Путин утре да рече и Кинезите се Словени и за тоа ќе најдете оправдување.
Не разбирам што е за тебе спорно
Дека Словените се од етнички аспект комплетно не-дефинирана група?
Дека Словените и номадските татарско-монголско-ирански номадски групи имаат врски кои се протегаат со милениум наназад и историски дури и нивните современици не знаеле каде почнува едната група а каде завршува другата ( истото важи и за Германците и Балтите)?
Дека територијата на Казакстан била населена со апсолутно мнозинско словенско население па до некаде 1980та година?
И таа лингвистичка група на народи понатаму има огромни преклопувања и со Германците, Балтите и Иранците.
Еве ти уште еден пример за сличноста помеѓу Ирански и Чешки ( и тоа модерен, не со старословенски):
И кога имаш ти ваква огромна мешавина на етнички групи, преклопувања на лингвистички групи, недефинирана далечна историја со недоверливи извори и историска наклонетост на асимилација и претопување на поразените народи, можеш да си ја вртиш приказната на која сакаш страна и да оформиш каква сакаш пропаганда.
Можеш да претставиш се од Берин до Таџикистан како еден народ со повеќе гранки, па до смртни непријатели кои 3000 години се борат за превласт на Централна Евро-Азија.