Ама обратното не е спорно?
Oбратно, гените се тие кои се прецизно дефинирани - гледано од аспект на ДНК секвенционирање (и тука дефинитивно нема простор за дискусија).
Земјите/државите се сѐ само не се прецизно дефинирани.
Прво имаш намерно создавање на држави со границите такви да опфаќаат повеќе различни етнички ентитети... Сѐ со цел да бидат полесно контролирани преку
раздели и владеј доктрината.
Второ, идентитетот е резултат од воспитувањето и културата во која се живее. Генетски Словени стави ги во друга средина и културно ќе се асимилираат во поглемата заедница. Милион примери има, нам ете најблиски ни се примерите со Македонците. Македонците во Грција (од кои денес голем дел се гледаат себеси како Грци). Или Македонците муслимани овде, кои се повеќе себеси се гледаат како Албанци (дури и Турците се асимилираат во истиот идентитет). Македонците во Бугарија, кои денес голем дел се изјаснуваат како Бугари... Па и самите Бугари кои се со идентитетска дисфорија дека се Татари. Итн, итн...
Татарите се ~75% европски генотип и ~25% азијатски. Културно може да бидат било што. Првенство религијата им била шаманистичка, на некои сеуште им ѐ. Поголемиот дел преминале во христијанство или ислам. Тие што живеат во Русија или биле дел од Русија, прв јазик им е Рускиот... Слична е состојбата и со Казакстан, и со куп други Стан држави. Во Казакстан во последните децении работат на зајакнувањет на националниот идентитет (иронично, благодарение на работата на странските НВО-а).
Слично е и со Украина. Украинците културно/јазично се поблиски со Русите отколку ние со Бугарите. Генетски се повеќе Словени отколку што самите Руси се, а различен идентитет имаат многу покасно од нас Македонците (и само делумно).
Тоа се фактите, без разлика на (гео)политиката и интересите на TPTB... Но веројатно премногу loose ends оставив, би требало сега да очекувам некој cherry picking.