Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Во моментов се игра нова шаховска партија помеѓу САД и Русија која слободно може да се нарече Украински гамбит. Баш како што напиша, идејата е да се жртвува пион (Украина) за понатаму да се постигне предност во партијата. Претходната партија Грузиски гамбит ја изгубија, бидејќи многу лесно со малку загуба и трошок Русија од Грузија ги одзема Абхазија и Северна Осетија. Откако тука не ја постигнаа целта , се случи Мајдан , ги осколија Украинците да го симнат Јанукович и да го стават Порошенко за да се формира пионска власт на САД, па Украина како епилог ги изгуби Доњецк и Луганск , Русија лежерно го анектира Крим без испукан куршум.Е сега дојде време и овој пион САД да го жртвува. Во двата случаи, и Грузија и Украина купуваат оружје од САД, ги плаќаат нивните инструктори, за САД ова е business as usual. Жално што Украинците не ја научија лекцијата од Грузија. Можеби САД мислат дека Украина е голем залак за Русија, но проблем за нив е што во источните и јужните републики има голем број Руско население, па може лесно да се случи со мали загуби Русија да ги анектира ,малку потешко од Крим, но не е за изнендување Украина да биде преполовена за кратко време и да нема пристап до Црно море. Путин сигурно нема да се интересира за западниот дел на Украина, таму нема никаква поддршка од населението.
И ниту еден русин ако не умре, анексијата или какво било превземање на Украина од страна на Русија би значело за Русија дека во следните 10-15 години они ќе се занимаваат само со Украина и ништо друго. Секако освен ако не решат да отидат со целосна бруталност и не ги претворат во колонија за експлоатација ( а тоа нема да се случи).

Украина се што има е инфраструктура од седумдесетите и осумдесетите која се распаѓа, милиони и милиони пензионери длабоко под работ на сиромаштија. Индустрија од СССР која се распаѓа ( целиот технички кадар е веќе или во Русија или по Германија, Канада, САД ), нема природни ресурси ( освен земјоделие кое Русите веќе го имаат) и тоа е тоа. Освен Одеса и хидроцентралите на Дњепар со самата Дњепар нема апсолутно ништо од никаква вредност во Украина.

Украина е сметка која кошта повеќе милијарди долари годишно, ЕУ веќе им дадоа грант од 1.3 милијарди во Јануари + Полска ќе им купи гас од нивни пари + добија неколку стотици милиони долари од САД и Британија. И финансиската ситуација нема да се подобрува туку само ќе тоне и јамата за пари наречена Украина ќе се зголемува и зголемува. Какво било воено решение од страна на Русија би било катастрофално грешка.

Впрочем и предпоставувам тоа и е причината зошто западните медиуми цело време тераат пропаганда "Украина ќе падне за еден ден", "НАТО нема обрски за Украина и нема да и помогне". Пробуваат намерно да испровоцираат војна за да се ослободат од товарот.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.961
Не верувам дека воена интервенција (ако дојде до неа) би била нешто друго освен обезбедување независност на ДНР/ЛНР и поставување на руски „миротворци“. Отприлика во стилот на грузиската интервенција... Евентуално подржување и независност и на други региони (југот) на Украина, но тоа потешко без опсежна и нешто подолга/поризична воена интервенција. Мислам дека нема да ризикуваат, премалку бенефит.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
290
И ниту еден русин ако не умре, анексијата или какво било превземање на Украина од страна на Русија би значело за Русија дека во следните 10-15 години они ќе се занимаваат само со Украина и ништо друго. Секако освен ако не решат да отидат со целосна бруталност и не ги претворат во колонија за експлоатација ( а тоа нема да се случи).
Нема ништо случајно кога е во прашање Русија и нејзиното влијание во Украина. Сигурно немаше спонтано организирање отпор во Донбас. Од ладот на Јанунович во сите републики со мнозинско руско население сигурно се организираа за отпор, но во прва фаза, тзргетирани беа стратешки битни делови како Крим и Донбас.Ако влезе Русија ќе се ограничи на региони каде ќе имаат поддршка
Автоматски споено мислење:

Евентуално подржување и независност и на други региони (југот) на Украина, но тоа потешко без опсежна и нешто подолга/поризична воена интервенција. Мислам дека нема да ризикуваат, премалку бенефит.
Толку војска донесена од цела Русија со нјмодерна воена техника е многу за миротворна мисија или гаранција за Донбас. Стратешки, токму југот е најбитен, отсекување на Украина од Црно море, копнено пкврзување на Донбас и Одеса, обезбедување на Крим .Во тој случај Украина ќе нема пат кон исгок и југ, економски брзо ќе колабира.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.961
Во меѓувреме...
:D

Макрон и удри шамар на Америка – ги поддржува Путин и Русија
Францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на денешната посета на Москва изјави дека верува оти е можен договор за да се избегне војна во Украина, но и дека Русија има право да се грижи за сопствената безбедност.

Тој за францускиот „Журнал ди диманш“ изјави дека целта на Русија „не е Украина, туку разјаснување на правилата со НАТО и ЕУ“, пренесува Би-би-си.
Макрон изрази надеж дека неговиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин ќе биде доволен за да се спречи воен конфликт и додаде дека верува оти Путин ќе биде отворен за разговори за пошироки прашања.

Францускиот претседател, кој во неделата разговараше и со неговиот американски колега Џозеф Бајден, повика на воспоставување „нова рамнотежа“ со цел да се заштитат европските земји и да се смири Русија.

Тој повтори дека суверенитетот на Украина не е тема на разговор.
„Мораме да ги заштитиме нашите европски браќа со предлагање нова рамнотежа која ќе може да ги зачува нивниот суверенитет и мир“, рече Макрон.
Автоматски споено мислење:

Бонус:
 
Последно уредено:
Член од
2 јуни 2021
Мислења
18
Поени од реакции
21
Франција нели не е во воената структура на Нато уште таму од 60-ти и фигурира чисто политички, за нив не важи членот 5 колку што се сеќавам.

Но Франција игра срамна цивилизациска улога во пола Африка по бивши колонии и денешни нео-колонии каде цели држави се раководат од Париз, на терен во земји како Камерун или БСК ќе инсталираат некој диктатор кој ќе им ги даде ресурсите на француски фирми под концесија за багатела со по некој милион за него и неговата клика.
Еден куп земји имаат афрички франк чија централна банка не е во ниту една од земјите кои го употребуваат туку во ......Париз.
Ако нешто излезе вон контрола тука е Легија на Странци како во БСК или Мали или Чад, во случај нивниот диктатор да биде во опасност од паѓање од власт, веднаш интервенираат со цел спас на режимот.
Но покрај САД и Русија кои доминираат во јавниот наратив, некако нема место за Франција и нивните зулуми, све тоа поминува испод радар.
Така беше се до 2009 година, тогаш Франција пак стана полноправа членка на НАТО, а тоа околу Африка се менува, Русите ги исфрлија и од Мали https://www.france24.com/en/video/20220111-russian-mercenaries-in-mali-photos-show-wagner-operatives-in-segou
и од Буркина Фасо https://www.google.com/amp/s/www.nytimes.com/2022/01/25/world/africa/burkina-faso-coup-russians.amp.html
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Имаш слобода на говор во Америка додека го повторуваш тоа што го кажуваат CNN, MSNBC, FOX. Излези и кажи нешто контра нивниот наратив или не дај боже да го направиш од каква било позиција на моќ и целата машинерија ќе ти се наврти да те оцрни, дискредитира и уништи животот.
Најверојатно на секој пост во ваквиве теми треба да повторувам дека САД одамна не се демократија и затоа се распаѓаат. Сега со ковидот јасно се виде дека западот е тоталитаристички систем. Процес кој е започнат од порано, само сега се осеќаат резултатите. Сепак, сеуште се потолерантни него ли Русите и другите слични системи, таму одма во затвор или темнината те изеде.

Елитата си имала добар пример за пресликување од другите комунистички системи, па си го имплементира со некои модификации.
Yuri Bezmenov, former USSR KGB informant who defected to Canada, explains how rhetoric can destabilize the Western economy with Marxist ideology. It only takes four steps to destroy society: demoralization, destabilization, crisis, and normalization.

1.) Demoralization – This typically occurs in the span of 15-20 years as it takes time to re-educate the youth to believe in values contrary to tradition.

2.) Destabilization – Once a generation has been demoralized, it takes another 2-5 years to destabilize a nation’s economy, foreign relations, and defense system. Hunt out the sympathizers and introduce the welfare state to make the people reliant on the government.

3.) Crisis – This stage only takes six months as the results are rapid. Create a crisis, introduce war, fear, and terror. Cause the people to look toward the government for comfort amid desperation.

4.) Normalization – The powers granted to the government are now a normal part of life. Liberties have been surrendered to the government to solve the problem that the government created. Dissidents are seen as a disposable threat, and the world is expected to accept the new way of life as normal.
1644228882348.png

САД, Русија, Сауди Арабија, Франција и Израел се земјите чии политичко-економски елити прават проблеми во разни региони по светот. Дали во САД после бламот со Афганистан ќе има исчекор кон изолационизам, не верувам во такво нешто. Војната и постојаната војска (standing army) се манијакален потрошач на средства и ресурси, настрана човечки капитал. Еден час лет на пресретнувач од 5-та генерација е 25000 долари, и тоа без употреба на вежбовни или боеви средства, чисто само летот.
Јасно, знам дека тебе и ти е појасно за воената индустрија, само не ми е јасно зашто ми пишуваш некои утописки работи , кога ја знаеш моќта на воениот систем.:toe: Нешто си ми разнежет, те читам и во другана тема за жените, дигни малку рачната, ќе ја изгубиш природната исконска битка :D.
Филип т.е. Александар Македонски, како успеал да воспостави глобален систем, прифатен од целиот тогашниот познат свет... кој не се согласувал, ќотек, па така и сега. :D
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.961
Заблудата е дека демократија некаде и некогаш воопшто постоела.
 
Член од
30 јануари 2022
Мислења
109
Поени од реакции
224
Заблудата е дека демократија некаде и некогаш воопшто постоела.
Тоа зависи од тоа како ќе ја дефинираш демократијата. Мислам дека не е спорно дека денешните западни општества имаат донесено најмногу добробит на најголем дел од својата популација.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Нема никаде Русоофобија во моите постови, напротив, сеуште не ми е јасно како покрај толку ресурси, територија и човечки потенцијал = просечните граѓани имаат далеку помал стандард од арапите во Абу Даби или некаков си Сингапур кој е град држава. Па досега русите требаше да бидат пример во светот.
По таа логика, според ресурси Африка треба да е една од најбогатите предели во светот... но сепак... После една граѓанска војна која однела над 20 милиони жртви, светска војна која одзела уште 27милиони жртби и комунистички режим кој ја уништил државата од корен и однел дополнително уште 40 милиони жртви. Историја во која западноевропските земји, попрво правеле сојузништва со Отоманите(кои го уништиле православниот свет на Блискиот Исток и Мала Азија) против Русија.. И ова што го има сега, е изненадувачки добро... А како што гледаме моќта им расте. До каде? Останува иднината да ни покаже.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Тоа зависи од тоа како ќе ја дефинираш демократијата. Мислам дека не е спорно дека денешните западни општества имаат донесено најмногу добробит на најголем дел од својата популација.
Јас пак би рекол дека Џингис Кан историски донел највеќе добробит за најголем дел од својата популација.
 
Член од
30 јануари 2022
Мислења
109
Поени од реакции
224
Јас пак би рекол дека Џингис Кан историски донел највеќе добробит за најголем дел од својата популација.
Ова е заебанција или сериозно го мислиш ова? Монголите не создале никаков систем, никакви институции. Целата нивна филозофија била на врвот на копјето.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Тоа зависи од тоа како ќе ја дефинираш демократијата. Мислам дека не е спорно дека денешните западни општества имаат донесено најмногу добробит на најголем дел од својата популација.
Јас пак би рекол дека Џингис Кан историски донел највеќе добробит за најголем дел од својата популација.
Исто и Абдул Хамид втори највеќе добробит за Турската популација... Исчистил 50% од населението (православните) од Мала Азија и денеска се 100% муслимани.
Автоматски споено мислење:

Ова е заебанција или сериозно го мислиш ова? Монголите не создале никаков систем, никакви институции. Целата нивна филозофија била на врвот на копјето.
Хитлер создал систем, институции, војска, наука... и носел добробит за својата популација...
 
Член од
30 јануари 2022
Мислења
109
Поени од реакции
224
Хитлер создал систем, институции, војска, наука... и носел добробит за својата популација...
Сериозно го споредуваш нацизмот со западните либерални демократии?

Ви се допаѓало тоа или не, либералните демократии се супериорен начин на управување со државите, единствениот начин кој функционира и носи добробит на најголем дел од населението.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Ова е заебанција или сериозно го мислиш ова? Монголите не создале никаков систем, никакви институции. Целата нивна филозофија била на врвот на копјето.
И од врвот на копјето се живеело добро, од ситни разбојници и бандити кои напаѓаат каравани за еден животен век ги претворил во господари на Кина, Централна Азија, Кавказот, Иран, Ирак, Украина, итн ... . Квалитетот на живот на просечниот Монголец се зголемил неколкукратно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom