Трауми од детството Владе.
Стрепаш за благо, идеш низ куќа тарашиш (прв се среќавам со зборов у пишана форма), бараш све и свашта и на крај ги прашуваш домашните, еј абе има нешто благо и добиваш одговор ете има у висачи. И очекуваш да има некои колачи, чоколада, нешто слично, отвараш наоѓаш РАТЛУК од тој сиромашниот што го опишав погоре. Све паѓа у тебе.
И за пифтии, урла све низ куќа, одеднаш глеаш сомнителни меса, чапунки, коленици, зглобови, нос од свиња, опаш, кур од вепар, лукови мукови, една цела соба зафатена пошто таму не се грее и е доволно ладна да ги држи цврсти пифтиите. И имаш 2-3-4 дневно форсирање на тоа јадење, закоравен фрижидер од миризбата, рандом чичко, вујко, дедо што ти дошол на гости ти збори у уста доека мљацка улоен лукосан опаш и плука живи коски од уста и ти кажува како ова е најздраво нешто што може да постои и дека ние младите неаме поима. Не се исклучува и можноста да боцне една коцка и таква растресена да ти ја носи накај тебе, пробај бе пробај, а ти бегаш како да си на егзорцизам.
Се протнува и хумор како ова е пудинг од свиња. ехехеухеуахуаеухеа смеје се грокче ојдумре.
Секако кога сме на темата најздраво нешто за јадење, никогаш ама апсолутно никогаш не се заборава да се спомене свинска маст намачкана на леб и наросена со буковец. Тоа било светско јадење за нив на времето, едноставно се давеле у тоа.
Фонија добива у уши од што му свири притисокот од пифтија и чварки но сепак тоа било природно и здраво а не ова ние што сме јаделе купечко кој ти знае што ни пакуваат.