Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    726

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.650
Поени од реакции
33.824
Се разбира дека повеќе би сакал да живеам во демократија, но тоа не значи дека ќе си дозволам да се залажувам со фантазии.

Единствен навистина функционален систем на демократија кој сум го сретнал (како идеја) е опишан во серија научно фантастични книги што ги читав лани. Во далечна иднина напредно општество на луѓе има интегрирано компјутери во главата и постојано се случува некое гласање за било што... И тоа е извршно веднаш. Ако луѓето (мнозинството) го променат мислењето, тогаш и промената станува извршна. Значи ако поголемиот дел од луѓето сметаат (еве наша потреба) дека на семафорите треба да има системи за автоматизирање на казните, тогаш штом се достигне мнозинство што сметаат дека треба (а процеост на гласање и пребројување се случува инстантно од централен суперкомпјутер), тогаш државата веднаш пристапува кон имплементација - ставање камери, мерачи, автоматско испраќање на казни дома.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Реалноста вели дека човештвото во либералните демократии во последните 50-100 години има направено квантен скок во квалитетот на животот и во слободите кои ги ужива.
И уништија позади себе еден куп држави, отворија еден куп војни и оставија милиони жртви позади себе... Само за да имаат во нивните држави некаков напредок... Што тоа ги разликува од нацистичка Германија?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.287
Поени од реакции
7.638
Не е ни либералната демократија одржлив начин на живот, последниве 50 години се што прават е да го трошат богатството кое нивните дедовци и прадедовци го акумулирале во ерата кога и тие "Либерални демократии" живееле од врвот на копјето по Америка, Африка, Азија, Балканот, итн ... . Знаеш создавајќи ги тие неодржливи системи.

Од кога прекинале да живеат од врвот на копјето, богатството на Европа како % од светското тоне како камен, популацијата тоне како камен, итн ... Зошто фасада сеуште се одржува не значи дека системот е здрав, поука од Советскиот Сојуз во 1989.
Нивните дедовци и прадедовци како успеале да акумилираат богатство... како нивните дедовци и прадедовци кои претходно живееле во сопствениот измет, успеале да ги преебат поцивилизираните тогашни држави...
Кога прекинале да живеат од врвот на копјето? Сеуште си живеат, друг е проблемот.
Западните држави тонат баш затоа што почнаа да го применуваат социјализмот, трошоците на државниот апарат секоја година само се зголемуваат, а продуктивноста не може тоа да го постигне. Оној социјализам по кои копнеете иако последиците сеуште се чувствуваат од тоа.

Единствена држава во свет каде сеуште владее демократијата е Швајцарија.

И уништија позади себе еден куп држави, отворија еден куп војни и оставија милиони жртви позади себе... Само за да имаат во нивните држави некаков напредок...
Државите нонстоп се уништувале едни со други, затоа глобализацијата од тој аспект е добра, нема големи војни со милионски жртви, индиректните јбг.
 
Член од
30 јануари 2022
Мислења
109
Поени од реакции
224
И уништија позади себе еден куп држави, отворија еден куп војни и оставија милиони жртви позади себе... Само за да имаат во нивните држави некаков напредок... Што тоа ги разликува од нацистичка Германија?
Ништо, скроз се исти. Се кладам дека тебе би ти било сеедно дали живееш во денешен САД или во нацистичка Германија.

Што ти менува, потполно се исти?

Размислувате вака воопшто пред да постирате нешто, ја гледате големата слика или само сакате да тонете во апсурди?

Демек САД немаше да биде богати без војните во Виетнам, Кореа или Афганистан? Од тие војни им зависеше стандардот? Какви глупости се тепаат на овој форум, тоа е просто неверојатно.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Државите нонстоп се уништувале едни со други, затоа глобализацијата од тој аспект е добра, нема големи војни со милионски жртви, индиректните јбг.
Во моментов, како што е поставена цивилизацијата, глобализација во вистинска смисла на зборот не е возможна. Светот може да функционира само со биполарен баланс.
Автоматски споено мислење:

Ништо, скроз се исти. Се кладам дека тебе би ти било сеедно дали живееш во денешен САД или во нацистичка Германија.

Што ти менува, потполно се исти?

Размислувате вака воопшто пред да постирате нешто, ја гледате големата слика или само сакате да тонете во апсурди?
Од аспект да сум лојален на системот и доколку ги исполнувам стандардите на тој систем, мене би ми било најубаво да живеам во нацистичка Германија до 42 или во САД до 2000 година. И под услов да не ме боли стапот што се случувало во СССР во 42 или што се случувало во Виетнам во крајот на 60-тите.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.287
Поени од реакции
7.638
Во моментов, како што е поставена цивилизацијата, глобализација во вистинска смисла на зборот не е возможна. Светот може да функционира само со биполарен баланс.
Автоматски споено мислење:


Од аспект да сум лојален на системот и доколку ги исполнувам стандардите на тој систем, мене би ми било најубаво да живеам во нацистичка Германија до 42 или во САД до 2000 година. И под услов да не ме боли стапот што се случувало во СССР во 42 или што се случувало во Виетнам во крајот на 60-тите.
Во каков свет живееме сега, ако не е глобализација.... Уште да го имплементираат глобалниот светски даночен систем ќе бидеме целосно глобален свет. Тоа граници, остај настрана, небитни се.

Како подразбираш тоа биполарно, што корист од тоа и како да дојдеме до такво нешто.

А во Русија или Украина во кој период би живеел :D
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Во каков свет живееме сега, ако не е глобализација.... Уште да го имплементираат глобалниот светски даночен систем ќе бидеме целосно глобален свет. Тоа граници, остај настрана, небитни се.

Како подразбираш тоа биполарно, што корист од тоа и како да дојдеме до такво нешто.

А во Русија или Украина во кој период би живеел :D
За мене лично неможеш да кажеш. Меѓутоа ајде да пробаме вака ...Тоа што просечен човек не би живеел во Русија или Украина, не ги оправдува интервенциите на западните држави и нивниот неоколонијализам. Токму тие интервенции и експлоатацијата на природни и човекови ресурси во трети држави им го прави животот на тие држави комотен. Така да аргументот „што не идеш да живееш во Северна Кореја“ е бескрајно глуп. Тоа не е глобализација, тука поимот глобализација е злоупотребен во идеолошка смисла. Генерално станува збор за Американизација. Украина за САД е само поле за harvesting, додека за Русија е безбедносна закана.
 
Член од
30 јануари 2022
Мислења
109
Поени од реакции
224
Така да аргументот „што не идеш да живееш во Северна Кореја“ е бескрајно глуп.
Да, тој аргумент е глуп, а кога ќе ти извадат години на владење на партиите во Германија и Северна Кореа и ќе ти кажат дека тоа е ист систем, тогаш тоа воопшто не е глупо.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.019
Токму тие интервенции и експлоатацијата на природни и човекови ресурси во трети држави им го прави животот на тие држави комотен.
Нема врска. Богатството, моќта на западните земји и општо на богатите во најголем дел (исклучувајќи некои мали земји) доаѓа од напредокот на знаењето, науката, технологијата. Војувањето, колонизирањето и сл на остатокот од светот е само борба меѓу самите развиени земји за поголема моќ на едни спрема други.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.287
Поени од реакции
7.638
Токму тие интервенции и експлоатацијата на природни и човекови ресурси во трети држави им го прави животот на тие држави комотен. Така да аргументот „што не идеш да живееш во Северна Кореја“ е бескрајно глуп. Тоа не е глобализација, тука поимот глобализација е злоупотребен во идеолошка смисла. Генерално станува збор за Американизација. Украина за САД е само поле за harvesting, додека за Русија е безбедносна закана.
Аман бе Јамајка и ти ли сеа со експлоатацијата. Кој период во познатата историја на човештвото немало експлоатација? Работата е дали тие што се на врвот од синџирот нешто придонеле за општиот напредок на светот. Еве ти пробај објасни како тоа САД станале бр.1, ако се земе во предвид колку се поразвиени земји имало тоа време. Како Енглезине, Швеѓаните, Германците од варвари станале лидери во поновава историја. Русија, Украина нема што немаат од природни ресурси на нивна територија и ете ги кај што се.

Русија исто ја цицала и ќе си ја цица Украина, да не се лажеме. За кого умреле милиони Украинци на времето... сигурно не за јенките и енглезите.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Нема врска. Богатството, моќта на западните земји и општо на богатите во најголем дел (исклучувајќи некои мали земји) доаѓа од напредокот на знаењето, науката, технологијата. Војувањето, колонизирањето и сл на остатокот од светот е само борба меѓу самите развиени земји за поголема моќ на едни спрема други.
На сметка на малите земји нели? Тоа со ништо не го негира моето тврдење. Сепак користат ресурси од неразвиените земји за свој бенефит и купување на социјален мир за да биде муабетот „Што не одиш да живееш во Северна Кореја“, врз грбот и врз бедата на стотици милиони други луѓе...
Автоматски споено мислење:

Аман бе Јамајка и ти ли сеа со експлоатацијата. Кој период во познатата историја на човештвото немало експлоатација? Работата е дали тие што се на врвот од синџирот нешто придонеле за општиот напредок на светот. Еве ти пробај објасни како тоа САД станале бр.1, ако се земе во предвид колку се поразвиени земји имало тоа време. Како Енглезине, Швеѓаните, Германците од варвари станале лидери во поновава историја. Русија, Украина нема што немаат од природни ресурси на нивна територија и ете ги кај што се.

Русија исто ја цицала и ќе си ја цица Украина, да не се лажеме. За кого умреле милиони Украинци на времето... сигурно не за јенките и енглезите.
Ако си ме прател малку, ќе си забележал дека јас не го порекнувам тоа, само што за разлика од тие што ја величаат демократијата како некакво си „убер достигнување на човековата цивилизација“, само ги именувам работите со вистинското лице. Ти со ова не го побиваш мојот став, туку само го конфирмираш.

Советите можеби ја цицале Укранина во некое минато, но ќе повторам, од денешен аспект Украина за САД е поле за цицање, додека за Русија е прашање на безбедност.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.019
На сметка на малите земји нели? Тоа со ништо не го негира моето тврдење. Сепак користат ресурси од неразвиените земји за свој бенефит и купување на социјален мир за да биде муабетот „Што не одиш да живееш во Северна Кореја“.
Не, тие ресурси ги користат за меѓусебна борба за превласт.
Комоцијата што ја спомнуваш не доаѓа од тоа, туку од сеопштиот напредок. Некој измисл мотор на парен погон, автоматски го олеснува животот на милиони луѓе и отвора еден куп можности.
Џингис ја ограбил пола Азија, луѓето уште умираат од обична инфекција.
Не се ресурсите на другите земји битни, битен е развојот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Не, тие ресурси ги користат за меѓусебна борба за превласт.
Комоцијата што ја спомнуваш не доаѓа од тоа, туку од сеопштиот напредок. Некој измисл мотор на парен погон, автоматски го олеснува животот на милиони луѓе и отвора еден куп можности.
Џингис ја ограбил пола Азија, луѓето уште умираат од обична инфекција.
Не се ресурсите на другите земји битни, битен е развојот.
Научно техничкиот развој на една држава и донесува можност на таа држава за превласт, тоа е точно. Но зошто е важна превласта? Сигурно не само заради суво полнење на егото, туку борба за превласт врз ресурсите кои ќе и овозможат на таа држава уште поголем развој и ќе и обезбедат социјален мир на нејзините граѓани.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.650
Поени од реакции
33.824
Не ми се верува какви сѐ рационализации читам за оправдување на нешто што во основа е провокација и агресија и нарушување на безбедност на светска велесила, и ултимативно може да доведе до MAD.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.287
Поени од реакции
7.638
Советите можеби ја цицале Укранина во некое минато, но ќе повторам, од денешен аспект Украина за САД е поле за цицање, додека за Русија е прашање на безбедност.
Што па толку безбедност... САД цела копнена војска да ја донесат во Украина пак ќе го јадат повеќе од Русите. Нели Русите во воена технологија се пред САД, никој ништо не им може.
Повеќе е изговор да си ги присвојат териториите што се со Руско население и толку.

И да се повторам, овој пат, Русите имаат право да си ги земат тие територии, бидејќи Украина одамна не е правна држава, па кога другите ја цицаат, Русите имаат предност и добро оправдување.
Автоматски споено мислење:

туку борба за превласт врз ресурсите кои ќе и овозможат на таа држава уште поголем развој и ќе и обезбедат социјален мир на нејзините граѓани.
Јапонија кои ресурси ги има... Израел кои ресурси ги има... Германија кои ресурси ги имаше...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom