ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
17 август 2011
Мислења
10.406
Поени од реакции
18.568
Види освен во Ит на друго место тешко да те чекаат поише од месец, во Македонија. Кај мене на работа сигурно не би те чекале, па ако сакаш биди следниот никола тесла :icon_lol:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426

Тоа да, ама сепак за ИТ збориме.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Тоа да, ама сепак за ИТ збориме.
Дури и кога збориме за ИТ, не е секогаш се црно и бело. Некогаш фирмите бараат хитно девелопер пошто земале нов проект, а во моментот немаат никој на бенч. Во мој случај кај една од фирмите требаше да се почне со девелопмент за месеципол за прилично голем клиент кој самиот поставуваше услови, така што можеш да бидеш сениор колку сакаш во таква ситуација.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.406
Поени од реакции
18.568
Дури и кога збориме за ИТ, не е секогаш се црно и бело. Некогаш фирмите бараат хитно девелопер пошто земале нов проект, а во моментот немаат никој на бенч. Во мој случај кај една од фирмите требаше да се почне со девелопмент за месеципол за прилично голем клиент кој самиот поставуваше услови, така што можеш да бидеш сениор колку сакаш во таква ситуација.
Битно имаш избор, не мора таму да идеш.
 
Абе ти ја сватив поентата и првиот пат, ама и фирмите мораш да ги разбереш. На пример, ти си клучен играч во некој проект и таа фирма кај што си одиш треба да најде замена, па да му пренесеш знаење и така натаму. Не смееш да бидеш нефер. Па дури и тие што те земаат, ако размислуваат трезвено, доколку видат дека си ги оставил претходните на цедило, какво мислење ќе имаат за тебе и какви ќе им се очекувањата.

Еве како негативен пример ќе ти кажам имаше една фирма у Скопје пред 10 тина и повеќе години(да не ги именувам, можеби сеуште постојат), им дојде од Америка клиент со добра цена, све живо земаа за тогаш многу добри пари, клиентот се откажа овие колабрираа, па све мораа да отпуштат и останаа дечките со прстот у уста. Карма :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515

Финтата е што и како фирма, и како вработен, покрај бенефити имаш и одговорности. Никој не вика да го потпишеш договорот ако не ти се допаѓа. Ако фирмата смета дека си преголем liability доколку ти даде договор со 1 месец, ќе си бара друг човек.
Како што ти пробуваш да се заштитиш себеси со што е можно пократок договор (30 денови, од кои пола обично се земаат во одмор и нема око да ти видат, а не да му објасниш на колегите што треба да ја преземат твојата работа), така и фирмата пробува да се заштити да не изгуби клиент, или уште пострашно да добие негативна референца/да им активираат банкарска гаранција, поради што некој киднал.

Инаку и фирмите одбиваат договори доколку не им се допаѓаат некакви обврски во самиот договор, нема лутиш.
Автоматски споено мислење:

Колку често се случува ваква работа :)
На иницијалните преговори сме разговарале за Х обем на работа, и по 2 месеци ќе ти се јават да ти намалат количини.
Затоа и често е проблем димензионирањето на тимот, еден месец има работа за 10 души, следниот нема ни за 2ца, а ти мораш да пуштиш плата.
Декември месец со католициве, пола клиенти беа на „колективен одмор“ и немаше никаква работа 20тина денови :)

Затоа аутсорсингот им доаѓа поефтин дури и да платат иста сума како за тамошен вработен, еден месец за одмор, еден месец со празници, и фактички ќариле 2 месеци по човек :)
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Финтата е што и како фирма, и како вработен, покрај бенефити имаш и одговорности. Никој не вика да го потпишеш договорот ако не ти се допаѓа. Ако фирмата смета дека си преголем liability доколку ти даде договор со 1 месец, ќе си бара друг човек.
Како што ти пробуваш да се заштитиш себеси со што е можно пократок договор (30 денови, од кои пола обично се земаат во одмор и нема око да ти видат, а не да му објасниш на колегите што треба да ја преземат твојата работа), така и фирмата пробува да се заштити да не изгуби клиент, или уште пострашно да добие негативна референца/да им активираат банкарска гаранција, поради што некој киднал.

Инаку и фирмите одбиваат договори доколку не им се допаѓаат некакви обврски во самиот договор, нема лутиш.
Генерално договорите за вработување имаат рамка во законот за работни односи. Се што излегува од таа рамка, е неважечко. А сум приметил многу договори што сум потпишал излегуваат од тие рамки. Така да за вработен во ИТ секторот кај нас, многу е важно да земе да го пролиста законот за работни односи и од прилика да знае дека што и да потпише вон тој закон, нема да важи. Претежно ЗРО ги штити повеќе вработените.

Во таква ситуација имам можност да бирам, дали ќе се држам до договорот што сум го потпишал или ќе се искурназам и ќе им го предочам ЗРО. Сум бирал да го почитувам договорот, мислам дека е тоа човечки и не ти остава лигава трага ниту лична ниту професионална.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.406
Поени од реакции
18.568
Ako izlaga od ZRO,ne e covecki ni od nivna strana. Ali 3 meseci e vo ramki na zakonot.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Ako izlaga od ZRO,ne e covecki ni od nivna strana. Ali 3 meseci e vo ramki na zakonot.
Имаше на времето фирми (незнам дали има и сега), кои врзуваа вработени 2 години, доколку им се плати обука и сертификација.. имај во предвид дека таа обука била претежно во работно време. Договорите беа ако сакаш обука, да ја потпишеш таа обврска. Е сега обуката е скапа, фирмата ти платила за таа обука и секако не е ферски ти да си отидеш после 3 месеци. Законот е на твоја страна, меѓутоа...

Доколку веќе фирмите не плаќаат обука, една од причините е баш ова, што законски неможеш да ги обврзеш вработените после обуката да седат кај тебе.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Генерално договорите за вработување имаат рамка во законот за работни односи. Се што излегува од таа рамка, е неважечко. А сум приметил многу договори што сум потпишал излегуваат од тие рамки. Така да за вработен во ИТ секторот кај нас, многу е важно да земе да го пролиста законот за работни односи и од прилика да знае дека што и да потпише вон тој закон, нема да важи. Претежно ЗРО ги штити повеќе вработените.

Во таква ситуација имам можност да бирам, дали ќе се држам до договорот што сум го потпишал или ќе се искурназам и ќе им го предочам ЗРО. Сум бирал да го почитувам договорот, мислам дека е тоа човечки и не ти остава лигава трага ниту лична ниту професионална.
Зборувам за тоа што е во рамки на ЗРО, а ова е.
Имаше на времето фирми (незнам дали има и сега), кои врзуваа вработени 2 години, доколку им се плати обука и сертификација.. имај во предвид дека таа обука била претежно во работно време. Договорите беа ако сакаш обука, да ја потпишеш таа обврска. Е сега обуката е скапа, фирмата ти платила за таа обука и секако не е ферски ти да си отидеш после 3 месеци. Законот е на твоја страна, меѓутоа...

Доколку веќе фирмите не плаќаат обука, една од причините е баш ова, што законски неможеш да ги обврзеш вработените после обуката да седат кај тебе.
Постои сеуште во најголем број од фирмите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.362
Поени од реакции
26.389
Имаше на времето фирми (незнам дали има и сега), кои врзуваа вработени 2 години, доколку им се плати обука и сертификација.. имај во предвид дека таа обука била претежно во работно време. Договорите беа ако сакаш обука, да ја потпишеш таа обврска. Е сега обуката е скапа, фирмата ти платила за таа обука и секако не е ферски ти да си отидеш после 3 месеци. Законот е на твоја страна, меѓутоа...

Доколку веќе фирмите не плаќаат обука, една од причините е баш ова, што законски неможеш да ги обврзеш вработените после обуката да седат кај тебе.
Ако е скапа обука, те обврзуваат да си ја платиш сам (да ѝ вратиш на фирмата пари) доколку не останеш некој период од х месеци.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.782
Поени од реакции
2.763
Ако е скапа обука, те обврзуваат да си ја платиш сам (да ѝ вратиш на фирмата пари) доколку не останеш некој период од х месеци.
Точно. Во Таскфорс имаат ваква политика.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Абе ти ја сватив поентата и првиот пат, ама и фирмите мораш да ги разбереш. На пример, ти си клучен играч во некој проект и таа фирма кај што си одиш треба да најде замена, па да му пренесеш знаење и така натаму. Не смееш да бидеш нефер. Па дури и тие што те земаат, ако размислуваат трезвено, доколку видат дека си ги оставил претходните на цедило, какво мислење ќе имаат за тебе и какви ќе им се очекувањата.

Еве како негативен пример ќе ти кажам имаше една фирма у Скопје пред 10 тина и повеќе години(да не ги именувам, можеби сеуште постојат), им дојде од Америка клиент со добра цена, све живо земаа за тогаш многу добри пари, клиентот се откажа овие колабрираа, па све мораа да отпуштат и останаа дечките со прстот у уста. Карма :)
Не реков ништо. Ако си тим лид или си у менаџмент многу нормално е да имаш таков notice period. Постојат луѓе кои се многу важни за една фирма, кои работеле години и години таму на раководни позиции, и кои го најавуваат своето одење уште година дена уназад. И тоа е ок. Ама за обичен девелопер кој бил само член на тимот дека трансфер на знаење ќе трае три месеца е претерано малку. Која и да беше фирмата која ги врзуваше вработените со договори на 3 години или да платат не знам колку иљади евра за обуката, тоа што го прават е незаконски и не постои никаде во свет таква пракса. Мислам ако била сертифицирана обуката каде го добиваш сертификатот за некоја технологија и кој сигурно коштал иљадници евра (пример AWS certified cloud practitioner), можда и би рекол да, ама пак таква пракса немам видено у свет, најчест период ти е месец дена.
Автоматски споено мислење:

Финтата е што и како фирма, и како вработен, покрај бенефити имаш и одговорности. Никој не вика да го потпишеш договорот ако не ти се допаѓа. Ако фирмата смета дека си преголем liability доколку ти даде договор со 1 месец, ќе си бара друг човек.
Како што ти пробуваш да се заштитиш себеси со што е можно пократок договор (30 денови, од кои пола обично се земаат во одмор и нема око да ти видат, а не да му објасниш на колегите што треба да ја преземат твојата работа), така и фирмата пробува да се заштити да не изгуби клиент, или уште пострашно да добие негативна референца/да им активираат банкарска гаранција, поради што некој киднал.

Инаку и фирмите одбиваат договори доколку не им се допаѓаат некакви обврски во самиот договор, нема лутиш.
Ко што јас имам одоговорности, има и фирмата. Ако фирмата за секој девелопер става 3 месеца отказен, тогаш нешто не е во ред таму, односно имаат голем обрт на луѓе и проблемот лежи на друго место (токсична околина или мали плати најчесто). Ко што фирмата може да изгуби клиент, така и девелоперот може да изгуби годишна плата од 70. 000 евра.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Ко што јас имам одоговорности, има и фирмата. Ако фирмата за секој девелопер става 3 месеца отказен, тогаш нешто не е во ред таму, односно имаат голем обрт на луѓе и проблемот лежи на друго место (токсична околина или мали плати најчесто). Ко што фирмата може да изгуби клиент, така и девелоперот може да изгуби годишна плата од 70. 000 евра.
Не значи дека мора да има токсична атмосфера за да ти стават 3 месеци. Едноставно со некои клиенти не смееш да имаш застој/доцнење ниту една недела, а не пак месец дена.
Си има зошто се става тој рок, не е за џабе, 3 месеци дури и да го немаш вработениот ќе го најдеш, и ќе има време да се ухода во проектот, или да прашалташ некој од друг проект каде што нема да се осети. Инаку сениор програмери знаат да бидат потешки за замена, отколку некој што треба да менаџира.

Ако си го сфатил работниот пазар како наддавање, што правиме ако и фирмата секоја втора недела почне да ти бара замена? Ти гарантирам дека и тие ако интервјуираат секојдневно нови кандидати, после 100-200 души ќе најдат човек што може да го сработи истото што и ти, за далеку помала сума. Но, на крај од денот се се сведува на џентлментски договор, секој вади максимум во моментот, и тоа е тоа, некогаш ќе завршиш со поголема, некогаш со помала заработка (и на двете страни).

Инаку никој не те тера да потпишеш договор на 3 години, можеш да си бараш фирми каде ќе ти дадат на пократок период. Пример еден познаник се скапа радување дека потпишал фриленс договор со отказен рок од 5 работни денови (и тој е нон стоп за договори со кратки рокови), арно ама кога го поздравија седеше 2 месеци додека да најде нов, и изгуби скоро 10к долари, на крај наместо тие, тој испадна заебаниот.
 
Друже, главната и основна цел на едно претпријатие е максимизација на профитот, заради тоа и ти ренташ девелопери од Индија ако не се лажам. Муабетите за лојалност, фирмата е семејство, колегите ти се пред се пријатели се за муабети за на introduction events. Впрочем фирмите тоа и го прават, го одбираат оној што им е the best bang for the buck. Пред да заминам од претходнава фирма им се понудив да работам за помала плата од оваа што сега ќе ја земам, тоа ништо не им значеше иако можеа да ми ја дадат платата, пошто беа сигурни дека можат да најдат поевтин девелопер кој ќе може да ја сработи истата работа за помалку пари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom