Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    678
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.753
Поени од реакции
8.291
Затоа што моментално Русија има голема шанса да ја подели Украина и да си направи тампон зона спрема било какво евентуално понатамошно ширење на НАТО на територијата на Украина.
И да добие минимум 20 милиони бедници кои имаат 60% помал стандард од нив, инфраструктура во која не е инвестирано 30 години и демографска катастрофа. А да и рапидна милитаризација на сите преостанати погранични држави и најверојатно примораност следни 10-20 години да ги поминат во средување на внатрешни проблеми додека се под максимална изолација од запад, а притоа сеуште немаат доволно развиена инфраструктура кон исток и југ.

Зошто кога може да им ги даде на ЕУ и НАТО и нека им даваат они по неколку милијарди евра годишно само за опостојуваат. Ако не сакаат повеќе да ги хранат нека ги остават да пропаднат и Русите тогаш ќе ги лапнат за џабе.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.887
Поени од реакции
14.381
Не разбирам што е за тебе спорно

Дека Словените се од етнички аспект комплетно не-дефинирана група?
Дека Словените и номадските татарско-монголско-ирански номадски групи имаат врски кои се протегаат со милениум наназад и историски дури и нивните современици не знаеле каде почнува едната група а каде завршува другата ( истото важи и за Германците и Балтите)?
Дека територијата на Казакстан била населена со апсолутно мнозинско словенско население па до некаде 1980та година?

И таа лингвистичка група на народи понатаму има огромни преклопувања и со Германците, Балтите и Иранците.

Еве ти уште еден пример за сличноста помеѓу Ирански и Чешки ( и тоа модерен, не со старословенски):

И кога имаш ти ваква огромна мешавина на етнички групи, преклопувања на лингвистички групи, недефинирана далечна историја со недоверливи извори и историска наклонетост на асимилација и претопување на поразените народи, можеш да си ја вртиш приказната на која сакаш страна и да оформиш каква сакаш пропаганда.

Можеш да претставиш се од Берин до Таџикистан како еден народ со повеќе гранки, па до смртни непријатели кои 3000 години се борат за превласт на Централна Евро-Азија.
Словенските земји се прецизно дефинирани и тука нема простор за дискусија. А, за словенските гени нема начин како да дефинираме освен ДНК тестови и жолти траки за сите.

Спорни се две работи: произволното групирање на земји во руската „матица“ и истовременото плукање по западниот империјализам, а величење на рускиот империјализам.
 
Член од
30 јануари 2022
Мислења
109
Поени од реакции
224
Секогаш онака ноншалантно а во суштина многу расипано се поставува обратната поставка а тоа е дали сакате да бидате дел од западниот свет или не?
Тоа е толку безобразно да секој кој ќе поставу такво прашање се разголува на почеток на дискусијата.
Вистинското прашање е дали западниот свет ска да бидеме дел од него на рамноправна основа?
Инаку дел од запдниот свет мнооооогу пред нас биле и правите Американци од двата континента па сите Африканци и добар дел од Азија.Резултатите ги знаеме иако според нивото на разиеност тие неим претставувале никаква закана.
Украинците во западниот свет можат да бидат третирани само како Антирусија.Таа улога им е за нив напишана и тоа е крај.
Алтернатива на тоа е да бидат тоа што се ,слободни Словени ,над кој Западот ќе прави огромни проблеми да ги спречува во развојот.
Тоа е вистинската дилема- дали ќе бидат робови и ќе живеат во малечката куќичка до господарскиот двроец или ќе бидат слободни и ќе живеат заедно со своите браќа па што им даде судбината.
Тоа е за лажната дилема.
Тоа апсолутно не е на тебе да решиш туку на Украинците. Ако Украинците сакаат да бидат дел од западниот свет, па дури и како поневажни од другите, тоа е повторно нивно право. Инаку се науживаа другите народи од заеднички живот во палатата со браќата Руси. Прашај ги Полјаците да видиш што ќе ти речат. Подобро треторазредни во Европа, отколку во палатата со Русите. Па скоро да нема друг народ во Европа кој може толку цинично и со презир да се однесува кон своите сојузници како што тоа го можат Русите.

Ти живееш во измислен свет.
Автоматски споено мислење:

И да добие минимум 20 милиони бедници кои имаат 60% помал стандард од нив, инфраструктура во која не е инвестирано 30 години и демографска катастрофа. А да и рапидна милитаризација на сите преостанати погранични држави и најверојатно примораност следни 10-20 години да ги поминат во средување на внатрешни проблеми додека се под максимална изолација од запад, а притоа сеуште немаат доволно развиена инфраструктура кон исток и југ.

Зошто кога може да им ги даде на ЕУ и НАТО и нека им даваат они по неколку милијарди евра годишно само за опостојуваат. Ако не сакаат повеќе да ги хранат нека ги остават да пропаднат и Русите тогаш ќе ги лапнат за џабе.
Алтернативата на Русите им е да остават да расне влијанието на западот врз Украина, во секоја можна смисла, но најважно економски и воено. Моментално Украина е хаос и лесен воен плен, за 5 години работите можат драстично да се сменат. Тоа е целата причина зошто Путин реши да го затвора украинското прашање токму сега.
 
Последно уредено:
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.753
Поени од реакции
8.291
Словенските земји се прецизно дефинирани и тука нема простор за дискусија. А, за словенските гени нема начин како да дефинираме освен ДНК тестови и жолти траки за сите.

Спорни се две работи: произволното групирање на земји во руската „матица“ и истовременото плукање по западниот империјализам, а величење на рускиот империјализам.
Јас лично ќе немав некој поголем проблем со Западниот Империјализам да не беше директно против нашите интереси. И нормално дека ќе плукам по Западниот Империјализам кога во нашиот регион е манифестиран преку колонијалните творби Грција и во поново време Косово за да не опресираат и држат под контрола. Западниот Империјализам во последните 150 години помагаше на наша окупација, на етничко чистење, уфрлање на групи за тероризирање на населението, економско и секакво општествено руинисување, итн ...

Да гаиш какви било симпатии кон државите кои ти организирале ГЕНОЦИД пред помалку од 100 години, тоа е дефиниција на лудост.

Нека сменат утре страна Британците, Французите и Германците и нека ги расформираат Грција и Косово, нека ни ги дадат Егејска и Пиринска Македонија, нека ги бомбардираат Грците кои ќе се спротистават со напалм, нека ни дадат 200 милијарди евра во грантови и кредити без камата и ќе веам мали ЕУ и НАТО знаменциња насекаде.

Нема што да се смени не е ова 1970-80-90 кога САД и Западна Европа заедно биле 50%+ од светскиот БДП ( плус Јапан, Канада и Австралија и накај 60%+ оделе) додека на врат имале само неколку помали сиромашни држави како Грција и Португалија. Денеска ситуацијата е комплетно сменета, државите кои треба да ги хранат се намножија а државите кои треба да бидат житниците се се послаби и послаби.

Ниту ЕУ ниту САД ги немаат ниту парите ниту способностите да хранат и развиваат 30 милионска држава која буквално се распаѓа на секое поле. Да ги имаа финансиите и можностите веќе ќе го направеа тоа веќе во претходните колку 7 години и ќе имаа комплетна пропагандна победа. Еве веќе пред 2 недели ЕУ им пратија финансиска помош од 1.3 милијарди Евра. Од следната година кога ќе нема повеќе ниту транзит ниту Руски гас, кој ќе купува енергенси за држава од 30 милиони која има Советски систем на енергетика? Што ЕУ и САД ќе даваат по неколку милијарди евра секоја година да обезбеди само греење преку зима?

Се што се случува е САД да пробуваат да се ослободат од огромната финансиска обрска наречена Украина а притоа да направат најголема можна штета.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.384
Поени од реакции
36.320
Рускиот одговор на писмото од САД. Внимателно да се прочита оти многу кажува.

Од текстот би нагласил два дела.

The U.S. and NATO responses to our proposals received on 26 January 2022 demonstrate serious differences in the understanding of the principle of equal and indivisible security that is fundamental to the entire European security architecture.

И вториот дел.

The very essence of the agreements on indivisible security is that either there is security for all or there is no security for anyone.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.763
Поени од реакции
26.327
Затоа што моментално Русија има голема шанса да ја подели Украина и да си направи тампон зона спрема било какво евентуално понатамошно ширење на НАТО на територијата на Украина.
Украина таква каква што е сега нема да влезе во НАТО. НАТО не прима земји со нерешено територијално прашање. Глуп ти е аргументот
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.413
Поени од реакции
47.004
Toa e pravilo so mnogu lesno mozhe da go smenat.
Може да го сменат само ако Украина ги прежали тие делови. Во спротивно, што фајде има Нато од територија која не ја контролира.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.071
Поени од реакции
30.826
Спорни се две работи: произволното групирање на земји во руската „матица“ и истовременото плукање по западниот империјализам, а величење на рускиот империјализам.
Ама обратното не е спорно? :LOL:

Словенските земји се прецизно дефинирани и тука нема простор за дискусија. А, за словенските гени нема начин како да дефинираме освен ДНК тестови и жолти траки за сите.
Oбратно, гените се тие кои се прецизно дефинирани - гледано од аспект на ДНК секвенционирање (и тука дефинитивно нема простор за дискусија).

Земјите/државите се сѐ само не се прецизно дефинирани.
Прво имаш намерно создавање на држави со границите такви да опфаќаат повеќе различни етнички ентитети... Сѐ со цел да бидат полесно контролирани преку раздели и владеј доктрината.

Второ, идентитетот е резултат од воспитувањето и културата во која се живее. Генетски Словени стави ги во друга средина и културно ќе се асимилираат во поглемата заедница. Милион примери има, нам ете најблиски ни се примерите со Македонците. Македонците во Грција (од кои денес голем дел се гледаат себеси како Грци). Или Македонците муслимани овде, кои се повеќе себеси се гледаат како Албанци (дури и Турците се асимилираат во истиот идентитет). Македонците во Бугарија, кои денес голем дел се изјаснуваат како Бугари... Па и самите Бугари кои се со идентитетска дисфорија дека се Татари. Итн, итн...

Татарите се ~75% европски генотип и ~25% азијатски. Културно може да бидат било што. Првенство религијата им била шаманистичка, на некои сеуште им ѐ. Поголемиот дел преминале во христијанство или ислам. Тие што живеат во Русија или биле дел од Русија, прв јазик им е Рускиот... Слична е состојбата и со Казакстан, и со куп други Стан држави. Во Казакстан во последните децении работат на зајакнувањет на националниот идентитет (иронично, благодарение на работата на странските НВО-а).

Слично е и со Украина. Украинците културно/јазично се поблиски со Русите отколку ние со Бугарите. Генетски се повеќе Словени отколку што самите Руси се, а различен идентитет имаат многу покасно од нас Македонците (и само делумно).

Тоа се фактите, без разлика на (гео)политиката и интересите на TPTB... Но веројатно премногу loose ends оставив, би требало сега да очекувам некој cherry picking.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.322
Поени од реакции
1.160
Тоа апсолутно не е на тебе да решиш туку на Украинците. Ако Украинците сакаат да бидат дел од западниот свет, па дури и како поневажни од другите, тоа е повторно нивно право. Инаку се науживаа другите народи од заеднички живот во палатата со браќата Руси. Прашај ги Полјаците да видиш што ќе ти речат. Подобро треторазредни во Европа, отколку во палатата со Русите. Па скоро да нема друг народ во Европа кој може толку цинично и со презир да се однесува кон своите сојузници како што тоа го можат Русите.

Ти живееш во измислен свет.
Автоматски споено мислење:

Алтернативата на Русите им е да остават да расне влијанието на западот врз Украина, во секоја можна смисла, но најважно економски и воено. Моментално Украина е хаос и лесен воен плен, за 5 години работите можат драстично да се сменат. Тоа е целата причина зошто Путин реши да го затвора украинското прашање токму сега.
Русите и Украинците не се сојузници тоа е ист народ кој заедно живее во иста држава повеќе од илјада години а заедно живеат од кога е светот и векот.
Се до државниот преврат 2014 година Украина беше дел од ЗНД(сега е тоа замрзнато) што значи Русите и Украинците само сега во последниве 7 години не се во некое заедништво.
За да бидеш сојузник со Русија треба да имаш држава и да бидеш друг народ и во одреден момент да имаш заедничка цел или непријател.
Русите и Полјаците не можат да бидат сојузници тоа се братски народи и само такви односи можат да градат.
Кон кој тоа сојузник Русите се однесувале со презир?
Кон Романците ,...Французите Англичаните,....
Како се однесуваат Американците Англичаните и Колективниот Запад кон своите сојузници?
Мора да се направи споредба за да се види што е лошо а што добро.
Замислете ја оваа Заевистичка парола....седум години не им тргнало ама еве сега во наредниве пет ќе им тргне. па ќе ја растурат Русија па затоа Русија мора сега да ја подели Украина.
На Русија никаков противник не и е Украина,тоа е сто пати кажано,тку Русија мораше да биде доволно силна за да ја ослободи Украина од Западната окупација па затоа и требаше време да воспостави надмоќ на тој дел од светот кој е до нејзините граници и не е одалечен 10 000 километри од нејзе.
Автоматски споено мислење:

Toa e pravilo so mnogu lesno mozhe da go smenat.
Можат Америте тоа да го сменат се разбира но ако го сменат тоа ќе значи дека се во толку тешка стратешка состојба да сега тоа е далеку од видеокруг.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.763
Поени од реакции
26.327
Toa e pravilo so mnogu lesno mozhe da go smenat.
Ако сакаат, а тешко дека ќе сакаат. Моментално ќе им е товар Украина. Мака ќе мачат да ја зауздаат Украина у НАТО да се чепка со Русија. Додека вака вон НАТО поише им се исплати да им прават проблеми на Русите и да ги тапшаат по рамо нацистите.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.322
Поени од реакции
1.160
Сите ние сме Словени.Само два дела од словенскиот народ Словенците и Словаците го задржале изворното словенско име.
Рускиот одговор на писмото од САД. Внимателно да се прочита оти многу кажува.

Од текстот би нагласил два дела.

The U.S. and NATO responses to our proposals received on 26 January 2022 demonstrate serious differences in the understanding of the principle of equal and indivisible security that is fundamental to the entire European security architecture.

И вториот дел.

The very essence of the agreements on indivisible security is that either there is security for all or there is no security for anyone.
Ова се позициите на Русија константно.
ОБСЕ и нејзиниот оснивачки акт ја регулираат неделивоста на европската безбедност и нкој нема право на сметка на другиот да создава европска небезбедност.
Тоа ти е исто како сега да почне да се вооружува Германија по 5000 тенка и 500 авиони годишно и да вели дека тоа е нејзина одлука и тоа ја зајакнува нејзината безбедност.
Русија толку јасно го изложува својот став и тоа дека меѓународното право во однос на светската безбедност ако сакаме да има вистински мир мора да има предност пред суверените одлуки на државите.Тоа се правни аргументи кои пак во реалноста немаат никаква врска со реалните стремежи на националните доктрини на суперсилите.
Што им треба тоа ќе позајмат од правото за да ги остварат цели и науми.
Тонот и инсистирањето е тоа што покажува дека Русија не е инфериорна.Тој што е инфериорен бргу заборава на својот дел од правните аргументи.
Правните аргументи се важни само во делот кога ќе се потпишува некој договор тогаш ќе мора да се повика на некој меѓународни принципи и правила.

Рускиот одговор на писмото од САД. Внимателно да се прочита оти многу кажува.

Од текстот би нагласил два дела.

The U.S. and NATO responses to our proposals received on 26 January 2022 demonstrate serious differences in the understanding of the principle of equal and indivisible security that is fundamental to the entire European security architecture.

И вториот дел.

The very essence of the agreements on indivisible security is that either there is security for all or there is no security for anyone.
Ова се позициите на Русија константно.
ОБСЕ и нејзиниот оснивачки акт ја регулираат неделивоста на европската безбедност и нкој нема право на сметка на другиот да создава европска небезбедност.
Тоа ти е исто како сега да почне да се вооружува Германија по 5000 тенка и 500 авиони годишно и да вели дека тоа е нејзина одлука и тоа ја зајакнува нејзината безбедност.
Русија толку јасно го изложува својот став и тоа дека меѓународното право во однос на светската безбедност ако сакаме да има вистински мир мора да има предност пред суверените одлуки на државите.Тоа се правни аргументи кои пак во реалноста немаат никаква врска со реалните стремежи на националните доктрини на суперсилите.
Што им треба тоа ќе позајмат од правото за да ги остварат цели и науми.
Тонот и инсистирањето е тоа што покажува дека Русија не е инфериорна.Тој што е инфериорен бргу заборава на својот дел од правните аргументи.
Правните аргументи се важни само во делот кога ќе се потпишува некој договор тогаш ќе мора да се повика на некој меѓународни принципи и правила.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.887
Поени од реакции
14.381
Јас лично ќе немав некој поголем проблем со Западниот Империјализам да не беше директно против нашите интереси. И нормално дека ќе плукам по Западниот Империјализам кога во нашиот регион е манифестиран преку колонијалните творби Грција и во поново време Косово за да не опресираат и држат под контрола. Западниот Империјализам во последните 150 години помагаше на наша окупација, на етничко чистење, уфрлање на групи за тероризирање на населението, економско и секакво општествено руинисување, итн ...

Да гаиш какви било симпатии кон државите кои ти организирале ГЕНОЦИД пред помалку од 100 години, тоа е дефиниција на лудост.

Нека сменат утре страна Британците, Французите и Германците и нека ги расформираат Грција и Косово, нека ни ги дадат Егејска и Пиринска Македонија, нека ги бомбардираат Грците кои ќе се спротистават со напалм, нека ни дадат 200 милијарди евра во грантови и кредити без камата и ќе веам мали ЕУ и НАТО знаменциња насекаде.
Значи немаш проблем со империјализмот пер се?

Ама обратното не е спорно?
Апсолутно е спорно.

Ама обратното не е спорно? :LOL:

Oбратно, гените се тие кои се прецизно дефинирани - гледано од аспект на ДНК секвенционирање (и тука дефинитивно нема простор за дискусија).

Земјите/државите се сѐ само не се прецизно дефинирани.
Прво имаш намерно создавање на држави со границите такви да опфаќаат повеќе различни етнички ентитети... Сѐ со цел да бидат полесно контролирани преку раздели и владеј доктрината.

Второ, идентитетот е резултат од воспитувањето и културата во која се живее. Генетски Словени стави ги во друга средина и културно ќе се асимилираат во поглемата заедница. Милион примери има, нам ете најблиски ни се примерите со Македонците. Македонците во Грција (од кои денес голем дел се гледаат себеси како Грци). Или Македонците муслимани овде, кои се повеќе себеси се гледаат како Албанци (дури и Турците се асимилираат во истиот идентитет). Македонците во Бугарија, кои денес голем дел се изјаснуваат како Бугари... Па и самите Бугари кои се со идентитетска дисфорија дека се Татари. Итн, итн...

Татарите се ~75% европски генотип и ~25% азијатски. Културно може да бидат било што. Првенство религијата им била шаманистичка, на некои сеуште им ѐ. Поголемиот дел преминале во христијанство или ислам. Тие што живеат во Русија или биле дел од Русија, прв јазик им е Рускиот... Слична е состојбата и со Казакстан, и со куп други Стан држави. Во Казакстан во последните децении работат на зајакнувањет на националниот идентитет (иронично, благодарение на работата на странските НВО-а).

Слично е и со Украина. Украинците културно/јазично се поблиски со Русите отколку ние со Бугарите. Генетски се повеќе Словени отколку што самите Руси се, а различен идентитет имаат многу покасно од нас Македонците (и само делумно).

Тоа се фактите, без разлика на (гео)политиката и интересите на TPTB... Но веројатно премногу loose ends оставив, би требало сега да очекувам некој cherry picking.
И како според сето ова ти би класифицирал кои се Словени, а кои не се?
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.753
Поени од реакции
8.291
Значи немаш проблем со империјализмот пер се?
Imperialism is a policy or ideology of extending rule over peoples and other countries,[2] for extending political and economic access, power and control, often through employing hard power, especially military force, but also soft power
Дали имам проблем со оваа дефиниција на империјализам. НЕ. Да напоменам само дека империјализам и колонијализам се комплетно различни поими.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom