100 евра е само работна рака, во Скопје дури и повеќе. Казанчето е 50 евра и нагоре за некое квалитетно.
Благодарам :) Што е тоа е. Се што треба да се смени ќе се смени. Само ме чуди што тоа се случува кога е паркирана а не кога возам. И само на возачка страна.
 
Последно уредено:
Дечки ај едно прашање. Opel Corsa C денеска приметив вода на внатрешно стакло , како да не кондензира. Имам закажан сервис во Олимпија ама сакам да прашам што може да биде.
Не верувам дека ти пушта казанчето за парно. Во тој случај постојано ќе ти ја валка/заматува шофершајбната од внатре, со прст кога ќе поминеш како зејтин да бришеш ќе биде, мрсно. Башка смрди во кабина на антифриз во тој случај, штипе на очи, нормално и губи по малку течност во посудата за антифриз.

Види филтерот за полен (клима филтер), ако не си го мењал одамна или имаш ставено некој шкарт, смени филтер (тој барем лесно се мења). Тој кога ќе се запуши од ѓубрештии прави вакви глупости.
Исто, провери ги сливниците за дожд дали се чисти.
Може и некоја клапна од вентилацијата да не затвара како што треба.

Ако не ти се рчка, на мајстор.
 
Не верувам дека ти пушта казанчето за парно. Во тој случај постојано ќе ти ја валка/заматува шофершајбната од внатре, со прст кога ќе поминеш како зејтин да бришеш ќе биде, мрсно. Башка смрди во кабина на антифриз во тој случај, штипе на очи, нормално и губи по малку течност во посудата за антифриз.

Види филтерот за полен (клима филтер), ако не си го мењал одамна или имаш ставено некој шкарт, смени филтер (тој барем лесно се мења). Тој кога ќе се запуши од ѓубрештии прави вакви глупости.л
Исто, провери ги сливниците за дожд дали се чисти.
Може и некоја клапна од вентилацијата да не затвара како што треба.

Ако не ти се рчка, на мајстор.
Нема никаков мирис не е мрсно чиста вода капки.. Само вода. Ќе видат во сервис. :) Благодарам на одговорот. Женско сум инаку :)
 
Нема никаков мирис не е мрсно чиста вода капки.. Само вода. Ќе видат во сервис. :) Благодарам на одговорот. Женско сум инаку :)
Во најлош случај менувана ти е шофершајбната и лошо залепена, па влегува вода/кондензат, а во најдобар случај имаш внесено вода во колата(снег преку кондури или слично) па после испарување се лепи на стаклото
 
Не е менувана. А може и второто. Фала на одговорот :)
 
Кој има време 8 минути и сака да види.
На сервис за ланци, му направиле додатен дефект.
Во Вулко Прилеп пред 3-4 години имаа гратис промена на масло, ако го купиш од кај нив. Long story short, ми ја дупнал цевката на климата додека го менувал маслото. Си отидов до дома и не приметив веднаш, приметив за 3-4 саати кога излегов на подолг пат. Му се вратив назад, типот не признаваше дека ја оштетил (а кога одев натаму климата ладеше фрижидер), ми беше жал да барам газди оти дечково го знам од мое маало уште од мали нозе, па ајде да не правам проблеми да не го избркаат. На крај си ја поправив самиот, за лепење со калај 50 евра, и уште 2000ки за повторно полнење. Фактички промената на маслото ме фати 5000 ки, и уште еднаш не стапнав кај нив ни во продавница, ни во сервис/вулканизер :mad:
 
Од такви заебанции сам менувам масло...слична ситуција и кај мене, само што мајторот слагајќи во канал се фати за цевка од климата да се задржи буквално пред мене...т.е. се обеси со цела тежина
 
Здраво друштво, имам еден проблем се работи за passat 1.9 tdi 74kw 101hp колата сама гаси при возење одкако ќе изгаси некогаш пали (по 2 3 верглања) некогаш не и го празни акумулаторот после тоа ако се пали со кабли секогаш ќе запали или со буткање исто секогаш пали што може да е проблемот?.Не ја возам веќе 4 дена одкако почна ова но секој ден ја палам да поработи малку.Инаку и порано првото палење(понекогаш и не само првото) тешко палеше исто и деновиве и последниот пат кога ми изгаси почна да треси во место малку и дадов гас и почнаа да паѓат под 800 обратаите и повише да треси и изгаси и нејке да запали истото се деси и сега кога работеше во место.Благодарам однапред.
Автоматски споено мислење:

Од што може да треси (големо тресење) колата САМО при тргнување АКО тргнува без гас (само кумплуг) додека ако тргнува со мала гас нема проблем.Освен буфери (држачи) што може да е.Истото е и за рикверц.
Update: Денес при палење на бордот ми покажа 'alternator workshop' и како што видов на интернет сите проблеми што би ги правел алтернаторот ги има освен звукот, не прави никаков звук ама друго се.Така да јас секако ќе ја однесам на дијагностика но сум убеден дека алтернаторот е проблем па ако знае некој колку чини делот (половен) и работна рака колку би била одприлика.
 
за зголемена потрошувачка на гориво што може да биде проблемот ? Кај да испитам такво нешто ? Некој сервис што ке направи дијагностика и ке види кај е проблемот ? За Мазда 3 се работи
 
за зголемена потрошувачка на гориво што може да биде проблемот ? Кај да испитам такво нешто ? Некој сервис што ке направи дијагностика и ке види кај е проблемот ? За Мазда 3 се работи

многу работи можат да бидат, али најчесто ламбда сонда знае вакви работи да прави.
 
за зголемена потрошувачка на гориво што може да биде проблемот ? Кај да испитам такво нешто ? Некој сервис што ке направи дијагностика и ке види кај е проблемот ? За Мазда 3 се работи
Koja marka na kola?
Koj tip na motor?
Koja godina, kolku kubici i konjaza?
Dali e cepkana softverski.... Pisi podetalno za kolata da mozime da ti odgovorime.
 
Koja marka na kola?
Koj tip na motor?
Koja godina, kolku kubici i konjaza?
Dali e cepkana softverski.... Pisi podetalno za kolata da mozime da ti odgovorime.

еве го моделот

не е чепкана ништо , единствено беше еднаш изваден акумулаторот и повторно ставен , од тогаш изгледа почна поголемата потрошувачка 7.2 литра е моментално (пред тоа беше 5.8-6.1 тука негде )
сменето е уље , филтри сега скоро
 
Мала фабричка мана на овој мотор е лошото подмачкување на турбото. Некои ова го решаваат со проширување со мала бургија на отворите од ситото на маслената пумпа во картерот на моторот, и ставање на друга цевка со поголем дијаметар за доток на масло до турбото
Во секој случај треба да се проверат доста работи...и нормално состојбата на турбото во кое јас лично се сомневам
 
еве го моделот

не е чепкана ништо , единствено беше еднаш изваден акумулаторот и повторно ставен , од тогаш изгледа почна поголемата потрошувачка 7.2 литра е моментално (пред тоа беше 5.8-6.1 тука негде )
сменето е уље , филтри сега скоро
Ако возиш цело време низ гужвите во Скопје, сосем нормална потрошувачка.
Кај мене на 90 коња сличен мотор (1.6tdci) , 6.7-7.5 литри зависно од клима и колку стискам гас.

Иначе вредноста пред акумулаторот била до тогаш се што си извозел, одкога си сменил акумулатор се ресетирало на бордот потрошњата и ако си возел само во град ќе биде повисока.

Извози 100км комбинирано и мислам ќе се среди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom