Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    729

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Е така е, никогаш не биле светски полицаец, ниту можеле, ниту ќе можат, а една од главните причини е прифаќањето на комунизмот, иако ги имале сите предуслови тие да се бр.1.
Не се замислени постапки, доволно е да видиш што се направиле во последните 100тина години и јасно е што ќе било.
Западот почна на големо да применува истата нивна марксистичка утопија и се гледа распадот.
Целиот универзум функционира според правилото малите се вртат околу големите, така да јбг, мора да постојат господари и слуги. Е какви ќе се господарите, од тоа зависи каква ќе е благосостојбата на сите други.
Toa подвлеченото е токму тоа што се одбива не само да се дискутира, туку и воопшто да се размислува.
Не само ти, за многумина важи тоа. Но еве ти конкретно, кажи зошто ги игнорираш сите факти што ги наведов (а постојат и многу многу други)?

Наместо дискусија за господарите, Пакс Американа, и за злосторството против човештвото што го прават... Ти повторно и повторно пишуваш за Русија. Остави ја Русија, Русија не е таа што глобално прави проблеми на човештвото. САД го прават тоа. Зошто за тоа одбиваш да дискутираш (свесно или несвесно)?

Наместо да ја гледаш Русија, прашај се што САД направија во „последните 100 години“.


САД ја направија и ујдурмава со Украина, не Русија.
По стоти пат можеби се спомнува, како би реагирале САД ако Русија изведеше државен удар во Канада или Мексико за да ги вклучи во воен сојуз и да постави ракетни бази таму? Одговори го тоа, па кажи ми пак дека главната поента во ситуацијава се територијалниот интегритет на Украина и меѓународното право (и слични приказни). Пошто утре ако во MAD и некоја (скраја-да-е) нуклеарна зима, се прашуваме зошто умира човештвото, сигурно нема на ум да ни бидат територијалниот интегритет на Украина и меѓународното право.
 
Член од
6 февруари 2022
Мислења
975
Поени од реакции
3.802
На Русите им одговара ситуацијава со оглед на тоа дека цената на гасот е плафон и нафтата исто највисока цена држи од 2014 навака, дневно само продават гас за скоро пола милијарда.
Путин е опасен играч.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Цената на гасот (и енергенсите општо) се друг муабет и не е директно зависен од случувањава во Украина.
Летово ЕУ многу малку енергија доби од обновливите извори, првенствено од ветерниците. Историски најслаба година со ветер откако масовно користат ветерници, затоа мораа да ги користат резервите гас уште во лето. Кога почна зимата немаа резерви, и побарувачката нагло скокна... А кога побарувачката скока и цената скока. ЕУ дополнително си пукаат во нога со тоа што не го пуштаат во употреба гасоводот Северен Тек 2 (под влијание на САД).

Зошто цената на гасот не е отидена во плафон во Унгарија и Србија (на пример)?
Затоа што си имаат долгорочни договори со однапред договорени цени и Русија тоа го почитува. ЕУ (по влијание на САД) одбиваа долгорочни договори и инсистираа да купуваат по моментална пазарна цена... Епа ете ја моментална пазарна цена, во плафон.
 

SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
Нема што да пишуваш до утре што и зошто, пиши ги само имињата на тие убер-квалитетни кадри и доволно ќе биде. Еве наброј десет може, за тоа ќе ти бидат потребни едно 5 минути.

Еве ќе ти дадам јас еден гратис од мене:
  1. Тукашевски, човекот кој користел Хемиско оружје за да задушува селски буни (Тамбов) и претворил развиен регион во рушевини поради неспособност и човекот кој ја изгубил војната против Полска во 1920.
Баш сакам да видам кој се другите девет брилијантни офицери кои ете ќе биле подобри од Жуков, Рокосовски, Конев, Батов, Кузнењеств, Василиј, , Тимошенко, Ворошилов, итн ... . Ако немаш што да кажеш не се расфрлај со тврдења од никаде и потоа ајмо назад во безбедното засолниште на "Се што кажа е погрешно али јас неможам да се замарам да ти објаснам зошто".
Ворошилов е роден во Луганска област, така на еден начин е поврзан со темата. Али брилијантен офицер...? Од растрел во почетокот на II светска воjна го спасува само мисленето на Сталин дека е природно туп. Другото ти е оффтопик, али е со иста компетентност.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.174
Поени од реакции
22.762
Воглавно не ти е точно ова и можам до утре да ти пишувам што и зошто, али не е темава тоа.
Ај објасни, дали тука дали во некоја друга тема бидејќи и јас сум на исто мислење со Боро па би сакал да го видам твоето образложение.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Toa подвлеченото е токму тоа што се одбива не само да се дискутира, туку и воопшто да се размислува.
Не само ти, за многумина важи тоа. Но еве ти конкретно, кажи зошто ги игнорираш сите факти што ги наведов (а постојат и многу многу други)?

Наместо дискусија за господарите, Пакс Американа, и за злосторството против човештвото што го прават... Ти повторно и повторно пишуваш за Русија. Остави ја Русија, Русија не е таа што глобално прави проблеми на човештвото. САД го прават тоа. Зошто за тоа одбиваш да дискутираш (свесно или несвесно)?

Наместо да ја гледаш Русија, прашај се што САД направија во „последните 100 години“.


САД ја направија и ујдурмава со Украина, не Русија.
По стоти пат можеби се спомнува, како би реагирале САД ако Русија изведеше државен удар во Канада или Мексико за да ги вклучи во воен сојуз и да постави ракетни бази таму? Одговори го тоа, па кажи ми пак дека главната поента во ситуацијава се територијалниот интегритет на Украина и меѓународното право (и слични приказни). Пошто утре ако во MAD и некоја (скраја-да-е) нуклеарна зима, се прашуваме зошто умира човештвото, сигурно нема на ум да ни бидат територијалниот интегритет на Украина и меѓународното право.
Уште една потврда дека ниту читаш, ниту се држиш до некоја тема кога ќе се започне.

Ај врати се назад каде почна да мешаш нирвани, какаду и што се не, па види дали во дискусијата со Муерте не потенцирав дека САД се тие кои што се мешаат во Украина, дека Русија во конкретниов пример е во право итн итн.

Секое време би прифатил САД (оној САД до 70тите) да се светскиот џандар, а Русите никад. Од Русите (системот нивни) никад светот немал корист, додека од САД друга е прикаската

Сконцентирај се малку кога пишуваш, не скокај како прле. :P
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.836
Поени од реакции
36.873

Со дополнителни ракети со све, на 100 километри од украинска граница.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Ај објасни, дали тука дали во некоја друга тема бидејќи и јас сум на исто мислење со Боро па би сакал да го видам твоето образложение.
Мислиш дека тоа што тргнал (избркал, затворил, убил) 75% од високиот официрски кадар, за две години, немало влијание врз Барбароса следната година?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Уште една потврда дека ниту читаш, ниту се држиш до некоја тема кога ќе се започне.
Ај врати се назад каде почна да мешаш нирвани, какаду и што се не, па види дали во дискусијата со Муерте не потенцирав дека САД се тие кои што се мешаат во Украина, дека Русија во конкретниов пример е во право итн итн.
Напротив, тебе тезата која упорно ја повторуваш е тоа дека е добро што САД се „светскиот полицаец“... А мене ме провоцираше со неумесни споредби со некадарни ликови.
Епа успешно ме испровицира. :D
Не бегај сега педерски од дискусија со релативизации и обвинување за замена на тези (што самиот го правиш а мене ме обвинуваш). :)


Да не кажеш дека ти заменувам тези, еве уште еднаш што упорно повторуваш:
Секое време би прифатил САД (оној САД до 70тите) да се светскиот џандар, а Русите никад. Од Русите (системот нивни) никад светот немал корист, додека од САД друга е прикаската

Сконцентирај се малку кога пишуваш, не скокај како прле. :P
Јас можам да набројам двоцифрен број факти за тоа дека САД се ужасни во улогата на „светски полицаец“, дека ја злоупотребуваат, и дека целото човештво (заедно со обичните амери) плаќа за тоа а само нивните елити профитираат. Не најмалку тука влегуваат и проблемите кои САД ги направија во Украина, државниот удар со кој ја променија власта, и влијанието да се прават провокации кон Русија - нешто што полека води кон судир на двете најголеми нуклеарни сили и MAD.

Амa aко ти можеш да наведеш барем толку добри работи (колку што јас можам да наведам лоши работи) кои произлегле од глумењето на светски полицаец од САД, тогаш може да се согласиме дека си сконцентриран на дискусијава. Дотогаш јасно е дека само дигресираш кога упорно и упорно ја посочуваш Русија. Сам кажа дека Русија не била и нема да биде „светски полицаец“ и дека Русија не ја предизвика кризата во Украина... Остави ја Русија на страна. За САД зборуваме.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.876
Поени од реакции
12.983
Почнаа или уште тураат видеа на твитер? Ај чек нека заврши олимпијадата. :icon_lol:
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.174
Поени од реакции
22.762
Мислиш дека тоа што тргнал (избркал, затворил, убил) 75% од високиот официрски кадар, за две години, немало влијание врз Барбароса следната година?
Не го реков тоа, чистките имале влијание но не биле најважни како на пример неколкукратното зголемување на војници во Црвената Армија, немањето нафта, логистика, единици кои постоеле само на хартија итн.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.395
Поени од реакции
9.001
Придобивките од американската демократија во Авганистан:

 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.472
Па тоа се муабети I am American citizen... како изговор да праи што сака. Имавме дури и еден пример тука, каде што Норвешки војник ни уби министер возејќи во спротивна насока на автопат, а за малку вооружен инцидент ќе имаше кога пробаа нашите регуларно да го уапсат... Да не зборам за заканите интерпретирани како предупредувања, кога ги покажуваа стрелките на часовникот и дека било 5 до 12 да ја не се излезе на референдумот против новиот закон територијалната поделба... Па се до последните мешања во внатрешната политика (демократија?), која последните 7 години е веќе без никаков пардон....

Така да збори ми за колективната мана што ја имале Русите... Тоа ти е генерално проблем на соговорникот, ако ти го гледаш неговото понашање како арогантно, што и да направи ќе ти биде арогантно... влагаш со предрасуди.
Автоматски споено мислење:


И се може бе, има јак сојузник и ако САД реши, ќе се отцепат и ти што ќе направиш во врска со тоа? Зарем јас ако зборам ок за Украина и во мојот говор покажам подршка за нивниот територијален интегритет, ќе го спречам Тетово да замине во Косово? Од мојот наратив за Украина ќе зависи што Албанија ќе збори за Тетово ?
Последните 30 години имаме мешање во избори од надворешни фактори, но не сум сигурен дека западните се оние кои имаат најмногу влијание, четничките, арнаутските и татарските служби многу повеќе роварат отколку западни фактори, од очигледни причини.
Да не заборавиме Саудиски пари со кои направија coup во ИВЗ.

Неколку пати тоа го забележав, можеби не се тоа репрезентативни примероци но проблемот беше што не комуницираа со други, пример ќе се соберевме на пијачка луѓе од секаде, а русиве никогаш не се мешаа, си седеа на друга маса само руси.

Но што би била крајната цел на Русија во ситуацијава? Реалистично не им треба Донбас пошто имаат појака индустрија во самата Русија, а ресурси имаат 100 пати повеќе од Украјина која има нешто јаглен ако не се лажам, но и тоа Русија го има за извоз.

Ние како граѓани на РМ имаме многу поблиску во ситуацијава со Украјинците него со Русите.
Можат да се повлечат многу паралели, една од нив е со малцинствата и сецесионизмот.
Автоматски споено мислење:

Моја грешка не објаснив на што мислев за другата страна од паричката.
Ванлок на пример 24/7 ни попува за лошите Јенки и нивните злодела, а ниту еден пост за Русите. Вонземјанин да го чита ќе си помисли, Русите цвеќе за мирисање,а имаат солидна лепеза за сторени злодела. Тие свои 50+ милиони си убиле, па за другите.
Ти па, 24/7 ни попуваш за диктаторите на истокот, ама за Западните диктаторски режими ниту еден пост. Вонземјанин да те чита ќе си помисли на запад демократијата цвета, а ни Д нема од демократија. (био тоа некогаш)



Како тоа не иде... Зашто и да не иде, кога дефакто немаме никаква контрола на тој дел од територијата, а пари се трошат на велико. Да видиш како глатко ќе иде и тоа низ цел западен свет. Во САД веќе е започнат процесот за разнебитување, не па низ светот. На југот кај што врие Мексиканци, без Шпански јазик, ништо не правиш. САД станале број 1, бидејќи од цел свет што доаѓале, се знаело, англиски. Германци се земале со Французи, со Енглези итн нешто што во ЕУ многу тешко се случувало, а сега и таму си ибаа мамата.


Пак тој МОРА. Никој не ти го спори тоа. Но постојат ли во реалноста такви стандарди според кои големите се придржуваат ??? Не постојат пријателе, ние не сме цивилизирани, ние само имаме пософистицирани оружја за убивање и контрола на народот, свеста ни е како на животни. Постоењето на светска империја / светски полицаец е на некој начин и добро, бидејќи тој полицаец регулира да нема општ хаос, туку тој ќе одлучи кој да го јаде стапот :D
За да се решаваат споровите без војни, забрани воена индустрија и тогаш може да збориме. Ти очекуваш секоја година нови воени играчки да произведуваат, а да не си поиграат со нив, секако на туѓа територија.

За намален број жртви, директни да, за индиректни сигурно е х10.

Абе постојат и предуслови да нема гладни деца, да има чиста вода за секое дете, арно ама дали тоа е така...

Како ќе се развива светот, зависи од новиот светски полицаец, а тоа ќе биде Кина (од 2032), но не ми мириса на добро, бидејќи тие се со друг менталитет, различен од Англо-Саксонскиот и се ко роботи.

Прегледај го приврзокот 321325
Баш така, МОРА човештвото да се движи кон решавање на проблеми без војна.
Алтернативата е сите малцинства во светот да се фатат за пушка и земјата-спонзор да влезе во војна со земјата каде малцинството живее, па така како што реков, ќе има крв до колена низ цел свет.
Прилично детално сум упатен во фасцинантниот феномен на војната, особено пост-индустриска револуција, интересно е да се знае, можат да се извлечат многу заклучоци, но основата е дека војната мора полека да замине на ѓубриштето на историјата како надминат атавизам.
За среќа полека но сигурно тоа и се случува, се помалку и помалку луѓе директно или не, губат живот, физичко или ментално здравје поради војните.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
Имали некој инсајдер од кај славјанка да каже кога ќе има динге динге меѓу украинците и русите?
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Не го реков тоа, чистките имале влијание но не биле најважни како на пример неколкукратното зголемување на војници во Црвената Армија, немањето нафта, логистика, единици кои постоеле само на хартија итн.
Еве им реков нека набројат некој од тие многу легендарни генерали кои ќе ја "свртеле" ситуацијата и не гледам многу примери да се даваат. Знаат само "хехехе" да пишат и некакви лоши обиди за хумор.

Опремата и тренингот на помладите офицери им биле најголем дел од проблемите, после тоа логистиката. Зошто за 10 години направиле огромен технолошки скок, огромен дел од тоа што го произведувале добро изгледало на хартија али во пракса ништо не функционирало и требало да помине неколку циклуси на тестирање и користење на терен за да се научат некој произвовдствени и технички лекции кои од книга не можат да се научат.

Па така на хартија си имал дивизија со 300 тенка (Т-26) од кој пола ќе се расипеле додека да дојдат до фронтот, уште пола од преостанатите ќе биле изгубени зошто немале радио во нив и си немал никаков начин да ги координираш, и преостанатите ќе биле уништени дека тенкот бил ѓубре со мноштво на тенички проблеми и грешки. Дури некаде од крајот на 1942-43, новите верзии на Т-34 и подобрените верзии на КВ-1 биле каква било пристојна опрема. Радија за координација и товарни камиони биле уште покритична опрема која или им фалела катастрофално или дизајните им биле катастрофални. Без Американските Студебакери и спецификациите да ги произведуваат, никогаш немале да можат да војуваат модерна мобилна војна.

Кај помладите офицери и самите војници имале уште поголем проблем. Огромен дел од нив биле што туку описменети селани или ветерани од првата светска војна/ револуцијата и сега одеднаш од нив се очекувало да можат да водат модерна комбинирана мобилна војна базирано на одредени теореми кои никогаш не биле објаснети освен на високо ниво и за кои немало никакво вистинско тренирање за да знаат како да ги спроведат ниту пак знаеле како да ја користат и сервисираат опремата која требале да ја користат. Буквално Финска и граничниот конфликт со Јапонија биле единствените можности за да ги тестира своите теореми Црвената Армија и кога виделе колку се катастрофално спремни веднаш почнале ретренирање е сега тоа што нивната реорганизација се погодила да биде во истиот момент со Барбароса е сосема друг проблем.

А тоа дека некој офицери од прва светска војна ќе направеле некаква поголема разлика е само мит најчесто форсиран од самите воени лица за да си оправдаат одредени загуби. Французите биле командувани од легендарни офицери од Првата Светска Војна па "легендите" комплетно се изгубиле при модерно војување, истото важи и за Англичаните кои првите години менувале генерали како чорапи. Да било до Германските генерали, Германците најверојатно ниту Белгија немале да ја освојат и ќе создаделе иста ситуација како во Првата Светска Војна. Пробивот преку Ардените, користење на падобранци за брзо заземање на Белгиските утврдувања, опкружувањето на Киев буквално сите најголеми победи на Германија биле резултат зошто Хитлер ги надгласувал своите генерали.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom