Пост на кој сте се изнасмеале

Надвор од темата, но ти очигледно не си пробал Крушевски локум..прекрасно убав, сакаш со ореви, аронија, малина, кајсија..има многу разни видови на локум..но како што велат, разни луѓе, разни вкусови.
Трошење на калории на турско благо е тежок грев :popce:
Тие Крушевските сум ги пробал од многу локации, со се можно, и на крај пак се сведува на рандом благо со структура како желе и внатре забодено парче јатки/овошје.
Автоматски споено мислење:

Забораил и пакетче Локум да им стави, оние од 10 денара што се мали у такви хартиени кутивчиња со језива и старовремска слика од ружа, турско ѓезве и кафе во него. Локум aка Ратлук, најглупо благо во историјата на човештвото. Од гробишта на гробишта се појавува и постои доека не ја изгуби сопствената трага во темен дел од плакарот. До следната Задушница кога магично се појавува заедно со останатите рандом евтини курципалци што никој нормален човек не знае кај стојат у продавница.
Да беа повозрасни и цигари 57ца :D
 
Локум е блага верзија од пача тој што јаде пача има не секоиа ама да што сакаат и локум помалце ама има и чоколокум тој доага како пача повеке на месо
 
Извини @pozdrav eden topol , мислев дека не си ја разбрала реченицата за моите споредби, но ти прашуваш што е јадливо и дали постои ко збор.

Јадливо постои ко збор во македонскиот јазик и означува нешто што се јаде.
Придавка.
 
Надвор од темата, но ти очигледно не си пробал Крушевски локум..прекрасно убав, сакаш со ореви, аронија, малина, кајсија..има многу разни видови на локум..но како што велат, разни луѓе, разни вкусови.

И Швајцарски да е, локум е. Глупости.
 
So mu fali be na lokumot kako blago za so tursko kafe ili pak na piftijata , ne e dovolno zapadnoevropski za vas od visokiot stalez :mad: .
Трауми од детството Владе.

Стрепаш за благо, идеш низ куќа тарашиш (прв се среќавам со зборов у пишана форма), бараш све и свашта и на крај ги прашуваш домашните, еј абе има нешто благо и добиваш одговор ете има у висачи. И очекуваш да има некои колачи, чоколада, нешто слично, отвараш наоѓаш РАТЛУК од тој сиромашниот што го опишав погоре. Све паѓа у тебе.

И за пифтии, урла све низ куќа, одеднаш глеаш сомнителни меса, чапунки, коленици, зглобови, нос од свиња, опаш, кур од вепар, лукови мукови, една цела соба зафатена пошто таму не се грее и е доволно ладна да ги држи цврсти пифтиите. И имаш 2-3-4 дневно форсирање на тоа јадење, закоравен фрижидер од миризбата, рандом чичко, вујко, дедо што ти дошол на гости ти збори у уста доека мљацка улоен лукосан опаш и плука живи коски од уста и ти кажува како ова е најздраво нешто што може да постои и дека ние младите неаме поима. Не се исклучува и можноста да боцне една коцка и таква растресена да ти ја носи накај тебе, пробај бе пробај, а ти бегаш како да си на егзорцизам.

Се протнува и хумор како ова е пудинг од свиња. ехехеухеуахуаеухеа смеје се грокче ојдумре.

Секако кога сме на темата најздраво нешто за јадење, никогаш ама апсолутно никогаш не се заборава да се спомене свинска маст намачкана на леб и наросена со буковец. Тоа било светско јадење за нив на времето, едноставно се давеле у тоа.

Фонија добива у уши од што му свири притисокот од пифтија и чварки но сепак тоа било природно и здраво а не ова ние што сме јаделе купечко кој ти знае што ни пакуваат.
 
Стрикото.
 
Или у сред снег на -15 дошол на Свети Јован у 9 саат сабајле да јаде пифтија и да пие ракија у влечки чик куманово. Не му е ладно. Воли.

Ова новото меме им е најјако. :D

1643372180279.png

1643372201615.png
 
Фонија добива у уши од што му свири притисокот од пифтија и чварки но сепак тоа било природно и здраво а не ова ние што сме јаделе купечко кој ти знае што ни пакуваат.
Ова :(

Умира среќен на 63 години после преживеани 12 инфаркта и вградени 48 стентови. Сите се чудат од што така наеднаш отишол и со теории се иде дека илуминати го егзекутирале зашто во младоста кога му ја предавал штафетата на Тито , видел дека маршалот имал тетоважа во форма на триаголник.
 
Зошто не сум се родил како Саша Матиќ или Стиви Вондер да не морам да ги читам постовите на one warm greeting...
...пази што посакуваш, можеби желбата да ти се исполни,
стисни „игнор“ побезбедно е за здравје!
Одамна сакав ова да им го пишам :D
Евентуално резерва да им бидат Ина Многуфина и Фроси Фро и да им пишуваат коментари:
Браво срц, секогаш директна, им го плесна у фаца!111!!!11
аааааа знаменосецот е женска? а јас ја терам на стадион, срам да ми е!
 
Да ви дадам малку контекст, од постот кој го цитирала некако сфатила дека јас сум женско. Во една друга тема ме нарече ни помалку ни повеќе знаменосец wow. Фантастично резонирање морам да признаам. Еве дури и поздрав ми лупна тажна реакција за мисловниот процес на другарка и :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom