The point of the episode for today’s crisis in Ukraine? A powerful army on a nation’s border can send a message and dictate terms without going in and without going to war. When the Uni…
buchanan.org
Многу интересна паралела на сегашната украинска (руска всушност) ситуација, споредено со САД за време на граѓанската војна кога Наполеон (3-ти) направил државен удар во Мексико и го поставил марионетска власт на чело со Максимилијан Хабсбуршки од Австрија (ви текнува можеби на шпагети вестерните).
САД тогаш пратиле голема војска на границата со Мексико и Наполеон (прилично разумно) се повлекол... По некое време следело воспоставување на
Монро доктрината која северна и јужна Америка ги прогласува за сфери на интерес на САД каде не прифаќа мешање на другите светски сили таму, дури и по цена на војна.
Целата ситуација е слична со сегашната во Украина и со реакциите на Русија после американскиот државен удар во Украина. Русија носи голема војска на границата со Украина, бара САД да се повлечат и да прифатат поделба на сфери на интерес... Или безбедноста ќе ја спроведат со воени интервенции, кои колку и да се опасни ги гледаат како нешто со што е подобро да се соочат сега отколку кога работите ќе се влошат. Пошто секако ќе се влошат со постојаната агресија на САД.
Разумниот потег (како тој на Наполеон Трети пред ~160 години) е соочување со фактите и повлекување од Украина без да се направи поголем проблем. Само што war hawks баграта која е во раководството на САД, не изгледаат разумни. Веројатно ќе има некој облик на воена интервенција, да се надеваме дека ќе биде краток и ограничен.